logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Потрагата по себеси е потрага по вистинска самоодбрана

Четврток, 20 Ноември 2008 04:46

147
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(7 гласа, просек 4.71 од 5)

Како и секој тинејџер, намерата за моето прво инволвирање во боречките вештини беше да научам ефикасно да се одбранам од секаков вид на физички напад, било тоа да е еден, а уште подобро повеќе напаѓачи. Во тогашната Југославија, најпопуларни боречки спортови од Истокот беа џудото и каратето. И како што тоа бидува кај нас, под влијание на татко ми се запишав во блискиот џудо клуб. Со големо внимание и ентузијазам ги впивав техниките на фрлање кои ни ги покажуваше тренерот. Не испуштав ниту еден од тренинзите. После секоја нова научена техника, со моите школски другари го пробувавме наученото, најчесто во школската училница за време на одморите.

Најчесто техниките ги пробував со деца кои, исто така, или вежбаа џудо, или пак воопшто не вежбаа боречка вештина. Како одминуваше времето, јас стекнав солидно познавање во џудото, учествував дури и на натпревари. Сè одеше добро, додека не ги увидов недостатоците на џудото при практичното  разменување на дотогаш наученото со моите врсници кои тренираа карате. Отсекогаш ме интересираше практичната примена на боречката вештина во реална ситуација – на улица. Присуствував на часовите по карате во околните карате клубови во тоа време. Тренинзите се состоеја во изучување на таканаречените “кати”, и подоцна техники од истите, кои беа премногу комплицирани, за после, на крајот од часот, тренерот да го заврши тренингот со лесен "спаринг" на кој вежбачите, од дотогаш наученото, едвај да можеа да применат една или две едноставни техники. Сето ова создаваше конфузија во мојата глава од која произлегуваа безброј прашања, за на крај едноставно да се запрашам себеси: "Дали постои боречка вештина која ќе одговори на сите можни практични ситуации на самоодбрана, а притоа да биде едноставна за учење?"

Секако дека постои, бидејќи во историјата на создавањето на боречките вештини, јас не сум бил единствениот кој си го поставувал ова прашање, туку мудрите креатори на боречките вештини, по пат на исправување и грешки, со многу одрекувања и упорност, успеале да го создадат уникатниот боречки систем винг-чун кунг-фу. Создаден од жената, овој боречки систем денес се практикува скоро секаде во светот, па и кај нас. Беше вистински предизвик да се учествува на семинарите по винг-чун кои ги држеше големиот мајстор Вилијам Чеунг. Се сеќавам на неговиот прв семинар во Скопје 1994 година, каде истиот го започна со зборовите: “Сега ќе ве научам како да се борите како жена”. Зачудено го погледнавме, а тој продолжи: “Жената поради послабата физичка конституција од мажот не се бори со сила, туку ја користи силата на противникот, исто како што се борел создавачот на винг-чунот, легендарната Ниг Муи”.

Една од основните разлики во изучувањето на боречките вештини кои го прават вин-чунот поинаков од другите е тоа што оваа боречка вештина најмногу внимание посветува на изучување на принципите во борбата, повеќе отколку изучувањето на техниките. Оваа боречка вештина се состои од повеќе принципи на основа на кои се применуваат серија на техники во дадена ситуација. Секоја техника е спонтана реакција на дадената ситуација. И уште многу поважно, во процесот на изучувањето на боречката вештина, не постојат техники кои залудно се вежбаат. Иако постојат повеќе принципи во вистинската борба, овде ќе разработиме неколку, кои се многу корисни:

 

-          Одржувајте го балансот стабилен. Без добар баланс, нема успех во борбата. Тоа е основно средство за успешно блокирање, удирање и фрлање на непријателот на земја. Во винг-чунот, тежината на телото е распоредена подеднакво на двете нозе, без широки или тесни ставови. Ставот треба да биде оптимален, зависно од висината на практикантот, во кој истиот треба да овозможи брзо и лесно движење во сите можни насоки.

-          Одбрана на централната линија. Централна линија е линија која го дели телото на два еднакви дела. Според традиционалната кинеска медицина, по средината на телото се наоѓаат најосетливите акупунктурни точки на човекот. Винг-чунот советува дека оваа линија треба непрекинато да биде бранета. Поради овој принцип, винг-чунот има создадено техники во кои сите блокови и удари започнуваат од центарот кон противникот, со што на практикантот му даваат целосна заштита и го чинат многу брз во борба.

-          Набљудувај го лактот на противникот. Доколку сакате да ја придвижите раката, нормално дека и лактот ќе се придвижи, како последица на тоа. Научно е докажано дека при директен удар, популарно наречен “директ” во светот на боречките вештини, лактот зад тупаницата доцни 2.5 пати, додека при кружен удар “кроше” лактот зад тупаницата доцни 4.5 пати. Поради ова винг- чунот советува секогаш да го следите лактот на противникот, бидејќи така ќе откриете со која рака или нога ве напаѓа, а при тоа ќе имате доволно време за да примените некоја од научените техники на самоодбрана.

-          Борете се на “слепата страна”. Во винг-чунот слепа страна се смета надворешната страна од водечката рака на противникот. Доколку дојдете во оваа позиција, тогаш имате голема предност над противникот, поради тоа што практично истиот не е во позиција да ве нападне со другата рака. Всушност, вашите две наспроти една негова. Никогаш немојте да стоите на средина во случај на напад, бидејќи тогаш ќе се соочите со многу тешка ситуација во која ќе бидете приморани постојано да се браните – доколку успеете во тоа. Затоа борете се на “слепата страна”.

-          Натерајте го противникот да се брани. Иако винг-чунот во текот на неговото тренирање изучува разни видови на блокови, практикантот секогаш се советува да не блокира премногу. Не можете ефикасно да се одбраните ако постојано блокирате. “Нападот е најдобра одбрана”. Поради принципите на “централната линија”, одбраната и нападот се скоро истовремени, што ви овозможува брзо преоѓање во противнапад.

-          Нападнете го балансот на противникот. Од погоре кажаното, балансот е основа за успешно изведување на напад и одбрана. Истото важи и за противникот. Затоа, при првиот контакт со противникот, со контрола на неговиот лакт, вие ќе бидете во предност да ја контролирате неговата рамнотежа. Тоа треба да е целта на вашата одбрана.

-          Удирајте со ногата ниско во противникот. Многу едноставно, за разлика од високите удари, ниските удари се многу брзи и тешко се бранат. Покрај тоа, истите даваат совршена рамнотежа, така што се многу посилни и не ја нарушуваат концепцијата на борбата. Затоа винг-чунот советува ниски удари со нога.

-          И нормално за крај, желбата за победа. Треба да верувате во победа и вие навистина ќе победите. Тоа е она што јас го велам: 80 % од човековото битие, кое е неразделно од него, физички не се гледа, но и најлутиот и силен противник во дадена ситуација може да го почувствува. На далечниот исток има една легенда во која некој си селанец бил предизвикан на двобој од страна на некој самурај, поради несогласување околу една девојка. Селанецот имал два дена да се подготви за двобојот. Знаеќи дека нема никакви шанси против самурајот, селанецот отишол и побарал помош од локалниот будистички свештеник. Свештеникот искрено му рекол дека за него нема спас, меѓутоа му покажал и го посоветувал како да го држи мечот и да заземе став за борба при излегување на двобојот. Наредните два дена селанецот напорно го вежбал ова. На денот на двобојот, селанецот го направил она што најдобро го знаел – го зазел ставот за борба со целото свое битие. По некое време самурајот го замолил селанецот да го откажат двобојот.

И најмоќното оружје во рацете на неодлучниот борец е бескорисно.

 

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.