logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ПУСТОШЕЊЕ ШУМА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Напишано од Доц. Д-р Марина Малиш Саздовск Недела, 08 Ноември 2009 05:00

368
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(6 гласа, просек 4.17 од 5)

Пустошењето на шума во Република Македонија претставува сериозен еколошки проблем. Ова казниво поведение е најзастапено од областа на еколошките кривични дела, пропишани во гл. 22 на Кривичниот законик на РМ. Покрај застапеноста во голема мера[2], ова дело се карактеризира со нанесување на енормна штета, што се однесува до количината на нелегално сечената дрвна маса.

Што подразбираме под пустошење на шума? Секое поведение со кое се врши пренамена, сечење или касапење на шуми, подбелување на стебла или на друг начин, се пустоши шумата. Ова поведение има потежок облик доколку се изврши во заштитена шума, национален парк или во друга шума со специјална намена.

 

Normal 0 false false false

Шумите претставуваат добра од општ интерес и природно богатство, заради што имаат и посебен третман и уживаат посебна заштита. Како добра од општ интерес, шумите и шумските земјишта треба да се одржуваат, да се обновуваат и да се користат, со што ќе се зачува нивната вредност и ќе се врши економично и целисходно постапување со нив.

Кои се мотивите за пустошење на шума? Мотивот на сторителите на ова кривично дело е да се снабдат со огревно дрво за свои потреби, што укажува на фактот дека куповната моќ на граѓаните е многу мала, и тие се принудени да се снаоѓаат на незаконски начин. Дрвната маса која е набавена на ,,црниот пазар“ е многу поевтина од онаа која е набавена законски, и тоа е една од причините заради која граѓаните се одлучуваат на ваков начин да се снабдат со дрва за огрев. Тоа пак погодува да се појави ,,шумска мафија“, која заради стекнување на значителна имотна корист од нелегална сеча на шума, ги пустоши шумите во голем обем. Дека навистина постои организиран криминал од страна на криминални групи и банди, ни потврдува фактот на убиството на шумскиот полицаец на Китка, убиството на двајца чувари на шума во Липковскиот крај, постојаните агресивни напади и закани врз лицата надлежни за одржување на ред во шумите и сл.

Покрај нелегалната сеча на шумите, постојат и други еколошки проблеми кои влијаат врз шумскиот фонд, како на пример: лизгање на земјиште, узурпација на шумата на Водно со градење на објекти во Горно Нерези, брзинските трки кои се организираат на просторот на заштитениот локалитет парк-шума ,,Водно“, појавата на шумски пожари и сл.

За значењето на шумите говори следниов податок: еден хектар шума годишно апсорбира 14,45 тони јаглерод диоксид; 57,8 тони прашина; 96,3 килограми сулфур диоксид; 96,3 килограми јаглерод моноксид, годишно испушта во воздухот 10,6 тони кислород и 1,4 тони разновидни супстанции кои имаат дезинфекциони и бактерицидни својства. Во европските градови претставува стандард да има 20-30 метри квадратни зелени површини по жител, додека во Скопје изнесува 7,5 метри квадратни по жител.[4]

            Доколку сакаме да ги зачуваме и користиме погодностите кои ги има шумата по здравјето на човекот и здравата човекова средина, потребно е во најскоро време да го зачуваме постојниот шумски фонд и да создадеме услови за негово зголемување. Во спротивно, ќе се доведеме во ситуација (колку тоа апокалиптично и научно-фантастично да звучи) да се движиме со  боци кислород на грбот и со заштитни маски на лицето.

 



[1] Наставник по Еколошка криминалистика на Факултетот за безбедност-Скопје

[2] Истражувањата во РМ последните години укажуваат дека во просек, од вкупниот број на извршени еколошки кривични дела годишно, половината отпаѓа на пустошење шума.

[3] М.Малиш Саздовска,Еколошка криминалистика,Скопје,2007

[4] Андов Р., „ Криза на екологизмот“,2000

< Пред

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.