Дај Боже да поскапи, што повеќе! Така, верувам, поголем пристап ќе имаме до ушите на оние кои сега никако не сакаат да ја слушнат вистината за месото. И не само месото - цигарите и алкохолот! Се сеќавам, негде околу 1992-93год. бев во Англија, околу 3 недели. Тогаш цената на цигарите таму (ако не се лажам, но 99% сум сигурна дека) беше 5 фунти! Било кои, било какви цигари! Од пред некое време имав податок дека 1 фунта е околу 100 ден. (во тоа време 1 фунта беше околу 3 германски марки). Замислете, значи, цена на цигарите - 500ден. за кутија!
И да е претерано 500ден., нека е барем 350ден.! Па да видам после кој ќе купува цигари! И тоа -цената на цигарите да биде дигната на начин што за секоја кутија цигари ќе се плаќа посебен данок којшто би одел во посебен фонд...
А за месото - истата идеја не е лоша. Само проблемот е што луѓето ВЕРУВААТ - СЕ УБЕДЕНИ дека мора да го јадат месото бидејќи е добро за нив!!! Уфффф!
Па дури и да го јадат, ете - нека го јадат, но барем за почеток - барем да ги намалат КОЛИЧИНИТЕ во кои го конзумираат, да го намалат ТИПОТ на месото кое го конзумираат (да исклучат сувомеснати производи, конзерви, паштети итн.), да станат свесни што се има во месото (сум слушала дека касапите во "свежото" месо вшприцуваат нитрити/нитрати за да изгледа свежо и црвено), да не зборуваме за хормоните и лекарствата кои се даваат на животните. И, ете, нека го јадат, но барем да бидат свесни на тоа, та барем малку (по малку) да прават ограничувања.
Знам луѓе кои се навистина големи "месари." Како бивш пушач, знам дека целото време дури сум пушела сум била свесна дека тоа не е баш за мене, и кога тогаш ќе престанам. И како бивш месојадач - многу пати ми се случувало да ми се згадува од месото, и всушност ТОА, а не здравствените причини, биле вистинската причина поради која престанав да јадам месо. Но слушајќи сега свои роднини, пријатели и познаници колку СТРАСНИ пушачи се, слично на тоа - колку СТРАСНИ месари се, мислам дека не треба да си дозволам да мислам дека оставањето на месото, како и на цигарите, е толку "лесно" за другите, како што било за мене (не дека било баш и толку лесно - една година откако ги оставив цигарите - го дишев димот на пушачите околу мене,... иако денес сум страстен антипушач; а откако го оставив месото - најмногу ме привлекуваа куленот и пршутата, со нивната арома и зачини, и најтешко одолејував на нив - но одолејував; сега не можам да смислам да ги ставам во уста).
Од таа причина, што констатирав дека луѓето се навистина различни во своите страсти и зависности, и сите се различни карактери, но и со различни генетски предиспозиции, ЕТЕ, нека јадат месо, ЕТЕ, нема да го негирам пред другите месото онака како што јас чувствувам, но барем можам да кажам што содржи денешното месо, што содржат преработките од месо, колку се претерува во количините изедено месо (секојдневно конзумирање!), па белким, некои, барем малку ќе се оправат!
Ако некој којшто себеси се сметал за голем месар, и му било несватливо дека може да се откаже од ниту еден залак од своето сакано месо, ако некој таков - на ваков начин - успее да го НАМАЛИ конзумирањето на месото, не мора целосно да го исфрли, тоа е ДОБАР ЧЕКОР НАНАПРЕД. Таквата личност ќе сфати дека нејзините првобитни толку цврсти ставови, всушност и не биле толку цврсти и вистинити, и можеби, еј - овие што волку зборат за месото - се во право и за уште некои работи!