logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва и видео записи

Следни настани

  • КНИГА:
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • Едномесечна обука за лекување со храна според „ПРОГРАМ Д-р БИБАН“
  • Еднодневни едукативни групни и поединечни средби
  • 10-дневен летен одмор 2010
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Македонска паштета од грав

Напишано од 8ка Петок, 28 Ноември 2008 04:09

163
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(1 глас, просек 5.00 од 5)

Ако сте во дилема околу тоа како најдобро можете да си го обезбедите вашиот здрав „вегански“ појадок, 8-ка ќе ви помогне лесно да се справите со тоа.

Овој пат ќе ви понудиме рецепт за брза, лесна и практична „веган паштета“, која е „модерен“ начин на консумирање на традиционалната и здрава македонска храна.

Подготвувањето на оваа паштета е многу брзо и лесно, особено затоа што можете да ја подготвите оние денови кога за ручек подготвувате грав, и истиот да го искористите вечерта или наредниот ден, за подготвување на вашите „веган сендвичи“ за дома или за на работа.

Подготовка:

Доволно е 100 грама бел македонски грав, кој не мора да го варите посебно, туку едноставно извадете варени зрна грав од садот во кој го подготвувате гравот за ручек.

Во садот од кујнскиот миксер ставете ги варените зрна грав и додадете поситно исечкан праз и малку кромид, поситно исечкана пиперка (оние кои сакаат пикантен вкус, може да стават лута пиперка или пипер – „буковец“).

Ставете две до три лажици вода во која се варел гравот и измиксајте со блендерот.

Смесата ставете ја во сад и додадете една лажица сусамов таан. Зачинете со малку суво и ситно изронето нане или оригано (по желба), додадете сол по вкус.

Паштетата може да стои во фрижидер 3 – 4 дена и да се јаде како намаз со парчиња интегрален леб.

Во ваквиот „вегански сендвич“ има 0% холестерол!

< Пред   Следно >

Коментари 

 
0 # Emilija Jovanova 12.05.2010 08:27
od ovoj recept se voodusevija moite kerki koi sakaat vkusna, pikantna, no i zdrava hrana.
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Актуелен број 25

  • aktuelen broj
    Архива на издадени броеви

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Флуорираното млеко за децата е :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

SiFu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни
членови и посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

gorska

zepter

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2010. Сите права се задржани.;