logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва и видео записи

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • Наскоро :
    ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА“
    на ТВ АЛФА
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • СЕМИНАР :
    10-12 Декември 2010
    „Програм Д-р Бибан“
  • 10 - дневен ЛЕТЕН ОДМОР
    Јуни - 2011
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“


во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Превенцијата не е само право, туку тоа е обврска на сите

Напишано од 8ка Понеделник, 17 Ноември 2008 05:16

142
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(1 глас, просек 5.00 од 5)

Кога зборуваме за исхраната, не се работи само за тоа како ќе се консумира храната. Пораката треба да се испрати и до оние кои ја произведуваат храната. Но и до оние кои ја понудуваат храната.

Храната која е произведена на здрав и безбеден начин, значи здравје за сите. Оние кои произведуваат храна презагадена со пестициди, со хемикалии заради нечистата вода за наводнување, не можат да се пофалат со својата хуманост.

Потребно е да сте логирани како член за да го прочитате целиот напис.

{reg}

Тие луѓе всушност се нехумани и спрема самите себеси, бидејќи произведувајќи таква храна, и самите доаѓаат во допир со канцерогените супстанции и го уништуваат своето здравје.

А потоа, преку продажба на загадената храна го уништуваат и здравјето на другите. Дали се свесни за тоа? Дали државата е свесна за тоа?

Зошто здравствениот систем не започне превенција на карциномот од тука, од изворот на најголемиот број канцерогени супстанции?

Ние сме земја со сè уште релативно еколошки чиста средина. Тоа е нашиот главен адут во борбата со современите и тешки болести, меѓу кои и карциномот. Одржување на чистотата на нашата храна треба да биде наш најголем приоритет.

Органското производство на храната мора да е најстимулираниот дел од нашето стопанство.

На тој начин се задржува квалитетот на храната и нејзината вредност е поголема, но на тој начин се штеди и во здравството.

Се избегнуваат скапи, и често непродуктивни третмани на тешки заболувања, меѓу кои и карциномите. Нашата земја има капацитет за тоа.

И уште еднаш: карциномите се совладуваат на тој начин што не треба да им се дозволи да се јават. За да се постигне тоа, нам ни е потребен силен имунолошки систем.

Можеби не треба да кажеме силен имунолошки систем. Можеби е поточно ако кажеме неоштетен имунолошки систем, имунолошки систем ненагризан од р`ѓата на нашето нездраво однесување.

Имунолошки систем кој не морал да се троши на борба со нездрава калорична, мрсна храна, храна која нема природни витамини, антиоксиданси, храна која ги нема чистачите наречени растителни влакна.

Од спротивната страна на ракот, потребен е имунолошки систем кој ќе го создаде лично нашиот организам во соработка со природата.

Порастот на бројот на заболени од карцином, во извештаите на повеќе светски организации кои се бават со истражувања на ракот, на неколку пати се поврзува со намалената физичка активност на луѓето и консумирањето на премногу калорична храна. Според извештајот на СЗО, бројот на смртни случаи заради недостаток на

здрава храна од житарка, зеленчук и овошје, се доближува до број на смртност заради труење од чадот од цигари или заради небезбеден секс.

Според СЗО, секој човек во текот на денот треба да има најмалку по пет до девет оброци, каде ќе бидат застапени овошјето и зеленчукот. Но зошто повеќето луѓе тоа не го знаат? Затоа што немаат соодветна едукација за вредноста на храната.

Наспроти недостатокот на ваквата едукација, во текот на денот луѓето ќе видат десетици рекламни пораки за практичниот живот кој можат да го водат ако ги посетат рестораните за брза храна.

Производителите на брза храна го знаат рецептот за брзата заработка, па затоа и можат да одвојат многу повеќе средства за реклама на својот производ. Но, ред е да се запрашаме, каде е заедницата во сето ова? Кој треба да работи во спротивната насока?

Тоа треба да се оние кои не прифаќаат само брзо и рано откривање на ракот. Тоа треба да се оние кои одлучиле да се борат за тоа, ракот воопшто де не се појави. Тоа е високата медицина.

{/reg}

 

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Актуелен број 25

  • aktuelen broj
    Архива на издадени броеви

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

РЕДОВНИТЕ ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕДИ (ПРОВЕРКИ) :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

SiFu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни
членови и посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

gorska

zepter

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2010. Сите права се задржани.;