НЕКАДЕ ПОМЕЃУ ВДИШУВАЊЕТО И ИЗДИШУВАЊЕТО, ОТКРИЈТЕ ЈА ВАШАТА ДИМЕНЗИЈА
Петок, 19 Декември 2008 04:38
Природно дишење
Во повеќето вежби кои ги користи чи-кунгот, се советува да се дише на нос. Во внатрешноста на носот се наоѓаат ситни влакна и слуз, кои помагаат во фаќање на сите нечистотии, бактерии и загадувачи. Некои од овие штетни материи се проголтуваат, и така се отстрануваат од респираторниот тракт.
ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО РЕАЛНИОТ СВЕТ
Понеделник, 15 Декември 2008 04:51
Во минатото, борбите помеѓу мајсторите во боречките вештини биле официјални настани во местата каде што се одвивале. Тоа најчесто биле борби каде што еден борец го предизвикувал другиот, со цел да се види чија боречка вештина е подобра. Денес, натпреварите како овие се реткост. Денешните борби најчесто се случуваат на улица, и тоа ретко еден на еден, туку повеќе напаѓачи атакуваат на една личност, напаѓајќи го со сите можни средства.
Потрагата по себеси е потрага по вистинска самоодбрана
Четврток, 20 Ноември 2008 04:46
Како и секој тинејџер, намерата за моето прво инволвирање во боречките вештини беше да научам ефикасно да се одбранам од секаков вид на физички напад, било тоа да е еден, а уште подобро повеќе напаѓачи. Во тогашната Југославија, најпопуларни боречки спортови од Истокот беа џудото и каратето. И како што тоа бидува кај нас, под влијание на татко ми се запишав во блискиот џудо клуб. Со големо внимание и ентузијазам ги впивав техниките на фрлање кои ни ги покажуваше тренерот. Не испуштав ниту еден од тренинзите. После секоја нова научена техника, со моите школски другари го пробувавме наученото, најчесто во школската училница за време на одморите.
„ЗМАЕВА МОТКА“
Напишано од Си-фу Предраг Петрески Вторник, 04 Ноември 2008 09:10
ОРУЖЈЕТО НА ВИНГ ЧУН КУНГ ФУ
Предноста на змаевата мотка, која се користи како традиционално оружје во Винг Чун Кунг Фу-то, во реална борба се огледа во користењето на нејзината должина и праволиниските движења при нејзина употреба во напад, и минимални кружни движења во одбрана. Овие техники, комбинирани со еден од најефикасните движења при напад и одбрана кои се уникатни само за Винг Чун, му овозможуваат на борецот да се движи како молња. Всушност, се вели, кога ќе се чуе првиот звук при контактот на оружјата на двајцата борaчи во борба, победникот е веќе познат.
Мечевите на вештината кунг-фу
Вторник, 23 Септември 2008 11:42
Пеперутка мечеви
Постојат повеќе од 40 типови мечеви во светот што биле користени во борба, меѓутоа винг чун пеперутка мечевите се најефективни од сите.
Пеперутка мечевите биле оружје што се користело од страна на мајсторите на боречките вештини во јужниот дел на Кина. Сечилото на мечевите е еднакво на должината на подлактицата и тупаницата на раката. На рачката има изработено штитник за заштита на раката.
Повеќе Артикли...
Страница 1 од 2






