logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва и видео записи

Следни настани

  • КНИГА:
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • Едномесечна обука за лекување со храна според „ПРОГРАМ Д-р БИБАН“
  • Еднодневни едукативни групни и поединечни средби
  • 10-дневен летен одмор 2010
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Дишењето е процес на живиот свет

Напишано од Си-фу Предраг Петрески Четврток, 20 Ноември 2008 03:53

148
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(1 глас, просек 5.00 од 5)

ПРАВИЛНО ДИШЕЊЕ ЗНАЧИ ПРАВИЛНО ЖИВЕЕЊЕ

Здрав начин на дишење

“Господ во носот на Адама му го вдахна здивот на животот и Адам стана живо битие” – од Библијата.

Зборот чи - кунг многу често се преведува како “вежбање на дишењето”. Ова секако дека има смисла, поради тоа што буквалниот превод на “чи” е воздух или дишење. Тоа всушност претставува процес, каде што со внесување на воздухот во нашето тело преку дишењето, ние всушност ги снабдуваме нашите клетки со кислород, кој со согорување на храната дава енергија потребна за одвивање на сите животни функции.

Свесното и правилно дишење е основа во активното и пасивно чи кунг вежбање. При вдишување, свеж воздух од околината се внесува во белите дробови во кои настанува врзување на кислородот со црвените крвни зрнца (хемоглобинот), и истиот преку крвта се носи до клетките и ткивата. При издишување на јаглерод диоксид, кој исто така се носи преку крвта до белите дробови, се ослободува и исфрла како нечист производ надвор од телото. Една од главните цели при вежбањето на “чи-кунгот” е одржување на непречен баланс на оваа размена, така што целото тело ја прима енергијата која му е неопходна. Многу е важно да се напомене дека ефикасното здраво дишење во исто време не подразбира длабоко дишење. Погрешно е тврдењето според кое со ширењето на градната шуплина човекот праќа многу повеќе кислород до клетките. Всушност, рапидното градно дишење создава состојба каде кислородот се врзува многу силно за хемоглобинот и многу малку од него се ослободува во клетките.

Снадбувањето со кислород повеќе би зависело од квалитетот на дишењето и ефикасноста во дишењето, отколку од квантитетот на воздухот земен во белите дробови. Како што подоцна ќе видиме, доколку навиките во дишењето се оскудни, респирацијата се зголемува, со цел за праќање на исто количество на кислород до клетките, земено за период од една минута. Ваквото забрзано дишење всушност ја троши виталната енергија од телото, за разлика од здравото дишење кое ја зголемува виталноста и ја подобрува општата состојба на организмот. Абдоминалното чи-кунг дишење овозможува и најситните капилари да се снабдат со крв, односно со кислород, а со тоа и со животната енергија позната како “чи”. За правилно вежбање на чи-кунг дишењето, неопходно е правилно држење на телото, било да сте во стоечка, седечка или лежечка положба.

Четири аспекти на дишењето – самоспознавање

Пред да започнете со чи-кунг дишење, неопходно е да ги откриете вашите вообичаени навики на дишење. Неопходно е постојано да ги проверувате вашите навики на дишење во текот на вежбањето на чи-кунг дишењето, со цел да откриете дали тренингот позитивно делува на вас. Како и да е, целта на тренингот е несвесно правилно дишење во секојдневието.

Самиот акт на набљудување на дишењето го менува начинот на кој дишете. Врзувањето на свеста за телото предизвикува пренасочување на енергијата кон внатре, а со тоа оддалечување од стресот и секојдневните грижи. Кога се одморате, пробајте да работите на спознавањето на вашето дишење, опишано во четирите аспекти:

  1. Како се чувствува дишењето?

Дали тоа е течно или испрекинато, длабоко или плитко, лесно или тешко, тивко или бучно, здраво или болно? Дали вашето дишење е процес што се одвива полека или пак тоа е тензично и напорно? Мислите кои се раѓаат исто така се добар индикатор за квалитетот на дишењето и движењето на “чито”.

  1. Каде и како го чувствувате дишењето?

Како вдишувањето влегува, а како издишувањето излегува? Колку длабоко во телото го чувствувате вдишувањето? Дали дишете преку нос или уста или пак можеби комбинирано? Дали дишењето го чувствувате во вашиот стомак, грб, гради или пак можеби на друго место во телото? Дали можеби дишењето го чувствувате во вашите раце или нозе? Засега би ве советувал да заборавите на медицинската догма за анатомијата во процесот на дишење. Откријте што можат да ве научат вашите чувства.

  1. Кој дел од телото се придвижува со вдишување, а кој со издишување?

Дали вашите гради се шират или собираат, или пак дали воопшто се движат при процесот на вдишување? Дали вашиот абдомен се движи при дишењето? За да си одговорите на овие прашања, најдобро е да направите еден тест со тоа што ќе ја ставите едната рака на стомакот, а другата на градите и да увидите која рака расте повеќе во однос на другата при процесот на вдишување и издишување.

  1. Колку пати дишете во една минута?

Избројте ги издишувањата во една минута. Направете го ова во период додека сте смирени, не за време на некоја физичка или ментална активност.

Запишувајте ги резултатите од ова испитување барем една недела. Бидејќи поголемиот број од популацијата дише нездраво, не мора да значи дека нормалното дишење е природно дишење. Со вежбање на чи- кунг дишењето, вашето нормално може да стане природно дишење.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Актуелен број 25

  • aktuelen broj
    Архива на издадени броеви

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Флуорираното млеко за децата е :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

SiFu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни
членови и посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

gorska

zepter

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2010. Сите права се задржани.;