Бактерии за добро здравје
Петок, 21 Ноември 2008 05:46
Иако витаминот Б12 е најден во животинската храна, тој не е синтетизиран од страна на животинските организми.
Само бактериите можат да го синтетизираат витаминот Б12 и да го складираат во животинските ткива и така витаминот поминува преку ланецот на исхрана од еден на друг организам.
Потребно е да сте логирани како член за да го прочитате целиот напис.
{reg}
Преживарите (тревопасни животни) се единствените животни кои имаат вакви бактерии во нивниот желудник, каде се синтетизира витаминот Б12, кој потоа се апсорбира преку нивното тенко црево. Месојадните животни го набавуваат овој витамин преку исхрана со тревопасните животни.
И човечкиот дигестивен тракт содржи бактерии кои синтетизираат витамин Б12. Присуството на овие бактерии е многу важен факт во објаснувањето на многу ретката појава на недостаток на витамин Б12 кај луѓето, па дури и кај строгите вегетаријанци кои цел живот се хранат вегетаријански. Дебелото црево кај луѓето содржи најголем број од овие бактерии (4 трилиони на цц фецес) и тука се создава најголемото количество на вит. Б 12 кај човекот. Но, бидејќи Б12 се апсорбира преку тенкото црево, кое се наоѓа над дебелото црево, витаминот Б12 не е достапен за апсорпција (луѓето не јадат фецес). Фецесот на луѓето, кравите, кокошките, овците, содржи големи количини на витамин Б12. Сè додека луѓето живееле во непосредна заедница со овие животни на домашните фарми, многу луѓе внесувале доволно витамин Б12 внесувајќи не толку измиено „дезинфицирано“ овошје или зеленчук.
Сепак, зошто растителната храна за која сме убедени дека е вистинскиот избор за здрав и безбеден живот за луѓето, сепак е храна со недостаток на еден многу важен витамин? Објаснувањето лежи во начинот на кој живее современиот човек. Средината на современиот човек се стреми да биде комплетно „исчистена“ и скоро стерилна, ослободена од сите такви „мали суштества“ наречени бактерии и обвинети за безброј тешки болести. Уште со откривањето на светот на бактериите од страна на Луј Пастер во 1877 година, сета сила се насочи во уништување, стерилизирање, прекумерно чистење на сè што се јаде, каде што се живее. Се отиде во прекумерна употреба на антибиотици, дезинфициенси. Можеби сето ова е последица на премногу „исчистениот“ современ човек.
Човечкиот организам во текот на својата еволуција се развил во совршена машина за апсорпција, искористување и складирање на овој витамин. Човечкото тело има потреба од околу 3 микрограми Б12 дневно што е многу мала количина (1 микрограм е милионити дел од грам). Значи, луѓето се така дизајнирани што имаат потреба од премногу мала количина од овој витамин.
{/reg}
| < Пред | Следно > |
|---|








