logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва и видео записи

Следни настани

  • Наскоро :
    ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА“
    на ТВ АЛФА
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • СЕМИНАР :
    10-12 Декември 2010
    „Програм Д-р Бибан“
  • 10 - дневен ЛЕТЕН ОДМОР
    Јуни - 2011
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“


во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ЕКОЛОШКА ЕТИКА

Напишано од Доцент Д-р Марина Малиш Саздовска Недела, 06 Јуни 2010 20:41

,,Еколошката етика ги учи луѓето да внимаваат на природата и да се грижат да имаат добра животна средина[1]“. Ова залагање произлегува од повредувањето на природата и загадувањето на водите, воздухот, климатските промени, опасниот отпад и други видови на деградација на животната средина. Заради тоа, луѓето се загрижени за својата сегашност и иднина, од каде што произлегува идејата за соземање, сериозно постапување и внимавање на природата.

Еколошката етика претставува филозофска дисциплина која се занимава со спонтаното и научното однесување на човекот кон животната средина. Преку еколошката етика се формираат всушност моралните норми на однесувањето на луѓето кон живите организми во природата, како и кон факторите кои влијаат во обезбедувањето на животот. Човекот е во постојана интеракција со природната средина и неговите интервенции кон средината треба да се регулираат преку етичките односи. Филозофијата на еколошката етика се развива од 70-тите години на минатиот век, со цел заштита на животната средина, критикувајќи го економскиот развој кој бил во функција на материјалното богатење, без да се води сметка за зачувување на здравата човекова околина.

Повеќе...
 

ПРОБЛЕМ СО ДЕПОНИРАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ И ФАРМАЦЕВТСКИОТ ОТПАД

Напишано од Доцент Д-р Марина Малиш Саздовска Недела, 04 Април 2010 15:57

Проблемот со депонирање на отпадот од кој вид претставува сериозен проблем кој е потребно да се решава во најбрз можен рок, заради можните негативни последици кои можат да настапат како резултат на неадекватно третирање на отпадот. Во светот постојат стандарди за начинот и постапката за депонирање на отпадот, начинот на работење на депониите и сл. Со усогласувањето на нашето законодавство со европското, имплементиравме некои од стандардите, но се поставува прашањето за нивна примена во практиката ...
Повеќе...
 

УЛОГАТА НА ИНТЕРПОЛ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Напишано од Д-р Марина Малиш Саздовска Вторник, 30 Март 2010 10:20

399
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(1 глас, просек 5.00 од 5)

Интерпол, како меѓународна организација за борба против криминалот на глобално ниво и во светски рамки, ги поддржува и помага сите организации, власти и служби чија мисија е превенција и борба против меѓународен криминал. Во Интерпол членуваат 184 земји членки, чија примарна цел е собирање, споредување и размена на информации. Заради спречување и борба со еколошкиот криминал, 1993 година e формиран Комитет за еко-криминал, кој организира, меѓу другото, и меѓународни конференции за еко-криминал, помага во идентификување на проблемите поврзани со истрагите за еколошки кривични дела и идентификува решенија за спречување на овој тип казниви поведенија...

 

Повеќе...
   

ПУСТОШЕЊЕ ШУМА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Напишано од Доц. Д-р Марина Малиш Саздовск Недела, 08 Ноември 2009 04:00

Пустошењето на шума во Република Македонија претставува сериозен еколошки проблем. Ова казниво поведение е најзастапено од областа на еколошките кривични дела, пропишани во гл. 22 на Кривичниот законик на РМ. Покрај застапеноста во голема мера[2], ова дело се карактеризира со нанесување на енормна штета, што се однесува до количината на нелегално сечената дрвна маса.

Што подразбираме под пустошење на шума? Секое поведение со кое се врши пренамена, сечење или касапење на шуми, подбелување на стебла или на друг начин, се пустоши шумата. Ова поведение има потежок облик доколку се изврши во заштитена шума, национален парк или во друга шума со специјална намена.

 

Повеќе...
   

Актуелен број 25

  • aktuelen broj
    Архива на издадени броеви

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

РЕДОВНИТЕ ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕДИ (ПРОВЕРКИ) :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

SiFu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни
членови и посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

gorska

zepter

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2010. Сите права се задржани.;