Нашата стерилна нација
Петок, 28 Ноември 2008 04:55
Една многу „убава вест“ и надеж за безнадежните, последниов месец струи низ нашите медиуми. Имено, стотици, односно илјадници парови во Македонија кои не можат да добијат дете, сега имаат можност да го направат тоа бесплатно на некои од гинеколошките клиники во земјата.
Потребно е да сте логирани како член за да го прочитате целиот напис.
{reg}
И така, стотици парови се стрчаа да фатат ред во редицата на среќата, да станат родители, нешто што го посакуваат од сè срце, а не можат да го остварат. Стотици осигуреници на Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе го направат тоа со сино картонче и само со мала партиципација.
Аман, големи доктори, не ли сте загрижени за нашава нација? Па што работите вие? Колку сте посовремени доктори, толку поболни се пациентиве...
Дали тоа нашата медицина го фаќа ритамот на современата светска медицина? Дали и ние конечно „влегуваме во лавиринтот на медицинскиот бизнис“, или тоа одамна веќе го правиме, без да почувствуваме. Дали лекарите конечно успеаја да станат „современи големи стручњаци“, па на цел глас извикуваат:
„Ние сме техничко-стручни лица, па затоа, ако имате проблем и само неколку месеци од вашите обиди да добиете дете не сте успеале, тогаш не се вознемирувајте, тоа ќе го направиме по вештачки пат...!“
Замислете, една мала земја, како Македонија, има илјадници неплодни бракови! Како се случи една таква работа? Дали сите тие парови се навистина неплодни или денес многу лесно се прогласуваат за неплодни. Дали се изгубија правилата на медицинската наука според кои еден пар се прогласува за неплоден, или дајте, тоа нека биде многу полесно и нека има многу кандидати за вештачко оплодување.
Знаете ли колку многу жени и нивните партнери немаат никакво органско пореметување, а сепак, заради тоа што не успеале да добијат дете извесен период, се подвргнуваат на вештачко оплодување. Кој ги советува така? Па ако не постои органска пречка за тоа да се забремени по природен пат, зошто би било успешно вештачкото оплодување?
Меѓутоа, на медицината многу полесно и е да го направи вештачкото оплодување, отколку да навлезе малку подлабоко во причините за „стерилитет“. А знаете ли зошто? Затоа што ќе се загрозат нечии интереси. Затоа што ќе се побара објаснување за исправноста на храната, но и за исправноста на многу препарати кои се користат во секојдневието. Затоа што ќе се разоткријат многу причини кои водат до стерилитет, а „се лекуваат без пари“.
За да се совладаат многу причини за стерилитет, пациентите треба само да добијат соодветна едукација за тоа, а не треба да плаќаат големи пари. Е сега, замислете колку многу би изгубила медицината, фармацијата, прехранбената индустрија, хемиската индустрија, ако се намали бројот на „муштериите“.
Од лекување на стерилитетот, кој во многу случаи и не постои, се прават огромни приходи, па дури и во мала земја како што е нашата.
Последниве денови, известувајќи за можноста за „бесплатно“ вештачко оплодување, медиумите посочија дека се создадени бескрајни редици на кандидати за тоа.
Само еден новинар на една телевизија, срамежливо прокоментира дека многу од причините за стерилитет се всушност нездравите животни навики. Но, тој новинар не кажа, а можеби и не знаеше, дека нездравите животни навики не се лекуваат со вештачко оплодување.
Затоа кога на некој пар ќе му се сугерира вештачко оплодување, и покрај тоа што не постои познат и дијагностициран проблем за нивниот стерилитет, треба да го праша докторот: „Зошто докторе сметате дека ќе успее вештачкото оплодување ако ние како пар немаме никакова дијагноза, а сепак природното забременување не успева?“
Или можеби веќе сте го поставиле таквото прашање. Но сигурно сте останале без одговор. До колку не добиете одговор на сите прашања, тогаш треба да знаете дека секое понудено решение за вашиот проблем заслужува ваше размислување, но и второ и трето мислење. Можеби вие не сте стерилен, односно неплоден пар, туку едноставно сте пар кого некој го гледа како златна кокошка.
Можеби треба само да се спознаете себеси, да се едуцирате и да направите здрави промени во вашиот животен стил. За тоа не треба да чекате ред во некоја болница за вештачко оплодување, туку треба само да ја пречистите и да ја оплодите вашата природна љубов... без пари...
{/reg}
| < Пред | Следно > |
|---|






