СО КОЈА МЕТОДА РЕШИВТЕ ДА СЛАБЕЕТЕ?
Среда, 25 Февруари 2009 16:10
Сигурно до сега сте пробале да ги броите калориите кои ги внесувате, да ги ограничувате за да му дозволите на телото да ги согорува мастите наталожени под кожата. Но не издржавте, затоа што бевте гладни. Кога и да го предизвикате гладот на двобој, губитникот сте вие, затоа што кога - тогаш ќе му се потчините, ќе ја прекинете диетата на гладување и неприродно хранење и ќе добиете неколку килограми повеќе отколку пред почетокот на диетата.
Да донесеме заклучок:
Што е во нашата потсвест? Дека сакаме да изгледаме убаво, но и дека сакаме да јадеме колку му е потребно на телото, дека не сакаме да гладуваме, дека не сакаме да броиме калории, дека сакаме да јадеме во било кој период од денот, кога за тоа ќе осетиме потреба, дека сакаме да јадеме вкусна храна, дека најпосле, а всушност пред сè, сакаме да бидеме здрави.
Вие пред сè морате да го прифатите научното тврдење дека не можете да живеете ако сте гладни и малаксани. Прифатете ја програмата која се базира на научни показатели за начинот на исхрана, метаболизмот и гладот како важен животен фактор.Тогаш, кој е начинот за постигнување на посакуваната цел – здравје и идеална телесна тежина? Дали всушност постои таква можност? Тоа е програма која ќе ви покаже како - никогаш повеќе гладни, но секогаш убави и со полно здравје. Тоа е програма за прекрасен изглед и полно здравје. Тоа е научната програма на 8-ка.
Мора да прифатите научна програма за таков начин на исхрана која намалувајќи ги килограмите на вашето тело, ќе го подобрува вашето здравје. Прифатете ја програмата која ќе ве доведе до физичка и психолошка трансформација. Само програма која се базира на научни сознанија, програма која се базира на медицински истражувања, може да ви ги открие начелата на здравиот животен стил, чии резултати ќе го оплеменат вашето физичко и ментално здравје. Само таквата програма е безбедна и здрава и само со таква програма можете да живеете до крајот на животот.
Едноставно, обратете и се на медицината.
За да се прифати програма која значи нов животен стил, треба да е таква програма која го олеснува човечкиот живот, програма која го зголемува задоволството од животот, програма која го чува нашето здравје, но и програма која ги задоволува сите природни потреби на нашето тело.
Оние кои мислат дека сето ова е невозможно, треба да знаат дека во нив постои потенцијал кој мора да го искористат и да му помогнат на своето тело да го доживее вистинското здравје, а истовремено да биде витко и да го врати својот природен и атрактивен изглед. Ако го изберете вистинскиот животен стил, само тогаш ќе ја откриете вистинската дарба од природата.
Изберете таков начин на исхрана за каков што е дизајнирано нашето тело. Тоа може да ви го открие медицината.
| < Пред | Следно > |
|---|







Коментари
pozdrav