logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Кафето - задоволство и болка

Кафето - задоволство и болка

Четврток, 02 Октомври 2008 05:35

91
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(26 гласа, просек 4.73 од 5)
Дали е подобро да се откажете или да го поминете животот со лекови или уште полошо?

80% од светското население има навика да консумира кофеински пијалаци. Кафето е најраширен пијалак од типот стимулативни пијалаци. Употребата на кафето се оправдува со подобрувањето на расположението, на менталната способност и физичката активност. Уште првата минута откако ќе се испие утринското кафе, луѓето се „разбудени“, се чувствуваат поостроумни и подготвени за работа.

Но истовремено кај многу пијачи на кафе не само што се буди умот туку се будат и цревата, така што денот им почнува со елиминирање и ослободување на цревната содржина. Навистина, вака гледано, кафето би бил идеален легален лек за подобрување на менталната состојба, за слабеење и за губење калории. Но сепак, како и сите други лекови, и кафето има несакани ефекти.

КАФЕТО ГО ЗГОЛЕМУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ ЗА 10%

Покрај добро познатиот кофеин, кафето содржи стотици други фармаколошки активни супстанции. Во зрното од кафето се откриени две супстанции, кафестол и кевеол (кахњеол). Тие се одговорни за покачениот холестерол кај кафепијачите, и тоа не само тоталниот холестерол туку особено лошиот ЛДЛ холестерол и триглицеридите. Покачениот холестерол е околу 10%, но кога се пијат појаки типови кафе, холестеролот може да се покачи и до 23%.
Потребно е да сте логирани како член за да го прочитате целиот напис.
{reg}Зголемениот холестерол е добра причина за фатален срцев удар, така што оние што пијат од 4 до 9 шолји кафе во текот на денот се регрутираат за едни од срцевите болни. Имено, ако се покачи нивото на холестеролот во крвта за 10%, шансите да се добие срцев удар се зголемени за 20 до 30%. Ако се земе предвид фактот дека лековите што се препишуваат за намалување на нивото на холестеролот во крвта го намалуваат холестеролот за 10%, тогаш можеби е поисплатливо да се откажете од кафето отколку да земате лекови за намалување на холестеролот.
За среќа, кога се прави низ филтер, филтерот има способност да ги задржува супстанциите од кафето што знаат да го зголемат нивото на холестеролот во крвта. И инстант кафето е така произведено што е ослободено од овие супстанции. Така, оние што пијат филтер или инстант кафе, донекаде се „заштитени“ од негативното дејство на кафето како напивка, поточно го намалуваат ризикот од зголемување на нивото на холстеролот во крвта и со тоа ризикот од срцев удар.
Не значи дека декофеинизираното кафе, кафе што нема кофеин, е ослободено од супстанциите што го зголемуваат холестеролот во крвта, па и не ве заштитува така како што си претставуваат повеќето луѓе. Сепак кафето без кофеин ќе ги намали нервозата и несоницата што ги предизвикува кофеинот.
Но има уште нешто: ако не го зголемувате нивото на холестеролот во крвта со пиење филтер кафе и инстант кафе, не значи дека сте заштитени од срцев удар или од мозочен удар, затоа што кафето го зголемува и крвниот притисок, кој исто така води до срцеви и до други кардиоваскуларни заболувања.

ЗГОЛЕМЕНИОТ КРВЕН ПРИТИСОК

Кафето доведува до стегање (констрикција) на крвните садови, а со тоа доаѓа до покачување на крвниот притисок и до срцебиење. Така кажано, истата минута од пиењето на сварената напивка наречена кафе, и систолниот и дијастолниот притисок се зголемуваат за 5 до 10 мм живин столб. 150 мл кафе содржи околу 150 мг кофеин, супстанција што има особина да го зголемува крвниот притисок. Но и декофеинираното кафе го зголемува крвниот притисок бидејќи и другите супстанции што ги содржи зрното кафе имаат способност да го покачуваат притисокот.
Најголемиот ефект на кафето како покачувач на крвниот притисок се гледа по консумирањето на првото кафе, и тоа по првата голтка. Потоа неговото дејство е послабо, така што по второто и по третото кафе се бележи помал скок на крвниот притисок. Но ноќе, кога не се пие кафе, чувствителноста на организмот кон кафето се обновува и утринското кафе повторно го покажува најголемиот ефект при подигањето на крвниот притисок. Кафето не создава „толеранција“ на организмот, како што веруваат некои луѓе дека кај оние што имаат навика да пијат поголемо количество кафе организмот „се навикнува“ и не доаѓа до покачување на крвниот притисок.
Просечно, кај луѓето што пијат кафе крвниот притисок се покачува од 2 до 4 мм жива. Намалувањето на крвниот притисок од 2 до 3 мм жива со најчесто препишуваните лекови се смета за терапија што игра голема улога во спасувањето на животот на луѓето. Според некои истражувања, намалувањето на крвниот притисок за 2 мм жива го намалува ризикот од срцев удар за 7%, а ризикот од мозочен удар се намалува за 10%. Значи, според горните податоци, ако се престане со пиењето кафе, кај поголем дел од популацијата процентот на срцевите удари ќе се намали за 17%, а процентот на мозочните удари за 20%.

КАФЕТО ГО ГОРИ ВАШИОТ ЖЕЛУДНИК

Кафето, без разлика дали е со или без кофеин, го иритира желудникот со тоа што го стимулира лачењето на желудочната киселина. Од друга страна, кафето го онеспособува горниот желудочен сфинктер, кој спречува дел од желудочната киселина да се најде во долниот дел на хранопроводникот со што се предизвикува иритација и печење под градите. Ваков ефект на кафето не му дава кофеинот, туку некои други супстанции што ги содржи, па воопшто не е важно дали се пие кафе со или без кофеин. За среќа, податоците не покажуваат некоја особена поврзаност меѓу појавата на чир на желудникот и кафето кај повеќето пијачи на кафе.

ДРУГИ ПРИЧИНИ ЗА ДА СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД КАФЕТО

Има многу други причини за да се откажете од кафето Тоа се: аритмиите на срцето, нервозата, треморот, главоболката, бојосувањето на забите, чкрипењето со забите, стегањето односно грчењето на вилицата, инсомнијата, честото мокрење, зголемениот очен притисок (глаукома), дијарејата, остеопорозата и многу други проблеми со здравјето. Кога ќе се соберат сите овие постојни и можни проблеми, тогаш навистина треба да се донесе одлука и да се престане со консумирањето на оваа „вознемирувачка“ напивка.

НО КАКО ДА СЕ ПРЕСТАНЕ?

Пиењето кафе често ги прави луѓето „робови“ на лоша навика, па поради тоа откажувањето знае да биде често болна и тешка работа. Главоболката, нерасположението, депресијата и сонливоста се најчести симптоми што се јавуваат кога се апстинира од пиењето кафе. Се јавуваат по 12 до 16 часа и може да бидат најинтензивни по 24 до 48 часа. Но целата оваа тешкотија на откажување трае не повеќе од една недела.Постојат два начина да се откажете од кафето. Првиот начин е за оние што имаат поголема самодоверба. Знаејќи ги сите податоци што ги наведовме погоре, се подготвени да се судрат и да го решат проблемот едноставно престанувајќи да пијат кафе. Решени се да ги издржат можните главоболки и другите „откажувачки“ симптоми, но сепак не е грев ако се земе некој аналгетик во текот на „критичната недела“. За сето тоа ќе имаат уште поголема мотивација кога ќе престанат болките во желудникот, честите ноќни мокрења и кога ќе се подобри сонот.

Другиот начин на откажување од кафето е полесен и може да биде резервиран за оние на кои им треба некаква помош за да преземат таков подвиг. Имено, замената за кафето што се нуди како различни напивки може да биде од голема корист. Кафето од житарки и слично е добар избор. Може да биде корисно и поминувањето на чаеви што немаат кофеин, истовремено поради присуството на некои корисни фитохемикалии, како што се антиоксидансите. Како и да е, ако решите да пиете чаеви што сепак содржат кофеин, можеби нема да имате ефект при стабилизацијата на крвниот притисок, но нема да предизвикувате зголемување на нивото на холестеролот во крвта. Потоа постепено може да почнете да пиете чаеви што не содржат кофеин.

Кога зборуваме за кафето и кога ги соопштуваме фактите за неговото дејство, станувате свесни за тоа колку многу сте моќни да ја контролирате својата судбина, а со тоа и здравјето, и колку можете да бидете слободни, силни и самоуверени преземајќи вистински чекори за ваше добро.{/reg}

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.