logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Кунг Фу во медицината

Понеделник, 17 Ноември 2008 06:09

141
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(2 гласа, просек 5.00 од 5)

Безброј пати досега ви напоменавме колку е важен вашиот животен стил, кој вклучува физичка активност.
И овој пат 8-ка ќе ви открие една тајна на најголемите Кунг Фу борачи. Тајната e за нивниот успех, за тоа како тие успеваат да го поврзат телесното со умственото.

 

Потребно е да сте логирани како член за да го прочитате целиот напис.

{reg}

Кунг Фу борачите најпрво ја употребуваат својата бистра свест и беспрекорна сила на духот. Во борбата со напаѓачите нивниот основен принцип е да не дојде до борба.

Да се избегне борбата е правило број еден на оној кој успеал да ја осознае највисоката вредност на човечкото битие.
Да се избегне борбата, да се делува и да се контролира ситуацијата комплетно. Да се оддалечи непријателот и да се држи на големо растојание од себе. Затоа, држете го ракот далеку од вас, само така ќе го совладате совршено.

 

Тоа е вистинската активност на умот и мудроста на човекот. По тоа се разликуваат Кунг Фу мајсторите од сите оние кои без размислување влегуваат во борба и многу често ги сносат последиците од неа.

 

Кунг Фу боречката вештина делува превентивно. Заради тоа, припадниците на Кунг Фу, историјата ги помни како најхумани луѓе во својата средина.
Тие имаат изградено цела стратегија за превенција од конфликт и неупотреба на сила. И вистински хуманите лекари треба да ги учат своите пациенти како да делуваат превентивно.

Тоа се учи напоредно со изучувањето на техниките за одбрана. Кунг Фу борач може да биде само оној кој го знае овој најважен дел од одбраната.

Затоа оваа вештина не е обично тепање, тоа е филозофија или уметност на однесување.

Од таму од каде потекнува оваа боречка филозофија, потекнува и неуништливата традиционална медицина.

Таа медицина израснала врз принципите: да не се дозволи да дојде до борба. Да се избегне борбата со сите болести, да се избегне дури и почетната битка.

Тоа е мудрост која многу луѓе на светот иако ја знаат, не ја применуваат. Но подоцна често се каат за тоа.

Не дозволувајте да се покаете за нешто што сте можеле да го имате, да го зачувате, да уживате во него, да бидете среќни. Тоа е вашето здравје.

Бидете Кунг Фу филозоф и држете го непријателот на прописна одалеченост од вас.

Но ова не е порака само за луѓето кои трагаат по вистинска заштита на своето здравје. Ова треба да е порака за сите фактори во заедницата. Начинот на исхрана е само дел, можеби најважен, но сепак само дел од нашиот животен стил. Уште толку многу фактори се потребни да ни се објаснат за да знаеме како да се одбраниме од досега најтешката болест во историјата на човештвото.

{/reg}

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.