logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

Наместо вистинско лекување

Петок, 28 Ноември 2008 05:01

162
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(2 гласа, просек 5.00 од 5)

Што прави современата медицина кога ќе настане нарушувањето? Таа работи по вештачки принцип, овде додај― таму одземи, овде помогни―таму зачисти, овде омекни―таму подмачкај... За сите овие работи, мудрите научници прават лекови по лабараториите, кои капиталистите скапо ги продаваат и прават профит. Секако, ако сакате да се одржите во живот, мора да ги купите.

Потребно е да сте логирани како член за да го прочитате целиот напис.

{reg}

Еден Американец, Томац Смит, кој боледувал од дијабетес, сфатил дека лекарите, со своите постапки, не го лекуваат, туку само го „подмачкуваат“ , па затоа почнал самиот да ги истражува причините за неговата болест и можностите за дефинитивно излекување. Во тоа и успеал. Своите сознанија ги публикувал во повеќе текстови кои се објавени онаму каде што „раката на семожниот“ фармакобизнис не стасала, бидејќи е познато дека повеќето стручни и популарни медицински публикации ги финансираат и уредувачки ги обликуваат парите на фармацевтските компании.

Така, Смит открил дека во САД, помеѓу 1930 и 1940 година, многу нешта во врска со оваа болест веќе биле откриени и применувани.

Факт е дека уште многу одамна се знае дека „природните супстанции“ во исхраната се од особено значење за лечење на дијабетесот, така што едноставно, пореметениот метаболизам се враќа во нормала и сите биохемиски функции се одвиваат правилно.

Дури некои лекари, кои уште во 1920 година имаа успех во лекување на дијабетесот, тврдеа дека во лиснатиот зеленчук има природен инсулин, и големите количини од овој зеленчук водат до намалување на нивото на шеќер во крвта. Некои од нив тврделе дека тиквата која содржи цимет, има од таквиот „природен инсулин“. Се разбира, овде не се работи за „природен инсулин“, туку за природна и здрава растителна храна која придонесува за правилна работа на метаболизмот на шеќерите и на мастите.

Но, факт е и тоа дека природната храна не може да се патентира и да се продава, па затоа новиот лек против дијабетесот и понатаму се бара. Сè додека не се пронајде „новиот лек“ против дијабетесот, зборот „лечење на дијабетесот“ практично е исфрлен од медицинските учебници. Оваа болест не може трајно да се излечи, така знаат лекарите, туку само може доживотно да се контролира.

Денес мозочниот удар, многу срцеви болести, болести на крвните садови, артериосклерозата, тахикардијата, зголемениот крвен притисок, дебелината, зголемениот холестерол во крвта, оштетениот вид, бубрежните болести, цистите на јајаници, кандидијазата, пореметената работа на црниот дроб, зголемениот шеќер во крвта, пореметениот метаболизам на масти и уште многу други симптоми кои денес се таканаречени „болести со епидемиски размери“, некогаш беа само симптоми на дијабетесот. Се разбира, сите овие болести не се секогаш симптоми на дијабетесот, но сепак тој факт им помогна на медикопрофитерите да ја замаскираат целата оваа работа со продажба на лекови кои ќе се користат до крајот на животот од страна на милиони луѓе во светот.

Така, денес многу симптоми на дијабетесот ги лекуваат интернистите, кардиолозите, уролозите, психијатрите, како болести од свој домен. Лекувајќи ги сите овие симптоми како посебни болести, се игнорира вистинската причина за најголем број од нив, а тоа многу често е дијабетесот. Така, крвните садови се лекуваат со бај пас операции, срцето се лекува со лекови за подобра работа на срцевиот мускул и со песмејкери, без оглед на тоа што по бај пасот се живее отприлика исто толку долго, колку што би се живеело и без операцијата. Но кардиохирургијата е голем бизнис, а кардиохирурзите се големи ѕвезди. Се чини дека современата хирургија стана толку монструозна и лишена од секаква етика, само затоа што луѓето со време тоа го прифатија како „достигнување на модерната медицина“.

Според некои податоци, секој втор Американец денес страда од по некој од симптомите на дијабетесот. Една третина од жителите на САД имаат проблем со дебелината, а денес тоа е сè поголем проблем кај децата. И нашата земја, односно и жителите на земјите од бившата СФРЈ, со ваквите здравствени проблеми денес, се приближуваат со голема брзина кон западниот свет.

Дека денес воопшто не се ни помислува на можноста за лечење на дијабетесот, покажува и податокот дека уште во 1960 година, јапонскиот лекар Нијоти Сакаразава напиша: „...ниту еден лекар од запад не може да го излечи дијабетесот дури ниту по 30 години од откритието на инсулинот. Лекарите и натаму ги осудуваат дијабетичарите препишувајќи им инсулин до крајот на животот, и покрај тоа што на прославата на 25-годишнината од откривањето на инсулините беше истакнато дека инсулинот не го лечи дијабетесот. Во меѓувреме, дијабетичарите платија цело богатство за да го купат она што не ги лечи. Бројот на заболени од дијабетес секој ден е сè поголем. Кога некој еднаш ќе почне да користи инсулин, тогаш ќе се знае дека до крај на неговиот живот тој ќе ги полни џебовите на лекарите и на фармацевтските компании“.

Во 1964 година, истиот Сакаразава изјави: „Сигурен сум дека западната медицина, кога―тогаш ќе го признае она што на исток одамна е познато – белиот рафиниран шеќер неспорно е убиец број еден во историјата на човештвото – многу посмртоносен и од опиумот и од радиоактивноста. Белиот шеќер е најголемото зло на модерната индустријализирана цивилизација со кое е казнет далечниот исток и Африка... луѓето кои даваат и продаваат слатки на децата и бебињата, еден ден ќе одговараат за тоа“.

Но, на размислувањето и храбрата изјава на овој доктор од 1964 година, треба да се додаде една многу важна информација. Не е само белиот шеќер причината за дијабетичната несреќа, туку воопшто богатата калорична храна, без разлика каков вкус има таа. Не е само белиот рафиниран шеќер единствениот виновник, туку месото, млекото, јајцата, но и рибата која „на полна уста“ ја препорачуваат големите стручњаци. Најголема „местенка“ на прехранбената индустрија се и хидрогенизираните масти, односно маргарините, на кои многу често пишува: „диетални намази, здрави и пожелни за правилен раст и развој на децата“. Тоа е најголема лага.

Каков е ефектот кога една популација ќе почне да консумира рафинирани производи и прекалорични намирници, и колку многу капитализмот е перфиден во остварување на своите цели, правење на пари, зборува случајот за кој се верува дека се одиграл во Виетнам.

Имено во Виетнам, американската влада направила многу успешен програм за продажба на рафиниран виетнамски ориз (каков што се продава и кај нас по супермаркетите и пазарите), како замена за нивниот нерафиниран, интегрален ориз кој е богат со витамин Б. Веднаш здравјето на Виетнамците било значително нарушено, особено затоа што покрај таквата храна, станале и чести корисници на освежителните пијалаци со вештачки шеќери.

По сè изгледа дека оваа состојба на драстично пореметување на здравјето на Виетнамците, во 1971 година беше обелоденето како појава на „мистериозна болест“, која се заканувала со епидемија. Така, веднаш било започнато да се бара вакцина, како вакцината да ја лечи болеста. Предупредувањата биле емитувани преку радио и милиони летоци биле пуштени од авиони. Така илјадници луѓе биле „спасувани“ со вакцини...

 

(според написот „Дали дијабетесот не се лекува затоа што е бизнис?“)

{/reg}

 

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.