logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Електронскиот отпад и организираниот криминал

Напишано од Доцент Д-р Марина Малиш Саздовска Петок, 25 Февруари 2011 19:09

499
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(2 гласа, просек 5.00 од 5)

 

Покрај медицинскиот, фармацевтскиот, нуклеарниот и другите видови на отпад, постои сериозен проблем на глобално ниво со депонирањето на електронскиот отпад. Под електронски отпад се подразбира отпадот од електронските направи, како на пример: комјутери, принтери, факсови, монитори, ТВ-апарати и други електонски уреди.

Имено, проблемот произлегува од следниве факти: секоја година се создаваат 4 милиони тони е-отпад на светско ниво. Потребата за депонирање на овој отпад продуцира индустрија со приближно 2 милиони фунти промет. Оние кои се вклучени во трговијата, често се во странство и работат во европските земји кои ги посетуваат како туристи, или преку соработници кои се лоцирани во земјите извори на отпадот. Најчестите методи на илегален транспорт се етикетирање на пратките со друг назив или мешање на е-отпадот со друга легална пратка и е-отпадот содржи многу опасни токсини, како што се олово и кадмиум . . .

Проблемот со електронскиот отпад е во неговото отстранување. Речиси 7 милиони тони од високотехнолошки електонски отпад се создава во САД. Наместо да се користат инцелератори и постројки за рециклирање, е-отпадот едноставно се фрла како ѓубре.

Големата количина на е-отпадот е предизвик за компаниите кои се занимаваат со нивно отстранување. Секоја година се создаваат 50 милиони тони отпад од стари компјутери. Тоа создава големи проблеми за рециклирање и отстранување на е-отпад и може да се рече дека претставува „токсична темпирана бомба“.

Дестинациите на транспорт на отпадот се, на пример, од Канада  кон Малезија. Други најчести дестинации се Бразил, Кина, Мексико. Царинските инспектори во Хонг Конг откриле, во првите 10 месеци на 2007 година, 98 товари на опасен отпад. Најголем број, 24, се од САД, 13 од Јапонија, 7 од Канада,  6 од Панама и 5 од Соединетите Арапски Емирати. Помал број биле од европските земји, и тоа 3 од Белгија, 2 од Италија и 2 од Германија.

Е-отпадот содржи олово, арсен, антимон, селен, кадмиум, хром, кобалт. Комбинацијата на овие материи за време на топењето и горењето на отпадот, предизвикува локално загадување на воздухот и контаминирање на земјата и површината. Овие отрови, исто така, претставуваат потенцијален здравствен проблем, вклучувајќи болести на белите дробови, труење со олово и рак.

Најуспешен инструмент за контрола на е-отпадот и неговото илегално депонирање е Базелската конвенција за контрола на трансграничните движења на опасен отпад и негово отстранување (САД не е потписник ниту на оваа конвенција).

Најчестите начини на транспорт се преку патишта, возови или море.

Поврзаноста на организираниот криминал и е-отпадот се забележува на повеќе нивоа. Организираните криминални групи се поврзани со криминалот на загадување. Но, тие се послабо поврзани. Малите групи се организираат за период додека не се заврши делото и да се остварат финасиските добивки, а потоа се растураат под притисок за формирање на нови групи. Еден начин на делување се „отпад туристите“, кои претставуваат индивидуалци кои ги посетуваат одредените земји, со намера да организираат извоз на отпадот. Тие се поврзуваат во одредени случаи и со царината, со цел избегнување на откривање на траспортот.

Генерално се чини дека традиционалните криминални фамилии имаат одредено ниво на учество во индустријата со опасен отпад, но, овој тип на организација е помалку вообичаена од лабаво структурираните мрежи. Се потврдува дека традиционалните организирани криминални групи во 1970 година  биле инволвирани во индустријата за цврст отпад (ѓубре) во Њујорк и Њу Џерси.

Под маската на легитимен бизнис, организирани криминални групи го користат правото на сопственост, предаторски цени и закани од насилство, со цел да доминираат во индустријата за цврстиот отпад.

Организаторите на криминалните активности во врска со е-отпадот се поврзани со клучни лица во секторот за рециклирање, владини агенции и царинските власти. Причината за појава на овој вид криминална активност е високата цена на чинење на рециклирањето, отстранувањето и неутрализирањето на токсичниот отпад, и наместо тоа, се врши илегално депонирање.

Со цел сузбивање на ваквата криминална активност во врска со депонирањето на електонскиот отпад, потребно е во наредниот период да се преземат мерки и активности од надлежните институции, со цел создавање услови за рециклирање на овој опасен отпад. Исто така, потребна е изградба на инцелератори, но и воведување на систем за контрола, со кој ќе се овозможи контрола на опасниот електронски отпад, доколку имаме за цел зачувување на животната средина и создавање на услови за здрава животна средина за наредните генерации.

Следно >

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.