НЕКАДЕ ПОМЕЃУ ВДИШУВАЊЕТО И ИЗДИШУВАЊЕТО, ОТКРИЈТЕ ЈА ВАШАТА ДИМЕНЗИЈА
НЕКАДЕ ПОМЕЃУ ВДИШУВАЊЕТО И ИЗДИШУВАЊЕТО, ОТКРИЈТЕ ЈА ВАШАТА ДИМЕНЗИЈА
Петок, 19 Декември 2008 04:38
Природно дишење
Во повеќето вежби кои ги користи чи-кунгот, се советува да се дише на нос. Во внатрешноста на носот се наоѓаат ситни влакна и слуз, кои помагаат во фаќање на сите нечистотии, бактерии и загадувачи. Некои од овие штетни материи се проголтуваат, и така се отстрануваат од респираторниот тракт.
Другите се отстрануваат од носот преку издувување на носот, кивање и течење. Бидејќи слузницата содржи голем број на капилари и бели крвни зрнца, бактериите заробени во слузта се уништуваат. При вдишување воздухот се топли, како последица на крвта која поминува во него, како и поради заостанатиот воздух при издишувањето.
На психичко ниво, дишењето преку нос ја зголемува медитативната свесност. Затоа, при практикувањето на медитациите, треба да се дише на нос поради убавото и пријатно чувство кое практикантот го чувствува. Природно, доколку страдате од синусна инфекција, течење на носот или која било друга околност што го отежнува дишењето, тогаш дишете на уста или која било комбинација (нос – уста) што ќе ви овозможи удобна и непречена респирација.
Основата на здравото дишење во чи-кунгот е “природното дишење”. Природното дишење уште се вика стомачно или дијафрагмино дишење. При вдишување, дијафрагмата контрахира и притоа се придвижува надолу, при што го турка стомакот кон надвор. Оваа појава го зголемува волуменот на белите дробови, создавајќи вакуум, при што воздухот влегува во белите дробови. При издишувањето, дијафрагмата се релаксира и придвижува кон горе, стомакот се вовлекува навнатре и го истиснува воздухот надвор. Па така, при вдишување абдоменот расте, при издишување абдоменот се собира. Ова е еден од најефикасните и природни начини на дишење. Со абдоминалното дишење се создава поголем простор за ширење на белите дробови, во однос на градното дишење. Ова значи дека поголем волумен на кислород ќе се размени во белите дробови. Покрај ова, ширењето и собирањето на абдоменот ги масира внатрешните органи.
Меѓутоа, читателите не треба да го сметаат абдоминалното дишење како дишење во кое работи само стомакот, а градите се неподвижни. Здравото дишење претставува дишење каде дишењето се прилагодува на потребите на телото. Во која било аеробична активност, градите и абдоменот ќе се движат со цел дишењето да биде побрзо и подлабоко. Треба на телото да му ја обезбедиме природната реакција, во зависност од активноста која ја обавува. Дури и во периодот на најдлабока смиреност, градите се слободни да се шират, иако нивното движење е мало и нежно. Повеќето од движењата, при тивката респирација, остануваат на абдоменот, додека, за да се примети движење на градите, потребна е голема концентрација.
При абдоменалното дишење, респирацијата обично е спора и релаксирана. Просечната респирација кај возрасните, при одмарање е 16 дишења во минута. Кај некој што е ментално и физички релаксиран, бројот на вдишување и издишување во една минута треба да изнесува околу 5 дишења. Со ова, не сакам да ве советувам да дишете толку бавно, особено после некоја физичка работа, туку кога телото целосно ќе се опушти, а мозокот ќе биде смирен, тогаш би требало овој број да изнесува 5. За несреќа, повеќето од нас, дури и при идеални услови не се чувствуваат удобно да дишат полека. Дишењето, се чини, исто како и мозокот, постојано брзаат. Затоа чи-кунгот првенствено се концентрира на едукација (преку ментални и физички вежби) на телото, умот и дишењето.
Клучот за успешното природно дишење е во нефорсирањето на дишењето. Природното дишење е начин на којшто децата дишат. Погледнете го само стомакот на бебињата при вдишување и издишување. Нивниот абдомен расте при вдишување и се собира при издишување. Децата ја немаат научено уникатната вештина на возрасните – да и се спротивставуваат на природата.
Верувајте и на природата да ве води во начинот на дишење. При абдоменалното дишење разликуваме шест квалитативни норми: споро, долго, длабоко, течно, подеднакво и мирно.
Споро значи споро вдишување и издишување.
Долго значи дека респирацијата е долга и непречена.
Длабоко се однесува на здивот и чи-то, кои влегуваат длабоко во центарот на телото.
Течно значи неиспрекинато и тивко.
Подеднакво претставува балансирано дишење, и мирно се однесува пред сè на состојбата во која се наоѓа мозокот, поточно фокусирање на мозокот во сегашноста, ослободен од вишокот мисли и проблеми.
Забележете ги и четирите стадиуми на дишење: вдишување, запирање на дишењето помеѓу вдишувањето и издишувањето, издишување и природната пауза која се појавува помеѓу издишувањето и повторното вдишување. Не обидувајте се да пролонгирате ни еден од овие стадиуми, туку едноставно набљудувајте ги.
Фасцинантно е да се забележи дека дишењето не го чинат само вдишувањето и издишувањето. Можете ли да му дозволите на дишењето да оди по неговиот природен пат, да издишете без напор, или имате несвесна реакција на туркање на воздухот надвор?
Дали по издишувањето се чувствувате вознемирени или не му верувате на телото дека повторно ќе земе воздух?
Дали се трудите да го контролирате процесот на природно дишење? Дали можете да му дозволите на вдишувањето да се појави тогаш кога на телото му е потребно најмногу, без намера да го контролирате?
Во религиозната литература издишувањето често се споредува со креацијата:
„Господ рече: Нека биде светлост, и светлината се појави.
Тој /Таа го употреби гласот, здивот и намерата, издишувајќи го универзумот.“
Вдишувањето се споредува со разлoжување на универзумот, повлекување на креацијата назад во космичката утроба.
Помеѓу вдишувањето (јин) и издишувањето (јанг), ние сме во состојба на не двојна свесност, повеќе прифатлива како непозната димензија за самите себеси и светот во кој живееме.
| Следно > |
|---|








