ОБНОВЕТЕ ГО ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ СО ХРАНА
Ако имате нарушено здравје и страдате од некоја „неизлечива болест“, тогаш имате можност веднаш да го смените курсот на вашиот живот ...
...повеќе
РАФИНИРАНО РОПСТВО
Еден од клучните моменти во потрагата по бројните хронични болести на денешните луѓе е нивната навика да консумираат рафинирана храна. Би се рекло дека можеби повеќе од 80% од припадниците на модерниот свет се зависници, односно заробеници на рафинираните вкусови на храната. Со таквата навика се поврзуваат модерните болести, како што се дебелината, карциномите, дијабетесот, срцевите болести. Фактот дека рафинираната храна е многу вкусна им помогна на производителите на храна и на адитиви за храна да добијат голем мотив за заработка. Така, таквата „слатка“ храна стана неприкосновена и барана на пазарот на зависници од неа, па нерафинираната храна почна да се избегнува добивајќи го епитетот на храна која има вкус на „како да јадеш картон, трева, трици...“ Но, дали индустријата која постојано вреска за тоа колку вкусна храна произведува, заборави да ни каже нешто многу важно за таквата храна? Можеби заборави да ја каже вистинската цена на храната...? За да уживаш постојано во таквата убавина од вкусови, ќе мора да платиш со нешто многу скапоцено – со здравјето...
...повеќе
„ЈАТКИТЕ ДОАЃААТ ВО ТВРДО ПАКУВАЊЕ“
Можеби овој текст требаше да го напишам уште на почетокот на зимата кога почнуваа празнувањата на зимските празници. Сепак, никогаш не е доцна да се дознае нешто кое би требало да влијае на навиките на денешните луѓе и да придонесе за изградба на нивните здрави животни навики. Зошто ги споменувам зимските празници? Затоа што моето сеќавање на нив уште од времето на моето детство е поврзано со радосни моменти на подготовка на вкусна храна, игра и забава и бескрајна река од детски желби. Тоа беа денови на „посебни задоволства“ и „игри на кршење оревчиња, лешници, бадеми“. Тие всушност беа таканаречената „специјална храна“ која секогаш доаѓаше во цврсто пакување. Ние децата моравме да ги кршиме тврдите оревчиња со камен или кршачка за ореви. Тоа бараше труд и време, за да се дојде до вкусот на јатката... Но, денес децата и нивните родители немаат толку многу работа. Доволно е само да се отвори капакот на кутијата со лешници, бадеми, кикиритки или да се скине ќесичката со веќе излупени јатки и да се истури директно во устата, и после седум, осум џвакања, да се голтнат веднаш околу 120 калории. Така, само за неколку секунди, па нека бидат и минути, организмот се обезбедил со енергетски наслаги во поткожно масно ткиво кои би требало да му се најдат во услови на гладување...
Дали знаете дека семињата, растителните семиња, се всушност „депонирана енергија“? Тие треба да се засеат напролет за од нив да никне ново растение.
Имено, семињата, мешунките, житата и јатките имаат иста функција за растенијата на кои им припаѓаат. ...
...повеќе
КРЕМАСТА СУПА ОД СЛАДОК КОМПИР
Ако одлучите денес да ја подготвите оваа супа, тогаш бидете сигурни дека ќе внесете многу бета-каротени и други хранливи состојки,
кои се способни да се борат против предизвикувачите на карцином на дојка, но и против веќе дијагностицираниот карцином.
За подготовка на 6 оброци е потребно:
4 ½ чаши бујон од зеленчук; 1 чаша сечкан кромид; 2 лажички кари во прав; 5 чаши излупен и исечкан сладок компир; 1 чаша вода; 1 чаша растителен јогурт; ½ чаша сечкан свеж магданос.
Загрејте на оган во тенџере ½ чаша од бујонот од зеленчук ...
...повеќе
ЗА МНОГУ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСХРАНАТА И ЗДРАВЈЕТО, ЗА ЗДРАВИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ, ПОСЕТЕТЕ ЈА НАШАТА ВЕБ СТРАНА www.8ka.com.mk
|