И од спиењето се направи бизнис
Напишано од 8ка Понеделник, 01 Декември 2008 03:34
Некои од фармацевтските компании, па и други бизнис гранки, како продавачи на душеци, навлаки, перничиња и слично, станаа промотори на таканаречените „спијачки болести“.
Секогаш кога имате спиено „малку“ ,вие сте во далеку од здрава состојба, односно вие сте со „нарушено здравје“, или: „подолгото спиење е неопходно за здраво утро, здрав појадок, за добра концентрација во школо“.
Потребно е да сте логирани како член за да го прочитате целиот напис.
{reg}
Зошто се трошат милиони финансиски средства од различни компании за да ме научат дека треба да спијам подолго? Дали тоа е навистина потребно за јас и мојата фамилија да се чувствуваме подобро? Или, многу поверојатно, тоа се прави за да некој заработи повеќе пари? Всушност, кој може најмногу да профитира ако ја прогласи нацијата за ненаспана нација, за неодморена нација, за нација која има несоница и заради тоа не може да покаже успех во училиштето, на работното место, во бизнисот? Се разбира, од тоа профитираат продавачите на помагала за заспивање и продавачите на помагала за долго спиење.
Таблетите за спиење се едни од најбараните „спасители“ на ненаспаната нација.
„Методот“ со кој ќе се продадат помагачите за добро и долго спиење, е пропагирањето за тоа колку е потребно да се спие подолго време. На сите рекламни паноа, магазини, ТВ реклами, ќе видите пораки колку многу е добро да се спие долго и цврсто. На запад дури постои и организација која се нарекува „Национал слип фондејшн“ (National Sleep Fondation), која е финансирана од фармацевтските компании кои произведуваат таблети за спиење, и чија задача е да им укаже на луѓето колку многу се болни ако не спијат доволно. Затоа треба да си земат од „помагачите за спиење“, односно од таблетите кои ќе им го подарат вистинскиот одмор. Оваа фондација има своја веб страничка преку која порачува:
„Ако немате добро ноќно спиење, да знаете дека тоа скапо го плаќате. Цената може да биде висока: нема да имате енергија, не ќе можете да се концентрирате, ќе бидете депресивни и нерасположени, ќе имате зголемен ризик од сообраќајни несреќи. На работа нема да бидете продуктивни, нема да можете да ги остварите потребните контакти. И болката ќе биде поизразена, како физичката така и менталната, како последица од вашата ненаспаност“.
{/reg}
| < Пред | Следно > |
|---|





