Нешто за бизнисот наречен дијабетис
Петок, 14 Ноември 2008 06:30
Големите и масовни убиства се нешто што го среќаваме во бесмислените војни кои секојдневно се водат во различни делови на светот. И тоа досега, во историјата на човештвото, се повторувало илјадници пати. Сите војни завршуваат со исцрпеност на двете страни, со победа на едниот или на другиот, со поука или ропство, со смена на власта...
Потребно е да сте логирани како член за да го прочитате целиот напис.
{reg}
Но онаа војна која денес се води со хроничните современи болести, се чини дека нема крај. Од ден на ден, жртви има сè повеќе, а победникот никако да се препознае. Кој ја води оваа војна? Дали тоа е војна меѓу болеста и пациентите? Или дали во оваа војна постои и трета страна, која е всушност и вистинскиот победник? Победник е онаа страна, која ја подржува болеста со сите сили, а од друга страна перфидно ги „помага“ нападнатите, односно пациентите, за да можат да истраат во таа борба, со оружјето кое е свртено токму против нив самите. Таа трета страна е непринципиелниот фармакобизнис и сите оние кои сакаат да ја девалвираат високата медицинска наука, користејќи ја за богатење и како средство преку кое ќе доминираат со судбината на целиот свет. Тие лицемери често напомнуваат дека човечкиот живот денес, благодарејќи на фармакологијата и нејзините чудотворни лекови, е подолг отколку во минатото, но забораваат да кажат дека токму тој живот на денешниот човек е ропски живот. Забораваат да кажат дека милиони луѓе во светот секојдневно робуваат на нивните скапи лекови и чекаат по аптеките на ред за да го добијат чудотворното помагало.
Дијабетесот, покрај карциномот и кардиоваскуларните заболувања, е болест која на фармакобизнисот му носи сигурна заработувачка. Секој дијагностициран дијабетичар станува доживотно врзан за лекови, а особено за инсулин. Дијабетесот денес, едноставно, се третира само со лекови, и болниот доживотно функционира само со овие помагала.
Медицината како да не сака да се позанимава со причините за појава на дијабетесот, слично како што е случајот со карциномите, каде исто така се третираат само последиците. А и едната и другата болест се само симптоми на нарушен метаболизам, и тоа со сигурност, со децении наназад се знае. Дали работата на лекарите, веќе одамна, значи само поставување на дијагноза и препишување на нов лек, и се разбира, водење на прецизна евиденција за тоа колку пациенти се на терапија и како истата ја земаат. За тоа педантно се водат болничките картони во кои се затрупани лекарите и другиот медицински персонал. И така, лекарот прецизно знае колку пациенти има ставено и на каква терапија, според она што го научил за болеста во медицинските книги од угледните, претежно западни стручњаци.
Колку лекари се запрашале зошто се присутни како стручњаци во медицината, зошто се во своите амбуланти? Дали за да препишуваат рецепти или можеби, за да го уклучат својот мозок и да почнат да размислуваат согласно професијата која ја одбрале да ја работат.
„Медицината не е повеќе независна професија. Докторите денес не се ништо друго освен врска која ја поврзува фармацевтската индустрија со потрошувачот“ – пишува американскиот лекар Др. Вернон Колеман.
{/reg}
| < Пред | Следно > |
|---|








