ПРОГРАМА „Д-р БИБАН“
Напишано од Д-р Јадранка Бибан Недела, 07 Март 2010 21:08
Хроничните заболувања за кои се тврди дека се доживотни и неизлечиви, се лекуваат со промена на животните навики. Всушност, тие се појавуваат како резултат на лошиот начин на живеење кој е условен од приликите на современиот свет. Не е точно тврдењето дека луѓето се немоќни да ги изменат условите во кои живеат, бидејќи наводно тоа не зависело од нив самите. Секој човек ја носи силата на своето здравје во себеси и е потребно само да го пронајде сопствениот пат до него.
Секоја болест се лекува. Се лекуваат и современите хронични болести како што се дијабетесот, срцевите, односно кардиоваскуларните заболувања, хроничните гинеколошки заболувања, дебелината, остеопорозата, автоимуните и дегенеративните заболувања. Се лекуваат и карциномите за кои се смета дека се болести на смртта. Човечкиот организам е психотелесна целина која треба само да се разбере и да и се овозможи вистинската енергија за работа. На тој начин се обновува работата на физиолошките процеси и се синхронизираат енергетските бранови на психотелесно ниво. Тоа може да го постигне секој човек.
На луѓето им се потребни само вистинските информации. Една од клучните информации за лекување и обнова на организмот е таа дека основно што треба да се направи е да се отстранат причините кои довеле до заболувањето. Ако се лекуваат само симптомите на болеста, како што се практикува вообичаено од страна на современата медицина во однос на современите хронични болести, тогаш организмот не оздравува, туку подлегнува и го губи квалитетот на живеење засекогаш.Најголемиот број причини кои довеле до која било од современите хронични болести е начинот на исхрана. Затоа е неопходно потребно да се смени начинот на исхрана. Сè додека медицината бега од оваа сфера на делување, нема да има успех во лекувањето на овие болести.
Програмата „Д-р Бибан“ се темели на основното начело: ХРАНАТА КАКО ЛЕК И ЛЕКОТ КАКО ХРАНА.
Тоа е основата на таканаречената ХИПОКРАТОВА МЕДИЦИНА.
Програмата „Д-р Бибан“ вклучува и едукација за тоа како треба да се изградат здравите животни навики или како нездравите животни навики да се заменат со здрави.
Со поминување на здрав начин на исхрана и со изградба на здрави животни навики, се елиминираат најголемиот број причини кои довеле до болеста, а како резултат на тоа доаѓа до психотелесна обнова на сите процеси во организмот, односно се обновува нарушеното здравје.
Процесите на обнова на организмот се многу лесни и лесно применливи. Затоа, престанете да си го нарушувате здравјето и понатаму барајќи го „чудесниот лек“ кој ќе ја победи вашата болест. Вие го имате лекот, треба само да го препознаете. За тоа не треба да чекате долги редици пред аптеките секој месец или да чекате до бескрај по болничките чекални. Потребно е само да знаете како да уживате во вистинските вкусови на храната и да научите да ја читате природата на вашето тело. Кога ќе го направите тоа, ќе постигнете вистински баланс меѓу вашето битие и природата и ќе уживате во рамнотежата на природните закони чиј дел сте со самото ваше раѓање.
Ослободете се од лековите, операциите, скапите третмани. Не губете ја надежта дека засекогаш сте го изгубиле вашето здравје. Вашето здравје ги очекува вашите вистински постапки.
| < Пред | Следно > |
|---|








