ПРОМОЦИЈА - 15.06.2010 (Вторник) од 19.00 ч.
„...Вистината подлежи на законите на рамнотежата, всушност вистината е самата рамнотежа. Единствената вистина е дека СЕ Е ЕДНО. Сите ние сме дел од една голема бесконечна целина.
Тогаш, како е можно еден човек да не влијае на целата вистина, кога самиот тој е дел од бесконечната целина...?“
Ова е дел од книгата на Д-р Јадранка Бибан:
„ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“.
Повелете на промоцијата на книгата на Д-р Бибан која во организација на Здружението 8-КА ќе се одржи на 15. 06 2010 година во хотелот БЕСТ ВЕСТЕРН – ТУРИСТ, ул. Македонија Скопје (спроти спомен куќата на Мајка Тереза) со почеток од 19,00 часот.
Да ја искористиме можноста да се запознаеме со ова исклучително дело, уште еднаш да се дружиме со активистите на 8-КА и да ги пробаме прекрасните вкусови на здравјето.
...повеќе
ЛЕСНИ ПАРИ СО ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ
Навиките во исхраната се создаваат уште во детството. Јас во неколку наврати пишував за тоа дека дури и начинот на исхрана на бремената жена е многу важен за создавање на навиките во исхраната на идното дете.
Тоа е и научно докажано и потврдено со секојдневната практика.
Во неколку наврати, исто така, пишував за лесната и брза заработка кон која се стремат бизнисмените, во општеството кое слободно може да се нарече „општество на казино профитери“. Самиот израз „казино“ значи дека се работи за општество во кое сè се гледа како коцка. Важно е само брзо да се заработи, да се направат големи пари, без разлика на последиците од тоа...
Повод за да се обратам на оваа тема беше еден мал исечок од една детска емисија, која сосема случајно „ја фатив“ и која се емитуваше на еден национален ТВ-канал. Името на емисијата и името на телевизијата нема да ги споменам, не затоа што сакам да ги заштитам, туку затоа што вакви емисии можат да се видат на скоро сите наши ТВ канали, па затоа ова нека биде порака до сите нив, но и порака до сите оние кои гледале, а кои имаат моќ да реагираат на тоа, но сепак одлучиле да молчат, дека доколку ваквата практика се толерира и се дозволува да продолжи, последиците ќе ги сносиме сите ние...
...повеќе
ОРИЗОВ ПУДИНГ
За подготовка на 6 (шест) оброци, потребно е:
• 2 чаши варен кафеав ориз; • 1 ½ чаша оризово млеко со ванила; • 3 лажици суво грозје; • 2 лажици јаворов сируп; • 1 лажичка ванила; • ¼ лажичка цимет.
Во средно голем сад се комбинираат сите состојки и се загреваат полека. Се варат непокриени, со повремено мешање, околу 20 минути. Се сервира ладно или топло...
...повеќе
ЗА МНОГУ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСХРАНАТА И ЗДРАВЈЕТО, ЗА ЗДРАВИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ, ПОСЕТЕТЕ ЈА НАШАТА ВЕБ СТРАНА www.8ka.com.mk
|