logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер

Како функционира Програмата на 8-КА


  • Програм Др Бибан и 8-КА
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • НАСКОРО:
    ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА
  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ЗА ПОТЕКЛОТО НА БОЛЕСТИТЕ

Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Вторник, 09 Јуни 2009 15:33

319
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(3 гласа, просек 4.00 од 5)

Заглавувањето на современата медицина во погрешната насока на третман и лекување на современите хронични болести, отвора многу прашања од медицинската историја кои не само што не треба да бидат занемарени, туку треба да бидат и сериозно ревидирани. За да се излечат успешно болестите, без разлика на тоа дали се работи за заразни, хронични дегенеративни, метаболни и др., мора да се знае нивното потекло. Доколку се лекува и се отстрани причината на болеста, организмот наполно ќе се излечи. Сè друго е само маскирање на болеста и лекување на последиците од неа, што не води до целосно опоравување на организмот. Дали медицината успева да ги согледа причините кои водат до настанувањето на болеста?

 

Уште во 1923 година била објавена книгата „Бешам или Пастер: изгубеното поглавје во историјата на биологијата“, од Етел Даглас Хјум. За истата тема пишувала и една друга книга, издадена во 1942 година: „Пастер: плагијатор, измамник, разнесена теоријата за микробите“.

Сето ова звучи многу неверојатно и збунувачки, посебно после цел век развиток на медицината која се базира на Пастеровата теорија за микробите.

Имено, овие книги зборуваат за конфронтацијата меѓу Антоан Бешам (1816 – 1908), професор на медицинскиот факултет и биохемичар, и Луј Пастер (1822 – 1885), хемичар, кој ја проучувал ферментацијата.

Се тврди дека иако самиот Пастер, пред крајот на својот живот, признал дека неговата теорија за микробите е погрешна. И покрај тоа, целата модерна биологија и медицина се засноваат токму на неговата теорија.

Имено, денес секоја инфективна болест се лекува со изолирање на инфектот (бактеријата, паразитот, вирусот) кој ја предизвикал болеста, и со негово уништување, главно со антибиотици, антимикротици и сл. Така, современата медицина се насочува кон барање и создавање на лекови кои ќе ги уништуваат поединечните микроорганизми кои ја предизвикуваат одредената болест. Благодарение на таквите лекови, искоренети се многу инфективни болести досега, како што се туберкулозата, сифилисот, дифтерија, колера и слично. Со откривање на вакцините, се стимулира имунитетот навремено да се одбрани од голем број вируси, како што е вирусот на големи сипаници, вирусот на грип, детска парализа и уште многу други.

Но, спроведувајќи ја таквата медицина, најголемиот број на доктори, медицинари, всушност се доведени во состојба воопшто да не размислуваат за тоа која е вистинската причина за болеста. Така, многу доктори воопшто не се прашуваат зошто на пример карциномот на грлото на матката би се спречувал со вакцина против ХПВ вирус...? Значи ли тоа дека „неинфективниот карцином“, како болест на современиот човек, е предизвикан од инфект, односно од вируси, за кои знаеме дека се пренесуваат од човек на човек? Зошто пак, исто така, ХПВ вирусот се наоѓа и кај девојчиња кои воопшто немале сексуални односи? Исто така, во поново време постојат теории дека и кај многу други хронични незаразни болести се откриваат различни вирус, како на пример кај мултиплата склероза, кај различни срцеви заболувања, па дури и кај артериосклерозата. Исто така, од каде сите овие нови вируси за кои до сега нема создадено вакцина, како што се ХИВ, птичјиот грип, новиот (свински) грип и уште многу други?

Како што се развива современата медицина, некако работите одат во сосема друг правец.

Значи, воопшто не е точно тврдењето дека инфективните болести се сè повеќе минато во медицината. Напротив, се чини дека и современата медицина треба многу повеќе да се занимава со теоријата на „инфектите“, или можеби треба да ја ревидира самата теорија за микробите, бидејќи според современите заболувања, микробите ниту биле, ниту ќе бидат „совладани“ на начин на кој се делува врз нив. Ланецот на создавање на нови и уште понови „инфекти“ не е пресечен, а се чини дека не може и воопшто да се зборува за можноста тој да се пресече. Ваквото тврдење се поткрепува со фактот дека скоро и да не постои болест каде микроорганизмите не се откриени. Од каде доаѓаат тие? Дали доаѓаат од земјата, од воздухот, од космосот ... или можеби ги создава самиот организам?

Токму таквата теорија дека микроорганизмите ги создава самиот организам, ја промовирал и ја поддржувал Антоа Бешам, за кого во текот на медицинските студии, ништо не се споменува. Имено, студентите на медицина воопшто немаат можност во текот на своето изучување на медицинската наука да се запознаат со неговите ставови, па макар и како ставови кои би биле претставени како сосема погрешни, но сепак биле дел од конфронтациите во периодот на создавањето на одредена теорија. Антоан Бешам тврдел дека сите микроорганизми доаѓаат од самите живи организми, особено од ткивото на крвта и дека се плеоморфни, односно имаат способност да го менуваат обликот, зависно од средината во која се наоѓаат, односно зависно од ПХ на средината, количеството на кислород, количеството на токсините, слободните радикали и слично. Така, доктор Бешам ја поставил теоријата на плеоморфизам според која вирусите поминуваат во бактерии, па во габички и обратно. Затоа, кога се одгледуваат во лабораторија под строго определени услови, тие се развиваат во точно определен облик, на пример, стрептококите се стрептококи. Но, ако се смени ПХ на средината на медиумот на кој растат, тој микроорганизам би се променил во нешто друго...?

Според теоријата на плеоморфизмот, телото на домаќинот е активен учесник во појавата на инфекциите и на инфективните болести, спротивно на теоријата дека телото на домаќинот е стерилна средина и дека е само пасивна жртва на делувањето на микробите.

За разлика од теоријата на плеоморфизам, теоријата на мономорфизам не може да објасни многу работи. На пример, отпорот на бактериите спрема некои антибиотици станува многу честа појава. Но, бактеријата не мутира во форма која е отпорна на антибиотикот, таа всушност се менува, односно се развива во сосема друга форма, го менува обликот (плеоморфизам). Мутацијата се одвива поретко, а плеоморфизмот се случува многу често.  

Според Бешам, а потоа и според германскиот научник Гинтер Ендерлајн (1935 година), сите микроорганизми потекнуваат од таканаречените протити (соматити – франц.), што претставуваат ситни протеински форми кои се наоѓаат во крвта на живите организми. Во одредени услови тие протити би требало, според оваа теорија, да се претворат во одредени микроорганизми кои би го „изеле“ пореметеното ткиво, па откога повеќе нема што „да се јаде“, тие повторно исчезнуваат, односно се претвораат во протити. Тоа е теорија на таканаречениот УРОБОРУС, што значи змија која самата себеси си ја јаде опашката. Тоа е древен запис за вечноста на животот. Живите организми се јадат себеси и повторно се обновуваат.

Протитите се секогаш присутни во организмите, за разлика од паразитите кои доаѓаат однадвор и со кои се заразуваме најчесто при нехигиена. Според основачите на оваа теорија, протитите се неуништливи честици. Со нив почнува и завршува животот.

Улогата на протитите во здравиот организам би била да бидат физиолошки посредници на нормалните метаболни процеси при исхраната. Кај болен (пореметен) организам, нивната улога би била да станат елементи на ферментација (вриење, односно попримитивна форма на исхрана), а кај мртов организам, тие би имале улога на посредници во гниење (потполна разградба на телото). Така, протитот по потреба би се претворал во вирус, бактерија, габичка, зависно дали треба да се предизвика ферментација или гниење. Според Пастер, овие микроорганизми кои предизвикуваат ферментација доаѓаат од воздухот, но според теоријата за постоењето на протити, ферментацијата започнува кога протитите од организмот ќе дојдат во допир со вода. Така, ако египетските мумии дојдат во допир со вода, ќе се „активираат“ протитите кои ќе предизвикаат распаѓање на трупот. Кога по излив на вулканската маса се уништи целиот жив свет во околината на вулканот, првите лишаи започнуваат да се јавуваат откога ќе се активираат протитите од уништените организми, по заврнување на дожд.

Значи, протитната теорија тврди дека микроорганизмите не се причина за болестите, туку тие се последица на болестите. Кога во организмот ќе се изменат условите од нормални во ненормални (ПХ – киселост, токсини, стрес и сл.), протитите се претвораат во вируси или бактерии или габички и слично, и започнуваат да ја „чистат околината“. Бидејќи и самите тие се организми, и тие вршат свој сопствен метаболизам и така создаваат продукти од својот метаболизам кои се кисели и кои уште повеќе ја закиселуваат средината, па и самите се штетни за „заразениот“ организам. Тие токсични метаболни продукти предизвикуваат воспаление, кое и понатаму ги предизвикува микроорганизмите на уште поголема активност и размножување, и магичниот круг се затвора. Така, микроорганизмот не е тој кој луѓето ги прави болни, туку продуктите од неговиот метаболизам. Но, тоа не значи дека микроорганизмите се причина, туку дека се последица на болеста. А причина за болестите се пореметениот метаболизам на организмот, предизвикан од неправилно однесување кон него, односно најпрво заради неправилен начин на исхрана, изложеност на токсини, хемикалии, стрес...

Д-р Ј.Х.Тилден, во 1926 година, во својата книга „Токсемија“, напиша:

„Болеста настанува кога ќе се блокира елиминацијата на отпадните продукти од метаболизмот. Нормалниот клеточен метаболизам создава отпадни продукти. Она што го нарекуваме болест, всушност претставува една криза на токсемија, кога телото се обидува да ги елиминира токсините кои настанале заради погрешен начин на живот или исхрана“.

Теоријата за протитите и нивното постоење како дел од животниот циклус е нешто што би го замислила секого, особено оние кои професионално се бават со медицинската наука. Многу работи кои досега се откриени во медицината, изиграле огромна улога во нејзиниот развиток и во промена на квалитетот на животот на човекот. Но, тоа не значи дека во медицинската наука не треба да се дозволат други научни пристапи кои би помогнале да се разрешат здравствените проблеми кои секојдневно се јавуваат кај современиот човек. Можеби е крајно време приматот на медицинската наука да се насочи кон менување на животните навики на луѓето, многу повеќе отколку кон производство на нови лекови.

Како и да е, кога било медицината ќе го заземе вистинскиот курс на движење, бидејќи ниту медицината, ниту економијата, а најмалку човечкиот живот, можат да бидат надвор од еквилибриумот на природата. А во еквилибриумот на природата, нема место за профитот направен врз уништувањето на човечките вредности. 

 

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

sava2

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.