logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ СВОИТЕ ОТРОВИ

Напишано од Д-р Јадранка Бибан Недела, 23 Мај 2010 09:02

432
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(26 гласа, просек 4.46 од 5)

Дали сте слушнале за петте најчести отрови кои се наоѓаат во храната? Тоа се протеините, холестеролот, другите масти, метионинот (аминокиселина која се наоѓа во животинските протеини и која содржи сулфур), киселоста. Тоа се пет токсини кои потекнуваат од животинската храна и кои се најчести во оброците на оние кои се хранат на начин својствен за најголемиот дел од западните развиени нации. Знам дека многу луѓе не можат да го прифатат овој факт затоа што четири или повеќе децении наназад беа упорно „советувани“ дека треба што повеќе да вклучат животинска храна во своите оброци, заради неопходноста од протеини, калциум и слично. Но токму овој период од четири – пет децении е латентниот период на развиток на многубројните хронични болести кои денес земаат епидемиски размери, особено меѓу луѓето од развиените земји, а многу брзо се прошируваат и кај луѓето од земјите во развој, како што е нашата и земјите од регионот.

Сериозноста на проблемот врзан со токсините кои се внесуваат со секојдневниот начин на исхрана, сè уште не се препознава толку многу, заради тоа што повеќедеценискиот лош животен стил го маскира изворот на проблемите. Истото се случуваше и со прогласување на опасноста од пушење. Децении беа потребни за стручната јавност да го прифати фактот дека цигарите се штетни по здравјето на луѓето и тоа јавно да го соопшти. Но, факт е дека истото се случува и со месото, јајцата, млекото и млечните производи. Многу е тешко денес на луѓето да им се соопшти и од нив да се бара разбирање за штетноста на таа храна, кога од мали нозе се едуцирани колку е добро денот да се започне со пржено или варено јајце, а да се заврши со чаша топло млеко.

Мислењето за „корисноста“ на таквата храна кај луѓето се градеше и сè уште се гради преку уметноста на продажба на производите. Така, млекото и млечните производи се продаваат како калциум за коските, месото се продава како железо за крвта, додека јајцата се продаваат како најдобар извор на протеини, особено за децата.

Едукацијата која се спроведува од страна на проектот 8-КА и програмата „Д-р Бибан“, содржи факти кои укажуваат дека јадење на природна нерафинирана храна од растително потекло е единствениот исправен начин на исхрана, особено кај денешниот човек, кој живее во услови на прекумерна загаденост на средината и екстремно влијание на околината врз физичката и психичката состојба на организмот. Сè додека таквата храна се консумира во доволни количини, никогаш организмот нема да се судри со недостаток на каков било нутритиент. Затоа, воопшто нема потреба да се јаде храна која е екстремно заситена со еден од нутритиентите, а е сиромашна со другите потребни хранливи материи. На пример, ако млекото од животинско потекло е богато со калциум, тоа воопшто не содржи железо. Ако црвеното месо содржи многу железо, тоа воопшто не содржи важни витамини и други потребни материи. Јајцата воопшто не содржат калциум (освен ако се јадат заедно со лушпата).

Протеините, мастите, холестеролот, сулфурните аминокиселини (метионинот) и киселоста на храната се токсини кои буквално го окупираат нашиот организам кога се консумира каков било вид животинска храна. Можеби мислите дека многу „фанатички“ ја осудувам животинската храна, па затоа еве погледнете ја оваа споредбена табела во однос на содржинската композиција меѓу растителната и животинската храна.

Ако во блендер измешаме јајца, млеко, месо, риба, а во друг блендер измешаме ориз, компир, грав, споредбата ќе биде следна:

Состојки

Животинска храна

Растителна храна

Споредба

ПРОТЕИНИ

35

13

3 ПАТИ

ХОЛЕСТЕРОЛ

91

0

100 ПАТИ

МАСТИ

61

4

15 ПАТИ

МЕТИОНИН

254

64

4 ПАТИ

КИСЕЛОСТ

8

<1

>10 ПАТИ

 

Организмот има за задача сите овие токсини да ги детоксицира, и тоа преку процесите на метаболизам, и да ги исфрли од организмот. Дали сега гледате колку многу се оптоварува организмот ако постојано го затрпувате со животинска храна, за разлика од организмот кој консумира растителна храна? Прекумерните количини на протеини, метионин и киселини работат интерактивно и сите заедно делуваат во правец на оштетување на коските, бубрезите, зглобовите, крвните садови. Мастите ги уништуваат ѕидовите на крвните садови и учествуваат во оштетување на имунолошкиот и хормонскиот систем, што се поврзува со појава на повеќе видови карциноми. Само накусо, ќе ви објаснам на кој начин делува секој од овие пет токсини:

  1. Протеините, екстремно го закиселуваат организмот, кој се бори да го отстрани вишокот на протеини преку бубрезите и црниот дроб. Оние кои консумираат премногу протеини имаат силен мирис на мочта, заради протеинските метаболити кои се исфрлаат со неа. Тој процес на исфрлање на протеините е премногу оптоварувачки за организмот. Преку тој процес страдаат коските,  и бубрезите најмногу. Така, за живот од 70 години, бубрежната функција се намалува за 25% кај оние луѓе кои јадат животинска храна. Луѓето кои имаат веќе оштетени бубрези, тој процес на пропаѓање на бубрежното ткиво екстремно многу го забрзуваат и се доведуваат во состојба на комплетно губење на бубрежната функција. Протеините од овој тип ги оштетуваат коските и водат до остеопороза, заради екстремно губење на калциум.
  2. Мастите се, исто така, еден вид на токсин за организмот. Екстремното консумирање на масти води до оштетување на крвните садови, срцето, имунолошкиот систем. Дебелината директно се поврзува со таложењето на мастите, а последиците од тоа се општо познати, особено во развиениот свет. Дијабетичарите треба да знаат дека нивната болест е многу повеќе поврзана со консумирање на масти, отколку со консумирање на шеќери. Но, за жал, многу пациенти болни од дијабетес не го знаат овој факт и не можат правилно да си помогнат и едноставно да го излекуваат дијабетесот, кој стана една од најпрофитабилните болести во светот.
  3. Холестеролот потекнува само од животинската храна. Капацитетот на организмот за елиминирање на вишокот холестерол е ограничен и холестеролот кој се внесува со животинската храна останува во крвотокот и се складира во одделни ткива, како што е кожата, тетивите, артериите. Тој ги оштетува крвните садови и срцето, а учествува и во појавата на карцином.
  4. Аминокиселините кои содржат сулфур се многу позастапени во животинската храна. Познат претставник е метионинот. Сулфурот ја произведува телесната смрдеа, лошиот здив, екстремно смрдливите гасови. Метионинот се метаболизира во хомоцистеин, за кој јас пишував многу опширно во претходните броеви на 8-КА. Хомоцистеинот е ризик-фактор за срцеви удари, мозочни удари, венска тромбоза, деменција, Алцхајмерова болест и депресија. Сулфурот го храни карциномското ткиво.
  5. Киселоста како токсин е карактеристика на животинската храна. Телото се стреми таквата киселост да ја неутрализира, и ако тоа го прави постојано секојдневно, континуирано, заради лошиот животен стил и погрешниот начин на исхрана, секако дека ќе резултира со појава на некоја од хроничните и „неизлечиви“ болести.

 

ОТСТРАНЕТЕ ГИ ТОКСИНИТЕ ОД ВАШЕТО ТЕЛО

 

Програмата „Д-р Бибан“ значи начин за природна детоксикација на телото, со едноставна промена на начинот на исхрана и животните навики. Треба само да ја изберете вистинската храна. Со тоа веднаш го намалувате внесувањето на пестициди, антибиотици, хормони и други штетни материи кои се наоѓаат во животинската храна во многу поголеми количини. Од друга страна, ќе внесете многу влакна (фибер), многу комплексни јаглехидрати, многу алкални супстанции и баланс на витамини, минерали, есенцијални фитохемикалии. Истовремено ќе го избегнете ризикот од инфекции, односно ќе ги излечите инфекциите од типот на бактериски, вирусни, паразитски и нфекции кои се тесно поврзани со животинската исхрана. Животинската храна значи внесување на калории од протеинско потекло и од масти, додека растителната храна значи внесување на калории со потекло од комплексните јаглехидрати, на кои природно работи човечкиот организам.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.