ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНАТА ХРАНА
ЗНАЧИ ОТРОВ ВО СЕКОЈ ЗАЛАК
Џефри Смит, авторот на делото „Семе на Измамата“, зборува за големата опасност од генетски модифицираната храна по здравјето на луѓето и по здравјето на целата планета. И во својата втора книга „Генетски рулет: документирани ризици по здравјето од генетски модифицираната храна“, дава опсежни податоци кои зборуваат за тоа дека овој вид на храна не смее никогаш да биде произведуван.
Џефри Смит е извршен директор на Институтот за одговорна технологија, кој води активна кампања за правилна исхрана во Америка, чии главни поенти се едукација и поттик на населението да ја одбиваат ГМО храната...
Дали знаете што значи да се јаде генетски модифицирана храна? Можеби многумина не ги интересира потеклото на храната... можеби е важен само добриот вкус и ништо повеќе.
Проверете дали претходниов месец имате купено и консумирано храна која е генетски модифицирана. Да видиме како ќе се чувствувате ако знаете неколку работи за генетски модифицираната храна, за кои порано не сте се интересирале ...
...повеќе
ВИТАМИН „Д“ ТАБЛЕТИТЕ НЕ ПОМАГААТ
КАКО ПРИРОДАТА
Според пораките кои секојдневно ги добиваме преку рекламите за млеко, маргарини и други производи, можеме да заклучиме дека прехранбената индустрија е „сериозно загрижена“ за недостатокот на витаминот Д кај потрошувачите, па затоа се труди нејзините производи да ги збогати со што повеќе витамин Д.
Ако погледнеме во истражувачките факти, навистина тие говорат дека во светот постојат подрачја каде и до 40% од населението има недостаток од витамин Д. Шкотските доктори излегоа со податок дека само кај 2% од населението има доволни количини на витамин Д во организмот, а кај 47% од населението има силен недостаток од витамин Д.
Но, податоците се едно, а искористувањето на податоците е сосема друга работа. Така, ако информациите укажуваат на недоволно количество на витамин Д во организмот на луѓето, тоа не е оправдување витаминот Д да се надокнадува на несоодветен начин.
Според авторите на истражувачката студија која беше публикувана на 2 март 2010 година, во „Аналс оф интернал медисин“ („Annals of Internal Medicine“), и покрај користењето на суплементи од витамин Д кај населението кое е дефицитарно со овој витамин, се верува дека недостатокот од витамин Д не може да се замени во доволна мерка со витамински суплементи, па тој сè уште недостасува кај поголемиот број на пациенти ...
...повеќе
ЛЕСНА МЕШАВИНА

Ова е мешавина лесна за подготовка,
која може да се сервира врз претходно подготвен
бунгур, ориз, пире или шпагети.
За подготовка на 4 оброци, потребно е: - 300 грама варен и исцеден грав; - 300 грама смрзната мешавина од зеленчук; - ¼ чаша соја сос.
Се загрева гравот во вог тава, а потоа се додава и зеленчукот.
Се зачинува по желба ...
...повеќе
ЗА МНОГУ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСХРАНАТА И ЗДРАВЈЕТО, ЗА ЗДРАВИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ, ПОСЕТЕТЕ ЈА НАШАТА ВЕБ СТРАНА www.8ka.com.mk
|