Извори на витамин Б12
Петок, 28 Ноември 2008 04:51
Мали дози од 0,3 до 0,65 микрограми днево ја лечат мегалобласната анемија. Но, тешко е да се набават толку мали дози на Б12. Таблетите содржат околу 500 до 5000 микрограми. Овие дози се добри за да се оствари таканаречената пасивна апсорпција на витаминот, која се случува при оштетување на дигестивниот тракт. Но, кога е човекот здрав, тогаш тоа се преголеми дози и можеби 1000 пати поголеми од потребното.
Бидејќи Б12 содржи еден молекул на минералот кобалт, тој често се наоѓа под името Кобаламин. Како додаток на храната и како таблета, овој витамин се наоѓа најчесто под името цијанкобалтамин. Неговата делотворност кај невролошките проблеми е дискутабилна, но другите форми како метилкобаламин и хидроксикобаламин, можеби се подобар избор при лекување на недостаток на вит. Б12.
Важно е да се одбере биоактивната форма на Б12. Има многу супстанции како додатоци на храната кои се слични на Б12, како што е спирулината на пример, но сепак тие не се делотворни.
Некоја храна која е подложена на бактериско вриење, како што е темпех и мисо, како и некои морски алги, се посочуваат како извори на Б12. Темпех и мисо немаат Б12, но нори – сува зелена и виолетова морска алга која се користи за подготвување на суши, може да е добар извор на Б12.
| < Пред | Следно > |
|---|








