logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ОСОЗНАВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО ЗНАЧИ ОБЕДИНУВАЊЕ А НЕ РАСЦЕПКУВАЊЕ НА ТЕЛОТО

Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 31 Јануари 2012 21:45

545
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(10 гласа, просек 5.00 од 5)

 

Можеби и друг пат сум зборувала на оваа тема, но сепак чувствувам дека е време повторно да се навратам на некои моменти од медицинската наука кои мислам дека се клучни да се разберат од страна на пациентите но се разбира и од страна на докторите, за да се постигне вистински успех во заштита на здравјето на современиот човек. На потребата уште еднаш да се навратам на темава ме поттикнаа секојдневните јавувања во центарот на 8-КА од страна на пациенти кои имаат проблем со најразлични хронични болести и кои бараат објаснување од 8-КА дали можеби може да се помогне нешто во врска со нивната состојба.

„Дали програмата на 8-КА може да ми помогне нешто околу дијабетот?“

„Дали според исхраната на 8-КА може да се помогне нешто околу проблемите со опстипација?“

„Дали ми гарантирате дека ќе ослабам ако се хранам според препораките на 8-КА?“

„Моето дете има анемија, па дали може да се помогне нешто околу тоа?“

„Имам висок крвен притисок, дали исхраната може да ми помогне да го регулирам истиот?“

Ова се само дел од прашањата кои ги добивам по меил или по телефон од гледачите на ТВ серијалот „8-КА Ѕвезди“ кој се емитуваше на ТВ Алфа. Се разбира дека сите кои се интересираат за програмата на 8-КА добиваат целосни објаснувања за начинот на кој таа функционира, но сепак, и покрај тоа што и самиот серијал „8-КА Ѕвезди“ во детали ја опиша целата програма на лекување со храна и со здрави животни навики, мислам дека некои работи треба да се потенцираат уште еднаш.

Секој кој страда од некоја болест, мора да сфати дека неможе да ја совлада болеста и да го обнови своето здравје, ако на болеста гледа како на изолирана работа од која страда само еден или два од неговите органи ...

Повеќе... Додади коментар
 

ЗАВИСНОСТ, ОДНОСНО РОПСТВО, НАСПРОТИ СЛОБОДА . . .

Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 10 Јануари 2012 00:28

543
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(12 гласа, просек 5.00 од 5)

 

Периодот на празниците е многу добра прилика да се тестираме самите себеси за тоа колкава контрола имаме врз своето сопствено здравје или уште поточно кажано колкава контрола имаме врз себеси како личност.

Пред Новогодишните Празници бев повикана да гостувам во утринската програма на ТВ Алфа и да зборувам на тема „Храната за време на празниците“. Моето излагање беше во правец на тоа дека празниците не треба да значат губење на способноста да се контролираме себеси и своето здравје и да јадеме се и тоа во преголеми количини... Мојот став во однос на темата беше остро искритикуван од страна на еден гледач, но морам да го кажам и тоа дека на мое големо задоволство во програмата се вклучија и други гледачи кои го подржаа моето излагање и сугестиите кои ги дадов...

 

На 1-ви Јануари бевме сведоци на извештаите во ТВ дневниците кои укажуваа на преголемиот број луѓе кои заради преголема консумација на храна и алкохол завршиле на Клиниката за Токсикологија и на Ургентниот Центар во Скопје и другите градови во Македонија. Некако по правило луѓето знаат дека алкохолот е нешто кое создава зависност кај луѓето, но многу помалку луѓе знаат дека и храната создава зависност, исто онака како и алкохолот, па оттука воопшто не ме изненадува негативната реакција на некои луѓе кон моите ставови за тоа дека без разлика на тоа за каква прилика се работи, подобро е да се „остане трезен“, односно да се има контрола над она што се внесува во устата. Но со ова не сакам да кажам дека не ги разбирам луѓето кои ја изгубиле таквата контрола ...
Повеќе... Коментари (6)
 

МЕСЕЦИ НА БОРБА ПРОТИВ КАРЦИНОМИТЕ – МЕСЕЦИ НА БУДЕЊЕ НА ЧОВЕЧКАТА СВЕСТ

Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 08 Ноември 2011 19:28

537
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(23 гласа, просек 4.43 од 5)

 

Предходниот електронски весник кој го испратив до читателите на 8-КА беше всушност информација за тоа дека во светот во тек е будење на човечката свест и осознавање на вистината за тоа кои се причините за тешките болести од кои страдаат милиони луѓе во светот и вистинскиот начин на борба против истите. Несомнено 21. век е век на духовно будење на човештвото, отворање на очите и согледување на правците кои водат до вистинска заштита на човечкиот живот. Така, наспроти месеците на „бајата борба“ против карциномите, во светот се означуваат месеци на будење на луѓето. Ако минатиот месец бил месец на будење на свеста во борбата против карцином на дојка, овој месец Ноември, во Америка беше наречен месец на будење на свеста во борбата со карциномот на панкреас. Всушност будењето на свеста на луѓето е неопходен и незапирлив процес кој се раѓа наспроти јаловата борба со карциномот на панкреас која резултира со се поголем број заболени од оваа тешка болест ...
Повеќе... Коментари (2)
   

МЕСЕЦ НА ОСВЕСТУВАЊЕ

Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Вторник, 18 Октомври 2011 00:00

535
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(28 гласа, просек 4.36 од 5)

Вечната борба против карциномите стана толку многу симптоматична, што неминовно води до размислување дали таква борба навистина постои или едноставно се води само таканаречена „политика на борба против ракот“. Секој месец е прогласен за месец на борбата против ракот на нешто, како на пример има месец против ракот на дојка, месец против ракот на бели дробови, месец против ракот на матка и т.н. Толку многу борби, а победник повторно е ракот...? Секогаш кога слушаме за таков месец, најпрво ни ги кажуваат бројките на заболени кои секоја година се поголеми од предходната. Е што борба ќе беше оваа? Аман, веднаш нека прекине!

Време е вистински да се направи нешто против ракот. Октомври стана месец не на борба против ракот, туку месец на освестување во борбата против ракот, ама не кај нас, туку во Америка. Така, на годишното собрание на Американската Диететска Асоцијација, онколозите диететичари јасно и гласно проговорија за потребата од поинаков пристап во превенција и лекување на ракот. Тие јасно истакнаа дека е време вистински да се позанимаваат и онколозите и диетолозите и целата медицинска фела, за тоа кои се вистинските причини за појава на ракот и кој е вистинскиот пристап во превенција и лекување на истиот...

 

Повеќе... Додади коментар
 

МАРКЕТИНШКА ЗАБЛУДА ЗА „ЗДРАВА ХРАНА“

Напишано од Д-р спец. Јадранка Бибан Недела, 02 Октомври 2011 15:48

533
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(14 гласа, просек 4.14 од 5)

 

Зависноста од одредени видови храна е исто како и зависноста од дрога. Тоа е така меѓу другото и заради начинот на производство на денешната храна, процесот на рафинирање не храната и количините на нејзиното консумирање. Многу често ми се случува во разговори со моите пациенти да слушнам верзија на неможност на откажување од благо. Но што значи тоа „благо“, односно кое е сфаќањето за благо на денешниот човек.

Под благо се подразбира интензивниот сладок вкус на чоколадото на пример, на шеќерот, па и на медот. Во едно мое неодамнешно интервју напишав дека и вкусот е само навика, но овде можам и да појаснам дека чувството на интензивно задоволство од вкусот значи и зависност.

Луѓето по природа имаат потреба да внесуваат калории од јагленихидрати ...

Повеќе... Коментари (6)
   

Повеќе Артикли...

  • МЛАДЕШКИТЕ АКНИ И ИСХРАНАТА
  • БИЗНИС СО СПИЈАЧКА АПНЕЈА
  • ПАРАДОКСОТ НА КРАЛСКАТА СРЕЌА
  • МИТОТ ЗА ЈАЗИКОТ ОБЛОЖЕН СО ШЕЌЕР

Страница 1 од 38

  • Почеток
  • Пред
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • Следно
  • Крај

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.