ОСОЗНАВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО ЗНАЧИ ОБЕДИНУВАЊЕ
А НЕ РАСЦЕПКУВАЊЕ НА ТЕЛОТО

Можеби и друг пат сум зборувала на оваа тема, но сепак чувствувам дека е време повторно да се навратам на некои моменти од медицинската наука кои мислам дека се клучни да се разберат од страна на пациентите но се разбира и од страна на докторите, за да се постигне вистински успех во заштита на здравјето на современиот човек.
На потребата уште еднаш да се навратам на темава ме поттикнаа секојдневните јавувања во Центарот на 8-КА од страна на пациенти кои имаат проблем со најразлични хронични болести и кои бараат објаснување од 8-КА дали можеби може да се помогне нешто во врска со нивната состојба.
„Дали програмата на 8-КА може да ми помогне нешто околу дијабетот?“ „Дали според исхраната на 8-КА може да се помогне нешто околу проблемите со опстипација?“ „Дали ми гарантирате дека ќе ослабам ако се хранам според препораките на 8-КА?“ „Моето дете има анемија, па дали може да се помогне нешто околу тоа?“ „Имам висок крвен притисок, дали исхраната може да ми помогне да го регулирам истиот?“
Ова се само дел од прашањата кои ги добивам по меил или по телефон од гледачите на ТВ серијалот „8-КА Ѕвезди“ кој се емитуваше на ТВ Алфа. Се разбира дека сите кои се интересираат за програмата на 8-КА добиваат целосни објаснувања за начинот на кој таа функционира, но сепак, и покрај тоа што и самиот серијал „8-КА Ѕвезди“ во детали ја опиша целата програма на лекување со храна и со здрави животни навики, мислам дека некои работи треба да се потенцираат уште еднаш.
Секој кој страда од некоја болест, мора да сфати дека неможе да ја совлада болеста и да го обнови своето здравје, ако на болеста гледа како на изолирана работа од која страда само еден или два од неговите органи . . .
. . . повеќе
РЕЦЕПТ: КОМБИНАЦИЈА ОД САЛАТИ
Видео . . .

8-КА ЅВЕЗДИ - СВЕДОШТВА: Симон Дроца
Видео . . .

ТВ СЕРИЈА „8-КА Ѕвезди“- SkyNet ТВ од 6 Февруари 2012
- Раб. ден. од ПОНЕДЕЛНИК до ПЕТОК: 08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
- Викенд САБОТА (р)- дел 1: 22,30 ч. и НЕДЕЛА (р)- дел 2: 22,30 ч.
|