Маркетинг
Напишано од 8ка Четврток, 14 Август 2008 08:34
Проектот 8-КА со издавањето на месечниот семеен магазин за здрав животен стил започна да работи на промоција на квалитетен и здрав животен стил, со афирмирање на превенцијата и спречувањето на појавата на заболувањата.
Темите кои ги обработува списанието 8-КА и нашата веб страница www.8ka.com.mk се со цел градење на здрав животен стил, и тоа за: значењето на храната и исхраната, превенција на хронични незаразни заболувања, контрола на стресот, духовното здравје, контрола на телесната тежина, органското производство, физичката активност и рекреацијата, природната козметика, Хипократово време, занимливости од медицината, екологија - еко свеста и животната средина, дел за најмладата детска популација, и сл.
Активностите ќе бидат со цел да се вклучат и лекарите т.е. лекарската професија во подигањето на свеста на населението, како и градење на здравиот животен стил, со подигање на свеста на населението во однос на производите кои им се нудат на пазарот и нивното влијание за подобрување на здравјето односно за спречување т.е. превенирање на одредени хронични незаразни болести, се со цел добивање квалитетен и здрав животен стил на населението.
Списанието е наменето кон целна група на читатели кои имаат свесност, потреба, желба и волја да посветат повеќе внимание на себе односно на здравјето и духот за себе лично и за своето опкружување од семејната или работна средина.
Со надеж дека заедно ќе придонесеме за наше поздраво и посреќно живеење,
Ве очекуваме за понатамошна соработка.
| < Пред |
|---|





