logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва и видео записи

Следни настани

  • КНИГА:
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • Едномесечна обука за лекување со храна според „ПРОГРАМ Д-р БИБАН“
  • Еднодневни едукативни групни и поединечни средби
  • 10-дневен летен одмор 2010
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ВО ПОТРАГА ПО ВИСТИНАТА ЗА НАШИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Напишано од 8ka Вторник, 01 Декември 2009 23:22

Д-р ЈАДРАНКА БИБАН – специјалист по гинекологија и акушерство,

експерт и едукатор за лекување на болестите со храна и со здрави животни навики.

Средно образование завршува во Скопје – Гимназија Никола Карев,

1990 година дипломира на Медицинскиот Факултет во Скопје,

1998 година завршува специјализација по гинекологија и акушерство на Медицинскиот Факултет во Скопје.

 

Д-р Јадранка Бибан, како резултат на своето долгогодишно искуство во медицината и непосредна пракса со пациенти, во својата практика ја воведе методата на лекување и превенција на болестите со храна. Врз база на истражувањата и континуираната надградба во својата професија, Д-р Бибан верува дека луѓето можат да изгледаат многу подобро, да се чувствуваат многу поздраво и да се ослободат од болестите само преку промена на нивните животни навики, пред се преку промена на начинот на исхрана. Многу луѓе го уништуваат своето здравје само заради лошите навики во исхраната и последиците од тоа ги чувствуваат во намалениот квалитет на својот живот.

 

Д-р Бибан е основач на проектот „8-КА“ чие што мото гласи:

„ВО ПОТРАГА ПО ВИСТИНАТА ЗА НАШИТЕ ГЕНЕРАЦИИ“

и опфаќа истражувања за значењето на исхраната во животот на луѓето, значењето на здравите животни навики и нивно практикување во секојдневието. Истовремено потрагата по вистината значи откривање на вистината за фармакобизнисот, медикобизнисот, бизнисот со нездрава храна, маркетинг заблудите преку кои се манипулира со луѓето и со нивното здравје, откривање на вистината за намерните пропусти во науката, манипулациите со населението од страна на здравствените системи и здравствената политика и сл.

 

Остварувањето на целите на проектот се одвива преку:

- Веб страницата и е-весник,
- Активностите на Здружението за Здравствена Едукација и Екологија  „8-КА“,
- ТВ емисија „8-КА“ чиј автор и главен уредник е Д-р Јадранка Бибан,
- Месечно списание 8-КА чиј главен уредник е Д-р Јадранка Бибан.

 

Д-р Јадранка Бибан е основач на програмата „Д-р Бибан“ која е едукативна програма во траење од 20 дена и преку која пациентите се едуцираат како да ги воведат и да ги практикуваат новите животни навики пред се исхраната со што постигнуваат значително подобрување на нивното здравје. Резултатите од практикување на програмата се гледаат во стабилизирање на нарушените биохемиски процеси во организмот, што се потврдува со стабилизирање на биохемиските параметри во крвта, намалување на вишокот телесна тежина, но најважно од се, со бенефитот од повлекување на посериозните болести со континуирано намалување и ослободување од лековите.

 

Д-р Бибан е еден од првите доктори на нашиве простори кои отворено зборуваат за значењето на традиционалната или Хипократ Медицина, во лекувањето на тешките болести како и за потребата од воведување на исхраната како основна терапевтска метода во лекувањето на хроничните болести. Ваквиот став во однос на медицината и исхраната, во светот се повеќе и повеќе се прифаќа како резултат на многубројните медицински истражувања и резултатите кои го потврдуваат тоа.

Следно >

Актуелен број 25

  • aktuelen broj
    Архива на издадени броеви

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Флуорираното млеко за децата е :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

SiFu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни
членови и посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

gorska

zepter

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2010. Сите права се задржани.;