Припадност
Припадност
Среда, 17 Септември 2008 06:45
КАДЕ ПРИПАЃАМЕ?
Зошто мора да ги одвојуваме природата и модерното современо општество и зошто мора да ги гледаме одделно?
Сета нормална појава и убавина е во нивното единство наречено современа општествена природа или современо природно општество. Како би се рекло со еден збор-убаво здраво постоење...
Ајде да зборуваме и да му погледнеме в очи на тоа што ни се случува сега. Односно, живееме во време на огромна понуда на готови производи што ни го олеснуваат животот, но потоа за нив ни велат, а и самите стануваме свесни, дека ни штетат на здравјето. Воопшто не ми е драго кога во трката на современото брзо живеење и сите проблеми во него, ќе чујам дека си штетам себеси и на моето семејство.
Им благодарам и им честитам на сите што ни укажуваат и што дејствуваат во насока на подобро живеење, меѓутоа каде се сите тие да се навратат на тоа како живееле порано, а и да влезат во него, односно да го преживеат повторно. Тој момент е сега. Каде се сите тие сега, во можните многубројни организирани форми на дејствување?
Потребно е да сте логирани како член за да го прочитате целиот напис.
{reg}Можеме да почнеме од најмладите со нашето навремено квалитетно дејствување. Би требало, не само да чекаме некој нешто готово да ни понуди, туку и да побараме и да стимулираме некого да дејствува за подобра, поквалитетна заедничка корист. Да му понудиме можност некому, на некој интелигентен ум и ентузијаст да ни помогне токму со неговата понуда на квалитетна детска организација на дејствувањето. Секој сегашен момент е вистинско време да дејствување со нешто ново и подобро.
Зошто е потребно некој да се издвојува, да е “специфичен” со својата грижа за себе, па тогаш да кажеме дека се грижи за својот квалитетен здрав живот. Зошто е потребно тоа негово поинакво дејство кај другите да се одрази во непријатно чувство дека тие, другите, прават нешто погрешно и на своја штета.
Секако, би било многу подобро сите меѓусебно да се погледнеме и да се прифатиме со сето наше различно живеење. Во ред се сите наши искуства со кои се носиме и со кои исчекоруваме кон нашиот поквалитетен животен циклус.
Се радувам што ќе припаѓам во “Детските пупки”, се радувам што сите заедно, големите и малите големи личности ќе постоиме и гордо ќе градиме нова етапа на животот.
Па така, во име на убавиот и квалитетен живот, мошне значајно и суштествено е да ја имаме можноста за свесен избор на припадност. Карактеристично е дека возрасниот во својот развоен циклус во кој живее и се наоѓа е во предност во однос на малите суштества-децата. Тие, пак, иако се во својот ран развоен циклус, сепак се интуитивно мудри и желни за припадност во позитивно стимулативна средина.
Човештвото посакува припадност во средина во која нормално се спроведува мултипликативната можност за избор. Секој би ја посакал „Детската пупка“ како топла социо- емоционална средина, посакувана припадност, место за соработка, за развој на позитивно чувство на вредност, на почит и самопочит. Колку посакува малото детско суштество ваква „Детска пупка“ во која ќе може со радост да ги расцвета и развива сите свои квалитети на успешна и здрава личност.
Манифестен доказ за тоа е професионално разработената програма во секој нејзин елемент, односно секоја нејзина цел, задача, содржина и активност што дава плод, развиен детски квалитет. Еден вреден развиен квалитет како што е и позитивното чувство на припадност во модерното и здраво општествено уредување.
А за да се припаѓа, треба и да постои нешто и некој што ќе ни ја понуди. Повелете во светот на „Детските пупки“ како место во кое ќе ја почувствувате и од каде ќе ја носите вашата убава припадност.
Што мислите: “Можете ли да се обидете и дали ќе си дозволите да припаѓате?”{/reg}
| < Пред | Следно > |
|---|








