Витамин Б12 - Последно упориште на оние кои сакаат да јадат месо
Напишано од 8ка Четврток, 20 Ноември 2008 03:23
Дефицит на витамин Б12 е податокот кој стана последното упориште на луѓето кои премногу сакаат да јадат месо. Луѓето секогаш настојуваат да ги бранат своите навики да јадат одредена храна или да пијат некои пијалаци. Кога станува збор за одредена храна која е посочена како нездрава или неприродна храна за луѓето, тогаш љубителите на истата постојано ја нагласуваат потребата да се консумира такавата храна, која обично е проследена со некакви „квази вистини“, за здравствените потреби на човекот кои се поврзани со нејзиното консумирање.
И повторно: „луѓето секогаш сакаат да слушаат добри работи за нивните лоши навики“.
Сепак, добро информираните луѓе повеќе не веруваат дека млекото е најдобриот извор на калциум за луѓето, или дека месото е потребно за да се задоволат потребите од протеини. Откога се распадна ваквото потенцирање на важноста на млекото и на месото, витаминот Б12 стана топ тема, секогаш кога се зборува за вегетаријанскиот начин на исхрана.
„Омниворите го обезбедуваат витаминот Б12 од месото кое го јадат, па заради тоа оние кои одбрале начин на исхрана без месо, се предодредени да заболат од некоја од болестите кои се последица на недостатокот на овој витамин...?“
Во ова има мала трошка вистина, но сепак постои и една друга вистина, а тоа е дека болестите кои се резултат на недостаток на витамин Б12 се премногу ретки, помалку од еден случај на милион луѓе.
Оние кои ја проучуваат здравата исхрана, знаат дека витаминот Б12 е единствениот факт на кого ќе се потпираат поддржувачите на месото и млекото како храна (не само оние кои сакаат да ги јадат овие производи, туку и оние кои профитираат од нивното производство).
| < Пред | Следно > |
|---|





