logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Смртоносен допир или „дим мак“

Понеделник, 30 Јуни 2008 19:00

23
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(8 гласа, просек 4.25 од 5)

ВИСТИНСКО ФИЛМСКО СЦЕНАРИО

Боречката вештина винг чун кунг-фу била создадена за да можат и помалите луѓе (по висина и по тежина) да ги совладаат посилните и поголеми напаѓачи.

За таа цел оваа вештина користи напад на акупресурните точки, како една од методите за брзо совладување на противникот. Акупресурните точки ( акупунктурни точки), кои ги има речиси 744, лежат по должината на меридијаните распоредени низ целото тело. Според кинеската медицина, низ меридијаните тече таканаречената животна енергија („чи” внатрешна енергија), која е исто така одговорна за циркулирањето на крвта во телото на човекот. Секој меридијан е поврзан и одговорен за правилна работа на специфичен внатрешен орган. Оваа животна енергија и крвта се многу важни за хранењето на клетките и на ткивата, што придонесува за добро здравје на човекот.

Во моментот кога ќе биде нападната одредена точка, се создава блокирање на енергијата на меридијанот на кој лежи точката, а со тоа се нарушува правилната работа на органот што е поврзан со тој меридијан. Ако трае блокадата на енергијата и ако не се третира, може да дојде до сериозни оштетувања на органот, па дури и до откажување на неговата работа. Ова повлекува други здравствени последици, па дури и смрт, знаејќи дека телото работи како систем во целина. Оваа техника во винг чунот се нарекува „дим мак” или, популарно наречена, „смртоносен допир”. Точките на притисок најчесто се многу чувствителни имајќи на ум дека повеќето луѓе имаат неизбалансирана внатрешна енергија. За оваа техника не треба преголема сила, со што и послабите и помалите луѓе можат успешно да ја користат за да го совладаат или да го онеспособат противникот, со што им останува повеќе време (на понежниот пол), да избегаат од местото на нападот. Но има еден клучен момент, кој ќе биде обработен во продолжение – за да биде успешна техниката, треба голема точност при напаѓањето на одредена точка, знаејќи го фактот дека, најверојатно, ќе се соочите со противник што ќе напаѓа со раце и со нозе, а претставува цел во движење.

Како да го решите “проблемот”

Како основен принцип што го фаворизира винг чунот е скоро истовремена употреба на блок – удар, со што се овозможува:

  • Претворете ја вашата одбрана во контранапад. Повеќето блокови во ВЧ, блок – ударот го употребуваат скоро истовремено, со што противникот ќе го ставите во дефанзива.
  • Бранете се со едната рака, а со другата напаѓајте.
  • Секогаш контролирајте го лактот на противникот, а со тоа и неговиот баланс, при што се овозможува отворање на местата каде што сакате да нападнете.

Крајната цел на ова е да се испрати точен удар во посакуваното место на целта што се движи, на што претходи стабилизирање во моментот на ударот. Стабилизирањето на движечката цел во винг чунот се врши со контрола на противничкиот лакт во насока што овозможува нарушување на неговата рамнотежа. При оваа ситуација противникот ќе биде приморан да се стабилизира, со што нема да биде во позиција да се брани, ќе остави многу цели (точки на притисок) отворени за напад, а во моментот на неговото стабилизирање еден мал временски период ќе остане неподвижен – тоа е моментот кога треба да нападнете. Тоа е кус момент во кој треба да ја нападнете точката на притисок, со што противникот ќе го ставите во позиција да се брани, меѓутоа по првиот, веднаш треба да следува уште ден напад запазувајќи го истиот принцип што беше претходно опишан. Ако нападнете прерано - ќе ја промаршите целта, ако нападнете предоцна, противникот нема да биде во саканата позиција, ќе блокира и ќе му се создаде позиција да ве нападне. Затоа треба да ја развиете способноста на вашиот тајминг.
Со напорно вежбање треба да се развие способноста за добар баланс, напад и одбрана. Целта е да се развие инстинктивен одговор на целото тело, како целина (ментално и физички), ако ве нападнат. Патот по кој се одвива:

  • Очите треба да ви бидат вперени во противничкиот лакт, со што правилно ќе ги оцените неговата намера и растојанието.
  • Централната линија и правилната работа на нозете ве носат на вистинската оддалеченост и аголот од противникот.
  • Го применувате правилото за истовремен напад – одбрана со контрола на противничкиот лакт.
  • Вашиот мозок ги обединува сите овие постапки во една целина.

Ова се постигнува со специјален тренинг-вежби развиени за овој систем, кои од друга страна, по одреден период, ви овозможуваат ова да прерасне во инстинктивна реакција без размислување, што води до сигурен успех.

Оружје за изведување на техниката „дим мак“

Главно оружје што се користи за изведување на оваа техника се прстите, а со терминологијата на кунг-фу е наречена „бил џи” техника. Првиот клучен момент во употребата на прстите за удирање е да ги држите стегнати едни до други. Ако ги држите раздвоени, нема да бидете во можност да ја ослободите енергијата потребна за удирање и, уште полошо, може да се повредите. Вториот клучен момент е зглобот на раката. Кога удирате, прстите и зглобот треба да бидат исправени, меѓутоа во моментот на допирот со целта зглобот треба да се свитка лево или десно или ако удирате вертикално, горе или долу. Ако удрите со исправен зглоб, 100% од енергијата што се враќа при ударот ќе се апсорбира во прстите, со што може многу лесно да се скршат. Од друга страна зглобот со неговото виткање придонесува во амортизирање на повратната енергија, со што се штитат прстите.
Следно е кондицирањето. Постојат повеќе методи на зајакнување на прстите (удирање во песок, макивара и др.), со што се овозможуваат доволно силни прсти имајќи на ум дека ударот со прстите се применува на меките ткива на телото на противникот.
Постојаниот тренинг овозможува течење на енергијата „чи” низ вашите прсти. Тоа се постигнува така што вршите спој на менталниот и на физичкиот склоп со секој повторен удар. Тренингот е пат кон успехот.
Успехот при употребата на прстите како средство за борба е во нивната дополнителна должина, како и различните агли до целта во која се удира.

Кус опис на меридијаните и на акупресурните точки

За да користите „дим мак” техника, треба да имате големо знаење од областа на кинеската медицина. Според неа, човекот има дванаесет основни и осум екстра-меридијани, сите поврзани со специфичен внатрешен орган на кој се сместени акупресурните точки. Низ овие меридијани кружи таканаречената животна „чи” енергија. Акупресурните точки се места со голема чувствителност. При удар во определена точка настанува блокирање на енергијата, со што се оштетува или се предизвикува неправилно работење на внатрешниот орган поврзан со таа точка.
Клучниот момент што треба да се знае е времето за да се изврши нападот врз одредена акупресурна точка. Во текот на денот енергијата „чи” во одреден временски период е повеќе концентрирана во определен орган, т.е. во соодветниот меридијан на тој орган, така што целосен ефект при употребата на техниката „дим мак” е напад во одредено време.
Меѓутоа, акупресурните точки се и така сензибилни, па при удар надвор од временската зона, ударот ќе произведе голема болка, со што ќе се создаде можност бргу да го совладате противникот.

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.