БОРБА СО БОЛЕСТА НАРЕЧЕНА ДЕБЕЛИНА
Среда, 25 Февруари 2009 15:33
НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ГЛАДНИ И ДЕБЕЛИ
Ако сакате да ослабите, немојте никогаш повеќе да дозволите да бидете гладни. Гладот е ваш вистински пријател, а пријателите заслужуваат почит. Гладот ја одржува вашата телесна тежина. Колку повеќе јадете, толку повитки станувате. Дали ова ви звучи нелогично? Ако е така, тогаш многу информации ви недостасуваат и секако дека ќе ви биде тешко да ослабите.
Почитувајте го гладот, односно секогаш кога сте гладни јадете, бидејќи гладот е дарба од природата. Но и убавиот изглед исто така е дарба од природата. Дали можеме да имаме две природни задоволства истовремено? Да јадеме колку сакаме, сè додека не го задоволиме гладот и истовремено да изгледаме убаво. Колкумина од нас досега помислија дека тоа не е можно? Нели задоволството од јадење води до дебелина, а дебелината е болест? Од друга страна пак, ако гладуваме, ќе бидеме тенки, но и ако сме гладни пак, тогаш ќе бидеме малаксани, без енергија, едноставно ќе бидеме болни.
Дали е тоа човечка судбина, постојано да мора да се избира помеѓу две нешта кои подеднакво ги посакуваме, помеѓу две нешта кои подеднакво се важни – убавината и јадењето?
Во потсвеста на луѓето лежи инстинктот за убавината на телото, за тело кое е без масни наслаги, тело кое е пропорционално. Таквиот инстинкт не треба да се занемари, бидејќи тој ни го покажува изворот на здравјето на нашето тело, бидејќи само тенко и убаво градено тело зрачи со здравје. Дебелината е болест.
Но, од друга страна, гладот не е наш непријател. Гладот е инстинкт кој со илјадници години го одржал човечкиот род на оваа планета. Тогаш, не треба да се спротивставуваме на нешто што ни дава живот и здравје исто така.
Вистината е дека вие не можете да останете на некаква диета која со денови ќе ве држи гладни. Доволно е да прелистате било каков весник, секаде ќе прочитате различни совети за тоа како да ослабите. Единствена диета која можете да ја издржите е онаа која ќе ви дозволи да јадете колку сакате и колку за тоа имате потреба, а со тоа да ги намалувате килограмите и да го подобрувате вашето здравје.
Човекот обично мисли дека здравјето и убавината бараат жртва, одрекување, страдање.
| < Пред | Следно > |
|---|








