НАЈДОБРАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ „СВИНСКИОТ“ ГРИП
Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Недела, 03 Мај 2009 15:21
Новата епидемија, односно пандемија, е уште една прилика, односно начин за контрола на човечкиот ум и контрола на физичкото присуство на човекот на оваа планета. Светот е зафатен од таканаречениот „свински“ (мексички) грип, или, како што СЗО го нарече, нов вирус на грип.
Во услови на светска паника и глобален страв од смртта, во услови кога напаѓачот е болест, избезуменоста и стравот заземаат централно место во светските случувања. Светот знае дека има опасен непријател спроти себе – смртоносен вирус.
Бројот на смртните случаи секојдневно расте. Светската здравствена организација вели дека се неизбежни милиони жртви. Секој од нас се прашува: „Дали и јас ќе бидам во оние кои ќе го напуштат овој свет?“
Веројатноста да се биде меѓу нив е голема, според предвидувањата на силни светски стручни лица и релевантни светски институции.
Дали сте помислиле колку перфидно е современото ропство? Се движиме слободно, не носиме синџири на нозете и на рацете, работиме „за себе и за својата фамилија“, а сепак сме робови. Чиј роб е денешниот човек? Дали робуваме на невидлив господар? Ако не ни се оковани нозете и рацете, тогаш каде носиме пранги...? Затоа што дефинитивно, денешниот човек е роб, најголем роб во историјата на човештвото...
Заробена е свеста, заробен е човечкиот ум, заробени се човечките чувства. Најмоќното оружје за да се воспостави таквото ропство е стравот. Ако го контролирате стравот кај човекот, го контролирате целиот човек. Човекот во дваесет и првиот век живее во постојан страв, страв од смртта. На исплашениот човек можете да му правите што сакате, да му понудите што сакате, да му продадете каков сакате лек, да му продадете каква сакате заштита од смртта, и покрај тоа што нема воопшто да ја гарантирате нејзината ефикасност.
Но сепак, и овој пат, како многу пати досега, реалната опасност е тука – смртоносен вирус на грип. Но, сетете се кој е оној кој може да ви ја пружи најголемата заштита од ваквите напаѓачи, кои патем се создадени најверојатно во големите светски лаборатории, каде се создаваат истовремено и „заштитните лекови“ против нив. Најголемата заштита ви ја дава вашиот природен одбранбен систем – вашиот имунитет.
Останете здрави и заштитете се не само од свинскиот грип, туку од какви било вируси - тоа е од најголемо значење сега за вас и за целиот свет. Меѓутоа, помогнете му на вашиот имунитет да ја заврши својата работа и да вè одбрани од напаѓачите. Совладајте го стравот и ослободете се од ропството, осознавајќи дека решението за тоа како да се одбраните е во вашите раце, а не во рацете на некој друг од чија милостина зависите. Отфрлете ја паниката како ваш најголем непријател и земете ја ситуацијата во свои раце:
Прво, алкализирајте го вашиот организам. Потребна е добра хидратација на организмот со „алкална вода“. Доколку немате алкализирачка машина за водата, повторно имате решение. Алкалноста можете да ја постигнете со консумирање на големи количини алкализирачка храна. Тоа е свеж зеленчук и овошје, како што е брокулата, морковите и сл.
Второ, одмарајте го вашето тело. Работете некоја од техниките на контрола на стрес, која најдобро можете да ја прифатите. Тоа ќе ви овозможи максимално ефективна циркулација на крвта во вашето тело, снабдување на сите ткива со потребното количество на кислород, добар сон и максимален одмор и опуштеност. Тоа е од исклучително значење за работата на единствениот и вистински бранител на вашето тело – вашиот сопствен имунитет.
Трето, обезбедете му на организмот доволно количество на витамин Д. И него можете да го добиете бесплатно, изложувајќи ги откриените делови од телото на природна сончева светлина. Нивото на витамин Д во крвта треба да е барем 50 мг/мл. Тие ќе бидат обезбедени ако се земат околу 2000 ИЕ од витаминот Д3 дневно. Тоа направете го бесплатно, во соработка со сонцето.
Четврто, обезбедете доволно количество на витамин Ц. Луѓето не складираат витамин Ц, па затоа треба да се обезбедат доволни количини од овој витамин, особено кога човекот е под стрес. Тоа е важен витамин во борбата со вирусите. Би требало да се обезбедуваат по 2000 мг дневно, и тоа најдобро преку природните извори на витаминот, како што е овошјето и зеленчукот.
Петто, обезбедeте му на организмот доволно количество и од витаминот А. Најдобро е кога и овој витамин се обезбедува преку неговите природни извори, зеленчукот и овошјето. Некаде се препорачуваат количини од 5000ИУ дневно, за период од 5 дена, во форма на капки раствор, што е лесно за земање, и за децата и за возрасните. Сепак, најдобра е неговата природна форма и природно пакување (плодовите), кои треба да бидат најважниот дел од вашата исхрана и вашиот животен стил.
НАУЧЕТЕ КОЈА Е АЛКАЛИЗИРАЧКА ХРАНА
Ако досега не сте знаеле, сега е краен момент да се запознаете со тоа која е алкализирачка храна. Тоа е важно за да сфатите зошто таа храна е важна за вас и вашето здравје, особено во овој период кога трагате по заштитата од опасниот грип.
Имено, организмот има потреба да биде слабо алкален, а тоа значи на скалата на киселост од 0 до 14, треба да е над бројот 7. Ако е под бројот 7, значи дека средината во организмот е кисела, а киселата средина е магнет за сите болести, па и за инфективните.
Алкализирачки зеленчук:
цвекло, лисја од цвекло, брокула, зелка, морков, карфиол, целер, краставица, модар патлиџан, лук, кељ, грашок, келераба, зелена салата, печурки, кромид, тиква, ротквици, спанаќ, домати, компир, алги, спирулина.
Алкализирачки овошја:
јаболко, банана, јагоди, диња, цреши, рибизла, смоква, цитрони, лимони, портокал, праска, кајсија, круша, ананас, лубеница.
Алкализирачки протеини:
бадеми, костени, просо, тофу, темпех.
Друга алкализирачка храна:
природен јаболков оцет, пчелин полен, зелени природни сокови (јаболко), сокови од свеж зеленчук, минерална вода, алкална антиоксидантна вода.
Ориентални алкализирачки зеленчуци:
маитаке, дајкон, шитаки, комбуха, нори, умебоши, вакаме.
Запамтете:
Вие не морате да внесувате исклучиво алкализирачка храна. Треба само да се осигурите дека од ваквата храна внесувате доволни количини. Човечкото тело е дизајнирано така што самото, преку својот метаболизам, ја постигнува слабо алкалната средина. За да остане телото здраво, телесните течности, кои чинат над 70% од неговиот состав, треба да бидат слабо алкални. Во таква средина не можат да делуваат патогените бактерии, вирусите и други патогени микроорганизми. Во таква средина вашиот имунoлошки систем работи беспрекорно.
| < Пред | Следно > |
|---|






