Ќе поскапи месото???

Постави одговор


Ставете го кодот како што го гледате на сликата, кодот е осетлив на ГолемИ и маЛи букви.Само потсетување 0 нула не постои во кодот.
Смешковци
:D :) ;) :( :o :shock: :? 8-) :lol: :x :P :oops: :cry: :evil: :twisted: :roll: :!: :?: :idea: :arrow: :| :mrgreen: :geek: :ugeek:
BBCode-от е Вклучен
[img] е Вклучен
[flash]-от е Исклучен
[url] е Вклучено
Смешковците се Вклучени
Поглед на тема
   

Издолжен поглед Поглед на тема: Ќе поскапи месото???

Re: Ќе поскапи месото???

Тема од zlatkoris на 27 Maр. 2009 01:20

Ти благодарам за одговорот.

Re: Ќе поскапи месото???

Тема од ДрБибан на 24 Maр. 2009 15:04

Златкорис,
Одговорот на твоето прашање, всушност во голем процент се содржи во самиот текст кој си го напишал. Многу работи од тоа се точни. Меѓутоа, најпрво месото не треба да се консумира заради тоа што месото не спаѓа во храна која е природна за човечкиот организам. Значи ниту анатомијата, ниту физиологијата на човечкиот организам не упатува на тоа дека природата го дизајнирала човечкото тело така што би требало да се одржува со месната храна. Тоа не значи дека во одредени ситуации, и човекот не би можел да консумира месо, како во услови на намалена „понуда“ на растителна храна, но тоа е само за периодот на „преживување“. Она што денес човекот направи, е сосема обратното: месото го стави на прво место, односно секојдневно се консумира како да е природна храна за човекот, а растителната храна ја стави на последно место. На ваквото НЕПРИРОДНО однесување на човекот, реагира природата, која се загадува и страда од преисцрпеност заради екстремно производство на месо, страдаат и животните кои се третираат само како храна и ништо повеќе, но страдаат и оние (сиромашни народи), чии житарки наместо да им послужат за храна се одземаат за да се товат фабричките животни. Но, кој страда најмногу? Страда човекот, односно неговото здравје, заради неприродниот начин на исхрана на човекот. Е сега тука може да се редат сите хронични болести како што се дијабетес, срцеви болести, дегенеративни болести, карциноми и уште многу други, а секако дека страда и човечката свест, затоа што за чист разум и способност за расудување на работите, човечкиот мозок има потреба од ПРИРОДНА ЗА ЧОВЕКОТ храна. И така повторно кругот се затвора: многу месо во исхраната на човекот - нарушено здравје - нарушена животна средина - страдање на животните - сиромашни нации - ниска свест.
Се додека не се освестат многу помасовно луѓето за тоа каде е грешката и причината за страдање на сите овие фактори наброени предходно, ќе се живее во маѓепсаниот круг.

Re: Ќе поскапи месото???

Тема од zlatkoris. на 23 Maр. 2009 18:04

Имам неколку прашања во врска со месото, доколку сака некој може да одговори на нив.
Ме интересираат причините поради кои некои луѓе престанувааат да конзумираат месо.
Дали се работи само за следниве причини: поради тоа што месото има одредено штетно влијание врз нашето здравјето,
потоа за да не се убиваат животните, поради тоа што глобално со зголеменото конзумирање на месо се зголемува сиромаштијата во земјите посебно во африка каде што милиони умираат како последица на лош квалитет на живот и др.
Конкретно ме интересира дали некој мисли или верува дека со конзумирањето на месо се влијае на нашата днк и
со тоа се разбира на нашата свест односно перцепција се разбира негативно. И да тоа влијае значително на свеста,
односно значително се намалува она што можеме да го перцепцираме и почуствуваме.
И да ова влијае така на луѓето што тие ги перцепцираат нештата од некое пониско ниско ниво на свест.
Односно да ова влијае така да многу малку од работите што се околу нас да можеме да ги донесеме пред вниманието на нашата свест.

Re: Ќе поскапи месото???

Тема од danka на 11 Maр. 2009 10:41

Дај Боже да поскапи, што повеќе! Така, верувам, поголем пристап ќе имаме до ушите на оние кои сега никако не сакаат да ја слушнат вистината за месото. И не само месото - цигарите и алкохолот! Се сеќавам, негде околу 1992-93год. бев во Англија, околу 3 недели. Тогаш цената на цигарите таму (ако не се лажам, но 99% сум сигурна дека) беше 5 фунти! Било кои, било какви цигари! Од пред некое време имав податок дека 1 фунта е околу 100 ден. (во тоа време 1 фунта беше околу 3 германски марки). Замислете, значи, цена на цигарите - 500ден. за кутија! :lol:
И да е претерано 500ден., нека е барем 350ден.! Па да видам после кој ќе купува цигари! И тоа -цената на цигарите да биде дигната на начин што за секоја кутија цигари ќе се плаќа посебен данок којшто би одел во посебен фонд...
А за месото - истата идеја не е лоша. Само проблемот е што луѓето ВЕРУВААТ - СЕ УБЕДЕНИ дека мора да го јадат месото бидејќи е добро за нив!!! Уфффф!
Па дури и да го јадат, ете - нека го јадат, но барем за почеток - барем да ги намалат КОЛИЧИНИТЕ во кои го конзумираат, да го намалат ТИПОТ на месото кое го конзумираат (да исклучат сувомеснати производи, конзерви, паштети итн.), да станат свесни што се има во месото (сум слушала дека касапите во "свежото" месо вшприцуваат нитрити/нитрати за да изгледа свежо и црвено), да не зборуваме за хормоните и лекарствата кои се даваат на животните. И, ете, нека го јадат, но барем да бидат свесни на тоа, та барем малку (по малку) да прават ограничувања.
Знам луѓе кои се навистина големи "месари." Како бивш пушач, знам дека целото време дури сум пушела сум била свесна дека тоа не е баш за мене, и кога тогаш ќе престанам. И како бивш месојадач - многу пати ми се случувало да ми се згадува од месото, и всушност ТОА, а не здравствените причини, биле вистинската причина поради која престанав да јадам месо. Но слушајќи сега свои роднини, пријатели и познаници колку СТРАСНИ пушачи се, слично на тоа - колку СТРАСНИ месари се, мислам дека не треба да си дозволам да мислам дека оставањето на месото, како и на цигарите, е толку "лесно" за другите, како што било за мене (не дека било баш и толку лесно - една година откако ги оставив цигарите - го дишев димот на пушачите околу мене,... иако денес сум страстен антипушач; а откако го оставив месото - најмногу ме привлекуваа куленот и пршутата, со нивната арома и зачини, и најтешко одолејував на нив - но одолејував; сега не можам да смислам да ги ставам во уста).
Од таа причина, што констатирав дека луѓето се навистина различни во своите страсти и зависности, и сите се различни карактери, но и со различни генетски предиспозиции, ЕТЕ, нека јадат месо, ЕТЕ, нема да го негирам пред другите месото онака како што јас чувствувам, но барем можам да кажам што содржи денешното месо, што содржат преработките од месо, колку се претерува во количините изедено месо (секојдневно конзумирање!), па белким, некои, барем малку ќе се оправат!
Ако некој којшто себеси се сметал за голем месар, и му било несватливо дека може да се откаже од ниту еден залак од своето сакано месо, ако некој таков - на ваков начин - успее да го НАМАЛИ конзумирањето на месото, не мора целосно да го исфрли, тоа е ДОБАР ЧЕКОР НАНАПРЕД. Таквата личност ќе сфати дека нејзините првобитни толку цврсти ставови, всушност и не биле толку цврсти и вистинити, и можеби, еј - овие што волку зборат за месото - се во право и за уште некои работи!

Re: Ќе поскапи месото???

Тема од milenazafirovska на 11 Јан. 2009 22:47

Za zal lugeto seuste se ubedeni deka mesoto im e neophodno za "zdrav zivot" pa i poskapnato ke go kupuvaat, a sto e poloso za da mozat da si go dozvolat mozebi ke si skratat duri i od ona malku ovosje i zelencuk koi sega gi konzumiraat.

Re: Ќе поскапи месото???

Тема од MAРЈАН на 22 Дек. 2008 08:25

СЕ СЛОЖУВАМ ДА ПОСКАПИ МЕСОТО - БЕЛКИ ТАКА ЌЕ СЕ ОПАМЕТИМЕ ДА НЕ ГО ЈАДЕМЕ!

Ќе поскапи месото???

Тема од ДрБибан на 05 Дек. 2008 13:15

Деновиве на телевизија можевме да слушнеме дека заради економската криза ќе поскапат и некои прехрамбени производи меѓу кои најмногу месото. На таква можност укажаа и домашните фармери. Производството на месо поскапува, затоа се покачува и цената на месото. Но, дали има потреба од толкаво производство на месо? Со самото тоа што во економска криза најпрво е погодено производството на животинската храна, не е ли тоа порака од природата дека прекумерното јадење на производи од животинско потекло е една од причините за криза на општеството и на здравјето на луѓето?
Можеби е време да се сменат навиките на однесување, пред се навиките на исхрана на „модерните“ луѓе...

Кон врв

cron