logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ЕКОЛОШКА ЕТИКА

Напишано од Доцент Д-р Марина Малиш Саздовска Недела, 06 Јуни 2010 21:41

438
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(9 гласа, просек 3.44 од 5)

 

,,Еколошката етика ги учи луѓето да внимаваат на природата и да се грижат да имаат добра животна средина[1]“. Ова залагање произлегува од повредувањето на природата и загадувањето на водите, воздухот, климатските промени, опасниот отпад и други видови на деградација на животната средина. Заради тоа, луѓето се загрижени за својата сегашност и иднина, од каде што произлегува идејата за соземање, сериозно постапување и внимавање на природата.

Еколошката етика претставува филозофска дисциплина која се занимава со спонтаното и научното однесување на човекот кон животната средина. Преку еколошката етика се формираат всушност моралните норми на однесувањето на луѓето кон живите организми во природата, како и кон факторите кои влијаат во обезбедувањето на животот. Човекот е во постојана интеракција со природната средина и неговите интервенции кон средината треба да се регулираат преку етичките односи. Филозофијата на еколошката етика се развива од 70-тите години на минатиот век, со цел заштита на животната средина, критикувајќи го економскиот развој кој бил во функција на материјалното богатење, без да се води сметка за зачувување на здравата човекова околина.

Човекот, свесно или несвесно, со своето однесување уништува дел од природата и интервенциите ги прави заради ниската свест и етика кон животната средина. Еколошката свест би значела спротивно, односно земање од природата само толку колку што е потребно за задоволување на потребите, во согласност со природните закони на кружењето на материите, енергијата и обновувањето на животот. Тоа значи дека еколошката свест е поврзана со образованието и воспитувањето, што подразбира подобра информираност и почитување на моралните и етичките принципи кои се користат во одредени околности.[2]

Еколошките етички принципи упатуваат на грижа за здравјето и на начините како да се заштити здравата човекова околина. Покрај грижата за здравјето, потребна е и грижа за целокупниот жив свет:  човекот, растителниот и животинскиот свет на планетата Земја. При тоа се предлагаат  следниве начела: внимавање на здравјето, чување на природата и животната средина и др.

Оттука етиката станува наука за опстанокот.

,,Науката за природната средина се нарекува екологија, а ЕКОЛОШКАТА ЕТИКА ги учи луѓето да внимаваат на природата и да се грижат да имаат добра животна средина. Луѓето ги повредуваат природата и животната средина, има сè помалку дрвја, водите се позагадени, воздухот полош, луѓето прават сè повеќе ѓубре и тешко се справуваат со нечистотијата, климата се менува со лоши последици. Хемиските средства предизвикуваат болести и многу животни проблеми. Атомските средства се многу опасни. Умните луѓе се загрижени поради ваквите опасности и учат дека луѓето треба да се соземат, да постапуваат сериозно и да внимаваат на природата. Тоа е основната идеја и на денешниот и на утрешниот морал“.[3]

Според професорот Кирил Темков пак, денешните генерации треба да се научат колку е важно да се грижат за еколошката средина и да се трудат со сите сили да го спречат уништувањето на околината.

При денешното користење на природните ресурси, секако треба да се земат предвид  и потребите на идните генерации, притоа придржувајќи се на еколошките етички принципи. Во таа насока може да се наведат идеите за длабинска и хумана екологија. Хуманистичката димензија на екологијата ја дефинирал уште Никола Тесла  и тој ,,ја поврзува науката и хуманизмот, сметајќи дека научните истражувања и пронајдоците, заради владеење со законите на природата, треба да служат за обезбедување на удобна материјална егзистенција и благосостојба на сите (сите луѓе, човештвото, целата човекова заедница на планетата Земја). Овој став треба да биде почетно стојалиште во пронаоѓање на решенија за еколошките проблеми во современиот свет, т.е. во зачувување на животната средина на човекот, водејќи сметка за неговото достоинство“.[4]

Ваков став се јавува и денес кај одредени еколози кои го воведуваат поимот на длабинска екологија. Длабинските еколози се залагаат за обѕир таму каде што тоа не е неопходно. Луѓето не треба кон природата да се однесуваат подобро само заради тоа што така и таа ќе се однесува подобро со нив. Почитувањето на животот има своја најголема вредност таму каде што човекот нема материјална корист. Доколку ја заштитуваме средината само заради зачувување на сегашните извори на суровини, во тоа нема ништо морално. Потребно е да ги почитуваме моралните вредности во случај кога средината ништо не ни нуди, како што е случајот со заштитените средини и паркови.[5]

На овој начин се предлага почитување на високоморални и етички принципи, бидејќи се наложува размислување дека и во случај кога човекот нема интерес, треба да се грижи за природата, водејќи сметка за достоинството на човекот при зачувувањето на животната средина.



[1] Според Рејчел Карсон - основач на биоетиката Рејчел Карсон (1907-1964) е заслужна за раѓањето на биоетиката како грижа за Природата и добрата животна средина. Има напишано книга за морските простори и животни. Се загрижила зошто повеќе не се слуша веселото утринско црцорење на птиците. Открила дека хемиските средства против инсектите ги убиваат и птиците влијаат на породот. Напишала книга „Замолчана пролет“ (1962), Карсон е иницијатор на еколошката етика и на новата учена грижа за Природата и здравјето.

[2] А. Селмани: ,,Заштита и унапредување на животната средина“,  Бабилон, Скопје, 1991

[3] ,,Живеење со природата,,Табернакул, 2008, стр. 7

[4] Д. Марковиќ : ,,Актуелност разматрања Николе Тесле о еколошким проблемима.. “, Теме, бр .3, Ниш, 2006, стр. 384

[5] Ј. Келер: ,,Либерализам и права природе“,Теме, бр. 3,Ниш, 2006, стр. 40

< Пред   Следно >

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.