logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

„ЗМАЕВА МОТКА“

Напишано од Си-фу Предраг Петрески Вторник, 04 Ноември 2008 09:10

131
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(3 гласа, просек 3.67 од 5)

 

ОРУЖЈЕТО НА ВИНГ ЧУН КУНГ ФУ

Предноста на змаевата мотка, која се користи како традиционално оружје во Винг Чун Кунг Фу-то, во реална борба се огледа во користењето на нејзината должина и праволиниските движења при нејзина употреба во напад, и минимални кружни движења во одбрана. Овие техники, комбинирани со еден од најефикасните движења при напад и одбрана кои се уникатни само за Винг Чун, му овозможуваат на борецот да се движи како молња. Всушност, се вели, кога ќе се чуе првиот звук при контактот на оружјата на двајцата борaчи во борба, победникот е веќе познат.

Кратка историја на “змаевата мотка”

Пред 3000 п.н.е., краткиот и долгиот стап биле употребувани за лов, како и во борба. За кратко копје се смета она кое има должина од пет до шест стапки, со ист дијаметар на двата краја, додека за долго се смета она кое има должина од 13 стапки и на едниот крај е зашилено. Овие оружја биле многу лесни за изработка во древните времиња, и поради тоа биле многу популарни. Со откривањето на бронзата и железото, краткиот и долгиот стап биле модифицирани во оружја како копја (добро познати во фалангата на Александар Македонски), разни видови на сечива и др. Кога зборуваме за употреба на овие видови на оружје кои се користеле на далечниот исток, краткиот стап и мотката како оружје биле најомилени меѓу шаолин монарсите во древна Кина, и тоа во времето на Сунг Династијата (960 – 1279). Во тоа време шаолин монарсите биле ангажирани во помагање на императорот Сунг во градењето на неговата империја. Краткиот стап и долгата мотка биле најупотребувани од страна на монарсите поради нивното религиско убедување за неубивање на непријателот, туку само негово онеспособување.
Дури и после владеењето на Сунг Династијата, шаолин монарсите сè уште ја користеле мотката како омилено оружје за самоодбрана, така што за време на владеењето на Манчу Династијата (1644 – 1911), во кинеската историја е забележано активно користење на ова оружје во одбивање на нападите на манчу војската врз Шаолин манастирот. Постојат многу форми (кати) со кратка и долга мотка во шаолин борбениот стил, меѓутоа најефикасна форма е “Лук Дим Бон Грун” или “шест и пол удари” со “змаевата мотка”, која е развиена од страна на големиот мајстор во тоа време Гии Син.
Според кинеската легенда, големиот мајстор Гии Син бил еден од петте мајстори во Шаолин манастирот кои го развиле Вин Чун Кунг Фу борбениот систем. Меѓутоа, девојката Јим Винг Чун, која била единствениот наследник на овој борбен стил и по која истиот бил наречен Винг Чун Кунг Фу, не знаела да ја користи “змаевата мотка” како дел од борбениот тренинг.
Борбената техника на “змаевата мотка” била пренесувана низ трите генерации на учениците од големиот мајстор Гии Син, за подоцна, по игра на случајот, да биде вратена во Винг Чун борбениот систем.
Сопругот на Јим Винг Чун, Леунг Бок Чо трагајќи по некој на кого ќе може да му ја пренесе вештината ( во дамнешно време борбените вештини се пренесувале само на строго одбрани луѓе кои требало да задоволуваат одредени критериуми), по игра на случајот, стигнал до Вонг Вах Бо - еден од третата генерација на практиканти со “змаевата мотка”. Во тоа време Вонг Вах Бо бил многу познат актер во театарот (операта) наречен “Црвениот Брод”. Еден ден Леунг Бок Чо отишол во театарот да гледа оперска претстава. После претставата, тој со Вонг Вах Бо имале пријателски разговор и се договориле да одржат пријателски меч со опклада во која ако Вонг биде поразен, тогаш тој ќе прифати да го учи Винг Чун на Кунг Фу борбениот систем. Двајцата се соочиле на бината во театарот после претставата. Леунг бил вооружен со "пеперутка" мечовите (традиционално оружје во Винг Чунот), а Вонг со “змаевата мотка”, која има должина од 13 стапки. Согледувајќи ја предноста што ја има, Вонг му дозволил на својот противник прв да нападне. Леунг го започнал нападот со “пеперутка" мечовите, и неговиот напад бил толку силен што го натерал Вонг да се повлече до крајот на бината. Кога дошол до таа точка, при една техника на Леунг, таканаречена “дупло сечење”, Вонг одговорил со техника “Бон Грун” и со удар во колено со змаевата мотка. Во еден момент, кога се понадевал дека ја добил борбата, осетил како едниот меч на Леунг го допира неговиот зглоб. Сфатил дека техниката што ја поседува Леунг е далеку пософистицирана од неговата и веднаш го замолил да го подучува Винг Чун Кунг Фу. Оттогаш наваму, техниките на змаевата мотка биле усовршувани согласно принципите на Винг Чун, така што ова оружје станало едно од насмртоносните и најефективните во борбениот систем на Винг Чун Кунг Фу-то.

Поради многу ефикасните техники кои се користат во “змаевата мотка”, истите се многу применливи во современи услови на самоодбрана со користење на одредени предмети (стап, палка, дрво и др.), или во користење на делови од војничката опрема, кога зборуваме за воени услови ( пушка и др.).

< Пред
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.