АДИТИВИТЕ ВО ХРАНАТА ГО ОШТЕТУВААТ ЗДРАВЈЕТО НА ДЕТЕТО И ГО НАРУШУВААТ НЕГОВОТО ОДНЕСУВАЊЕ
Четврток, 09 Април 2009 15:21
Студијата, чии резултати се објавени во јуни 2004 година, во „Arhives of Internal Medicine“, покажа дека вештачките прехранбени бои и конзерванси кај 3-годишно дете, предизвикуваат хиперактивно однесување, кое го забележале неговите родители. Кога таквите супстанции биле отстранети од храната, имало значително посмирено однесување на децата. Но, кога децата повторно почнале да консумираат храна со овие адитиви, однесувањето станало поагресивно за период од три недели. Авторите на оваа студија сугерираат да се отстранат прехранбените бои и бензоати од храната на децата, со што хиперактивното однесување на децата би се подобрило.
Ако сакате да ги избегнете негативните ефекти од ваквата храна, тогаш едноставно не ја користете во вашето мени, а ориентирајте се кон природна и органска храна која не содржи никакви адитиви и конзерванси.
| < Пред | Следно > |
|---|






