logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Чинии на здравјето

Чинии на здравјето

Четврток, 02 Октомври 2008 05:49

92
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(13 гласа, просек 4.77 од 5)

8-ка ја отвора можноста за соработка со вас, поради што ве покануваме да и ги понудите вашите ВЕГЕТАРИЈАНСКИ – ВЕГАН рецепти на нашата читателска публика. Со задоволство ќе бидат објавени во нашите наредни броеви и потпишани со името на авторот.

Компирот е една од најшироко прифатената храна во светот, која многупати досега го спасила човештвото од глад. Евтина храна е, а сепак богата со хранливи материи потребни на човечкиот организам. Начинот на подготовка на компирот дозволува широка креативност. Компирот може да се јаде печен, варен, пржен, (што не е препорачливо во здравиот начин на исхрана). Меѓу најздраво подготвените јадења со компир се јадењата од варен компир. Пирето од компири е омилено јадење особено за децата. Но и неговата подготовка треба да е таква, што на компирот треба да му се дозволи да ја истакне својата позитивна страна како храна, а не да се посипува со врело масло или да се меша со разни „подобрувачи“ на компировиот вкус, кои се мрсни и ја уништуваат неговата хранливост од една страна и го загрозуваат нашето здравје од друга страна.

ПИРЕ ОД КОМПИРИ СО ПЕЧУРКИ ВО СОС

Ова јадење се подготвува многу брзо за вас или за вашите ненадејни гости, кои дошле за време на ручекот. За негова подготовка ви се потребни само дваесетина минути. Пирето од компири и печурките во сос можете да ги подготвувате истовремено.
За подготовка на јадењето ви е потребно:
-3 - 4 поголеми компири,
-1 децилитар соино млеко,
-1 тегла маринирани шампињони,
-2 моркова,
-малку ленено семе,
-две супени лажици хопла за сос,
-една рамна супена лажица бело брашно,
-зачини по вкус.

Излупените компири и исечкани на четвртинки или уште поситно, ставете ги во тенџере да се варат.
Во друго тенџере ставете ги претходно исплакнатите печурки од тегла и налејте ги со вода, (водата треба да ги покрие печурките, односно еден прст над нив), и ставете ги на оган да зовријат. Морковите насечкајте ги на тенки тркалца или на ситни коцки, (како за руска салата), и додајте ги на печурките да провријат. Додајте и половина лажиче ленено семе. Сето тоа нека врие петнаесетина минути на средна температура, да се вари полека.
Во помал сад ставете го брашното и налејте го со хопла за сосови, додајте уште малку ладна вода и убаво измешајте ја смесата додека не стане хомогена. Тргнете го тенџерето со печурките од огнот и додајте го растворот со хоплата со постојано мешање. Тенџерчето повторно вратете го на тивок оган уште пет минути. Додајте зачин по желба – биозачин, црн пипер, малку буковец, наросете малку сув рузмарин и сечкан свеж магдонос.

Компирите, кои се сварени во меѓувреме, тргнете ги од огнот и истурете две третини од водата. Потоа изгмечете ги со толчник. На недоизгмечените компири додајте го млекото од соја и повторно гмечете. За да добие пирето пенест изглед, можете да употребите и миксер. На крајот посолете го со биозачин (може и со вегета), малку црн пипер и несолено гомасио (зачин од сусам).

Сервирајте го пирето на чинија и озгора наронете му малку тофу.

Пирето со печурките во сос се јаде со изобилие свежа салата од сезонски зеленчук.

КОЛЕКЦИЈА ВЕГАН ПАШТЕТИ

Во овој број ви нудиме три рецепти за брзо подготвување вегетаријански - ВЕГАН домашни паштети, кои можете да ги чувате во обичен фрижидер по неколку дена и да се јадат за појадок или за вечера, намачкани на леб, или како додатоци на некое друго јадење. Предноста на овие паштети во однос на купените вегетаријански паштети е што се свежи и без конзерванси. Истовремено, домашните вегетаријански паштети не содржат хомогенизирани масти, кои се додаваат често на паштетите што се продаваат како вегетаријански.

Паштета од печурки:

2 лесно обарени моркова,
едно гранче брокула и
100 грама маринирани печурки
се миксираат во бледнер со 3 – 4 лажици соино млеко додека не се добие хомогена смеса, односно паштета. Паштетата се зачинува со биозачин по вкус, со ситно сечкан магдонос, црн пипер и буковец по желба.
Се чува неколку дена во фрижидер во стаклен, добро затворен сад.

Паштета од ориз:

100 грама (еден поголем филџан) интегрален ориз се обарува и се цеди. Се обаруваат два моркова, една китка карфиол и еден филџан грашок, (ако е конзервиран грашокот, не мора да се обари).
Целата смеса (без оризот), се миксира во блендер и се меша со оризот, се додава сол по вкус, биозачин, ситно сечкан магдонос и црн пипер.
Паштетата се јаде без леб или се мачка на тенки парчиња интегрален леб.

Паштета од грав:

200 грама грав, еден кромид, два моркова и две зелени пиперки исчистени од семето. Сето тоа се вари во вода во која може да се додаде половина кафено лажиче ленено семе. Сварената смеса се цеди од водата во која се варела. Пиперките се чистат од лушпата и се враќаат во претходната содржина. Се додава еден филџан соино млеко, малку сок од лимон и сето тоа се миксира во блендер. На крајот се зачинува со сол по вкус, со суво нане, буковец и малку биозачин.

Подготовката на овие паштети дозволува, по ваша желба, да додадете некој друг зеленчук или зачин што ќе го задоволи вашиот вкус.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.