ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗА
1. АПЕРИТИВИТЕ И СЛАБЕЕЊЕТО
Според истражувањето кое било направено и објавено во журналот Апетит (Appetite) во април 2009 година, од страна на др. Џули Е. (Julie E. Flood-Obbagy), во врска со ефектот на аперитивите кои се земаат во различни форми пред главните оброци (главно овошја или салати од зеленчук), се истакнува дека ако се јаде овошје пред главниот оброк, како што е ручек или вечера, ќе се намали внесот на калории. Инаку, целото овошје, како што е на пример, целото јаболко, многу подобро „делува“ во намалување на внесот на калории, за разлика од сосот од јаболко, или сокот од јаболко. Кога испитаниците, кои учествувале во ова истражување, јаделе парчиња од јаболко пред ручекот, тие многу помалку внесувале калории во вкупниот ручек (јаболкото и главното јадење), односно за цели 187 калории помалку, отколку кога не јаделе јаболко. Изразот аперитив вообичаено значи појачувач на апетитот и се консумира пред главното јадење. Сепак, оваа студија го покажува неговиот спротивен ефект. Каде е вистината?
...повеќе
2. ОТКРИЕНИ РЕЦЕПТОРИ ЗА МАСТИ ВО ЧОВЕЧКАТА УСТА
Истражувањето кое беше објавено во март 2010 година, во „Бритиш журнал оф нутришн“ („British Journal of Nutrition“) од страна на Џесика Е.Стјуард (Jessica E. Steward), зборува за тоа дека:
„Со оглед на тоа дека во устата на човекот има рецептори за различни компоненти од храната, како и за токсичните нивоа на храна, тогаш е сосема логично да се прифати и фактот дека во устата на човекот има рецептори за детектирање на масна храна, односно на масни киселини од храната, исто како што има рецептори за детектирање на протеински делови од храната (мононатриум глутамат или инозин 50 монофосфат) и јаглехидратите (сахароза, фруктоза)...таквите сензори се во врска со намалената енергетска состојба на организмот и БМИ и служат како фактор за контрола на консумирањето на мрсната храна кај човекот“.
Овие истражувачки резултати се повод за едно логично, но и научно размислување. Имено, во устата на човекот, односно на јазикот има рецептори за јаглехидрати, кои заедно со рецепторите за солено, се наоѓаат на врвот од јазикот. Од страните на јазикот има сензори за кисело, а на коренот на јазикот има сензори за горчливо. Овие сензори за горчливо служат многу во идентификацијата на отрови и други штетни компоненти од храната. Петтиот сензор е за протеини, поточно за идентификација на аминокиселината мононатриум глутамат, и тој бил идентификуван во 1908 година ...
...повеќе
СЕКОГАШ ДОБАР КАФЕАВ ОРИЗ

Кафеавиот ориз е богат со витамини, минерали, протеини и фибер, многу повеќе отколку белиот ориз.
Многу лесно се вари и брзо се подготвува, и на тој начин ви заштедува многу време.
Кај нас обично го има долгозрнестиот кафеав ориз.
За подготовка на 6 оброци потребно е:
Измиениот и исцеден ориз се става во тавче за готвење и се загрева со постојано мешање, на средна температура, сè додека оризот не се исуши од водата ...
...повеќе
ЗА МНОГУ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСХРАНАТА И ЗДРАВЈЕТО, ЗА ЗДРАВИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ, ПОСЕТЕТЕ ЈА НАШАТА ВЕБ СТРАНА www.8ka.com.mk
|