ОСОЗНАВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО ЗНАЧИ ОБЕДИНУВАЊЕ А НЕ РАСЦЕПКУВАЊЕ НА ТЕЛОТО
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 31 Јануари 2012 21:45
Можеби и друг пат сум зборувала на оваа тема, но сепак чувствувам дека е време повторно да се навратам на некои моменти од медицинската наука кои мислам дека се клучни да се разберат од страна на пациентите но се разбира и од страна на докторите, за да се постигне вистински успех во заштита на здравјето на современиот човек. На потребата уште еднаш да се навратам на темава ме поттикнаа секојдневните јавувања во центарот на 8-КА од страна на пациенти кои имаат проблем со најразлични хронични болести и кои бараат објаснување од 8-КА дали можеби може да се помогне нешто во врска со нивната состојба.
„Дали програмата на 8-КА може да ми помогне нешто околу дијабетот?“
„Дали според исхраната на 8-КА може да се помогне нешто околу проблемите со опстипација?“
„Дали ми гарантирате дека ќе ослабам ако се хранам според препораките на 8-КА?“
„Моето дете има анемија, па дали може да се помогне нешто околу тоа?“
„Имам висок крвен притисок, дали исхраната може да ми помогне да го регулирам истиот?“
Ова се само дел од прашањата кои ги добивам по меил или по телефон од гледачите на ТВ серијалот „8-КА Ѕвезди“ кој се емитуваше на ТВ Алфа. Се разбира дека сите кои се интересираат за програмата на 8-КА добиваат целосни објаснувања за начинот на кој таа функционира, но сепак, и покрај тоа што и самиот серијал „8-КА Ѕвезди“ во детали ја опиша целата програма на лекување со храна и со здрави животни навики, мислам дека некои работи треба да се потенцираат уште еднаш.
Секој кој страда од некоја болест, мора да сфати дека неможе да ја совлада болеста и да го обнови своето здравје, ако на болеста гледа како на изолирана работа од која страда само еден или два од неговите органи ...ЗАВИСНОСТ, ОДНОСНО РОПСТВО, НАСПРОТИ СЛОБОДА . . .
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 10 Јануари 2012 00:28
Пред Новогодишните Празници бев повикана да гостувам во утринската програма на ТВ Алфа и да зборувам на тема „Храната за време на празниците“. Моето излагање беше во правец на тоа дека празниците не треба да значат губење на способноста да се контролираме себеси и своето здравје и да јадеме се и тоа во преголеми количини... Мојот став во однос на темата беше остро искритикуван од страна на еден гледач, но морам да го кажам и тоа дека на мое големо задоволство во програмата се вклучија и други гледачи кои го подржаа моето излагање и сугестиите кои ги дадов...
На 1-ви Јануари бевме сведоци на извештаите во ТВ дневниците кои укажуваа на преголемиот број луѓе кои заради преголема консумација на храна и алкохол завршиле на Клиниката за Токсикологија и на Ургентниот Центар во Скопје и другите градови во Македонија. Некако по правило луѓето знаат дека алкохолот е нешто кое создава зависност кај луѓето, но многу помалку луѓе знаат дека и храната создава зависност, исто онака како и алкохолот, па оттука воопшто не ме изненадува негативната реакција на некои луѓе кон моите ставови за тоа дека без разлика на тоа за каква прилика се работи, подобро е да се „остане трезен“, односно да се има контрола над она што се внесува во устата. Но со ова не сакам да кажам дека не ги разбирам луѓето кои ја изгубиле таквата контрола ...
Холистички пристап за нега на кожа
Напишано од Лозенка Павлевска - дипл. фарм. Вторник, 08 Ноември 2011 19:58
Кожата е најголемиот орган перцептор, кој лесно реагира на надворешните влијанија.
Taa ја рефлектира нашата здравствена состојба, ги рефлектира сите случувања во нашето тело. Една од поважните функции на кожата е нејзината имунолошка улога, поради присуството на Т-клетки, макрофаги и др (клетки одговорни за имунитет), кои имаат важна улога во бројни имунолошки процеси кои се одвиваат на кожата. Затоа правилната нега и грижа на кожата е од исклучителна важност.
Негата на кожата на лицето, телото по своето изворно значење се именува како козметика. Зборот козметика произлегува од зборот kosmein што значи да се среди или повторно да се воспостави ред. Тоа не упатува на едена помалку заборавена насока на нега на кожата - да се оддржи или повторно воспостави ред ...
МЕСЕЦИ НА БОРБА ПРОТИВ КАРЦИНОМИТЕ – МЕСЕЦИ НА БУДЕЊЕ НА ЧОВЕЧКАТА СВЕСТ
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 08 Ноември 2011 19:28
Предходниот електронски весник кој го испратив до читателите на 8-КА беше всушност информација за тоа дека во светот во тек е будење на човечката свест и осознавање на вистината за тоа кои се причините за тешките болести од кои страдаат милиони луѓе во светот и вистинскиот начин на борба против истите. Несомнено 21. век е век на духовно будење на човештвото, отворање на очите и согледување на правците кои водат до вистинска заштита на човечкиот живот. Така, наспроти месеците на „бајата борба“ против карциномите, во светот се означуваат месеци на будење на луѓето. Ако минатиот месец бил месец на будење на свеста во борбата против карцином на дојка, овој месец Ноември, во Америка беше наречен месец на будење на свеста во борбата со карциномот на панкреас. Всушност будењето на свеста на луѓето е неопходен и незапирлив процес кој се раѓа наспроти јаловата борба со карциномот на панкреас која резултира со се поголем број заболени од оваа тешка болест ...
МЕСЕЦ НА ОСВЕСТУВАЊЕ
Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 18 Октомври 2011 00:00
Вечната борба против карциномите стана толку многу симптоматична, што неминовно води до размислување дали таква борба навистина постои или едноставно се води само таканаречена „политика на борба против ракот“. Секој месец е прогласен за месец на борбата против ракот на нешто, како на пример има месец против ракот на дојка, месец против ракот на бели дробови, месец против ракот на матка и т.н. Толку многу борби, а победник повторно е ракот...? Секогаш кога слушаме за таков месец, најпрво ни ги кажуваат бројките на заболени кои секоја година се поголеми од предходната. Е што борба ќе беше оваа? Аман, веднаш нека прекине!
Повеќе Артикли...
Страница 1 од 87






