од ДрБибан на 17 Oкт. 2008 23:57
ДАЛИ ВЕЌЕ НЕ ИЗЕДЕ ЛАМЈАТА НАРЕЧЕНА „ПОМАГАЊЕ НА ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ"
16 милијарди долари се средства кои се одобрени од богатите земји за намалување на светската сиромаштија. Вакви средства се одобруваат многу често, а наспроти тоа, гладот во светот расте. Секоја година имаме сè поголем број гладни луѓе и цели гладни нации. Оправдувањата за тоа зошто гладот во светот станува сè поизразен ни се опишуваат како последица на растот на бројот на светското население од една страна и исцрпувањето на природните резерви од друга страна.
Сепак, растот на гладното население не е заради пораст на населението во целина туку заради пораст на потребата од уште поголемо богатење на малата „избрана група“ светски лидери кои ја вршат „светската распределба“ на природни и општествени добра. Гладот во светот нема никогаш да се победи со издвојување на средства за „помош“ на гладните затоа што тоа е дел од процесот за „правење гладни нации“, кои ќе бидат доведени до состојба да дадат сè од себе и деноноќно да работат за да опстанат во живот. Рецептот за правење на сиромашни нации е секогаш ист, само малку се модифицира зависно од потребите на светските владетели и од приликите на земјата каде се спасува населението од глад. Дали сме и ние нација која е ставена во процесот на осиромашување до изгладнување?
Либерализацијата, приватизацијата и транзицијата, многу земји ги однесе во сиромаштија. Затоа воопшто не е чудно што има сè повеќе такви кои ги оспоруваат правилата на игра во денешната светска економија.
На удар се особено Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската Банка, главни алки на новото империјалистичко делување. Имено тие со своите строги мерки ја зголемуваат сиромаштијата во земјите кои се должници, предизвикуваат економска и финансиска криза. Затоа има сè повеќе побарувања да се укинат овие светски економски регулатори. Пред сè затоа што се однесуваат како инструмент на надворешните политики на најмоќните држави.
Нобеловецот Едвард Прескот тврди дека денес единствена задача на Светската Банка и ММФ е да одобруваат сè поголеми заеми на земјите кои се во криза, и тоа го споредува со давање на дрога на оној кој е зависен од кокаин. Со други зборови, ММФ и СБ создаваат современо лихварско ропство. Како се работи тоа, покажа угледниот американски новинар Грегори Паласт, колумнист на британскиот Обсервер и репортер на ББС кој со години наназад ги истражува темните страни на глобализацијата...
Денес со светот владеат трговци и банкари. Тие ништо не создаваат, но се вградуваат во работата на другите. Нивното вградување траело илјади години, а опстанале затоа што функционирале на принципите на династии и на братства. Така живеат со векови. Денес нивен пазар е целиот свет и тие се креатори на ГЛОБАЛИЗМОТ и на НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК
Тие ја одредуваат цената на трудот – на производите, услугите, цената на парите, на златото и на лебот, но и цената на забавата: на глумците, на фудбалерите, на тенисерите...(за што подобро да ги заглупуваат поданиците и да им го контролираат слободното време).
За да можат да го контролираат пазарот и протокот на стоки и пари во целиот свет, државните граници им се препрека, до колку тие граници и самите не ги создале правејќи марионетски влади и вештачки нации. Тоа е стариот принцип: ДИВИДЕ ЕТ ИМПЕРА
Нивната главна производна единица е ТРАНСНАЦИОНАЛНАТА КОРПОРАЦИЈА.
Нивното главно и прикриено оружје е ДИРЕКТНИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ. Тоа им овозможува да бидат секаде, во секоја работа, вградени во секое работење, во сите делови на светот. Тие денеска го проценуваат трудот на стотици милиони луѓе во светот. Само гладните но и лакомите „риби“ доброволно влегуваат во нивната мрежа и мамат и ловат за нив. Но кој еднаш ќе се заплетка во нивната мрежа, не може да излезе од неа, бидејќи нема да има знаење, умеење и сила да се прехрани и да се одржи во живот. РАБОТАТА ВО МРЕЖАТА ОСТАНУВА ЕДИНСТВЕНОТО РЕШЕНИЕ.
Некои веруваат дека со доброволно влегување во МРЕЖАТА стасуваат во дворските одаи и самите стануваат владетели. Во старо време тие се викаа ДВОРСКИ БУДАЛИ. И на нив им се смееле најмногу.
И после сè, многумина кога ќе ги прочитаат овие информации ќе ги отфрлат и ќе ги наречат лаги и измислици. Секако, на таков начин функционира човечкиот мозок и психа.
Дали ние луѓето не сакаме да прифатиме дека поседуваме можност потпирајќи се на своите сопствени ментални, психички и интелектуални способности, да проценуваме, да заклучуваме и одлучуваме, а не за нас тоа да го прави некој друг (поединци, општествени структури, црква...) да ни ги наметнува своите мислења и заклучоци во поглед на сè што нè засега и не нè засега, а ние сè што треба да направи е да им ВЕРУВАМЕ.
А зошто треба да им се верува на нивниот збор? Можеби затоа што секојдневно толку многу нè силуваат во мозокот што полека но сигурно почнуваме да му веруваме многу повеќе на било кој друг отколку на самите себеси, на своите сопствени убедувања и внатрешни чувства, на сопствените инстинкти.