ДАЛИ ВИРУСИТЕ НАВИСТИНА ПОСТОЈАТ?
Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер - 08.07.2009 Вторник, 14 Јули 2009 14:03
Во услови на невидена паника и страв од претстојната пандемија на новиот, или попознато „свинскиот грип“, во светот се јавуваат научници кои не само што ја негираат појавата на вистинска пандемија, туку негираат дека вирусот на грипот, и воопшто сите вируси, навистина постојат. Нивното размислување на прв поглед наликува на лудило, но секое „лудило“ крие своја вистина, која не треба да се занемари во услови на масовни светски појави и промени кои драстично влијаат врз животите на денешните луѓе. Ако се земе предвид фактот дека поголемиот дел од човештвото е заробеник на алчноста на 5% владетели со светот, ова тврдење на некои научници, дека вирусите воопшто не постојат, добива значење и заслужува внимание...
Имено, германскиот биолог и вирусолог, д-р Стефан Ланка, со години наназад тврди дека досега никој не изнел никаков доказ дека која било инфективна болест настанала од вируси. Тој понатаму тврди дека ниту еден вирус досега не е навистина изолиран. Дали овој светски познат научник е налудничав, или целиот свет живее во виртуелно познавање на науката...?
Д-р Стефан Ланка во јавноста излезе со своето тврдење за непостоењето на вирусот на сида, фамозниот ХИВ вирус. Д-р Ланка тврди дека вирусите воопшто не се живи суштества, туку дека тоа се многу мали протеински фрагменти, кои се „закачуваат“ за живата клетка. Вирусите дури и немаат способност да се репродуцираат.
„Вирусите не само што не можат да се убиваат со антибиотици, туку нив не може да ги убие ниту мајчиното млеко, ниту некои чаеви, ниту кој било препарат што се користи за „подигање на имунитетот“. Вирусите се отпорни на високи и на ниски температури, тие се многу помали од бактериите. Бактериите се единици на животни форми кои имаат свој метаболизам и имаат способност да ги исфрлаат продуктите од својот метаболизам, имаат свој животен период, се исцрпуваат, се множат преку „секс со ДНК“, и на тој начин се репродуцираат. Кога остаруваат, бактериите умираат. Наспроти нив, вирусот технички не е живо суштество. Вирусите немаат животен век и тие можат да бидат вечни“ – образложува во своето видување д-р Вилијам Вонг.
Со ваквите научни тврдења се продлабочува дилемата за потребата од постоење на вирусите во природата. Дали се тоа „творби“ на природата, создадени само за уништување на живите организми? Која е смислата на постоењето на вирусите? Целта на постоењето на вирусите, според д-р Ланка, е погрешно протoлкувана уште во 1960 година, кога науката подвлече дека во јадрото на клетките постои ДНК од која се создава РНК, која служи за пренос на информации од ДНК, за тоа кои и какви протеини треба да се создадат во клетката. Тајната на создавање на протеините е најголема тајна во светот на живите организми, и таа тајна ја знае само природата. Имено, при делбата на клетката, кога од една се создаваат две клетки, секоја нова клетка мора да добие информација за тоа кои и какви протеини и’ се потребни да се синтетизираат, и таа информација ја носи РНК, откако претходно ќе ја прочита информацијата од ДНК, која се наоѓа во малото јадро на клетката што се дели. Значи, ДНК е „книгата со информации“, која постојано е во „библиотеката“ (јадрото) на клетката, од која информациите може само да се копираат (транскрипција), но книгата никако не смее да излезе од библиотеката. Науката тврди дека РНК никогаш не се копира, туку се копира само ДНК, а РНК служи за да се изврши процесот на копирање на информацијата од ДНК.
Но, д-р Ланка тврди дека, според проучувањата кои тој ги направил во областа на морската биологија и нејзината еволуција, најпрво била создадена РНК, а од неа се создала ДНК (обратна транскрипција). Значи, книгата со информации – ДНК, морала некако претходно да биде напишана и внесена во „библиотеката“. Така, според него, секој од нашите гени, но и гените кај пониските видови, животни и растенија, се создал преку процесот на обратна транскрипција (копирање на информациите од РНК во ДНК).
Врз основа на таквото толкување, и врз основа на понатамошните истражувања до кои дошол, д-р Ланка заклучил дека обратната транскрипција е вообичаена за сите форми на живот, и дека, всушност, тоа е основа на функционирањето на сите живи организми. Д-р Ланка со време заклучил дека обратната транскрипција е механизмот за „поправка на хромозомската ДНК“.
Кога во 1970 година навистина била докажана обратната транскрипција, тоа не било доволно да се напуштат закоравените догми во науката дека не постои обратна транскрипција од РНК на ДНК. Така, она што тогаш било докажано, било наречено само „исклучок“ и било објаснето врз основа на постоењето на таканаречените „ретровируси“.
Ако се потсетиме на теоријата на д-р Антоан Бешам (број 14 на 8-КА), микроорганизмите, како што се вирусите, бактериите и габичките, не се причина, туку се последица на болеста, и тие се јавуваат кога во организмот се случуваат метаболитички дисбаланси и нарушувања, по што се создава разградно ткиво, па создадените микроорганизми вршат „рециклирање на мртвото ткиво“.
Според д-р Ланка, вирусите се неуништливи честички, кои всушност го одржуваат животот.
Во 1994 година, Ланка и неговите соработници успеале да го изолираат првиот вирус од морето:
„Тогаш успеавме да го изолираме првиот вирус од морето, во една морска алга. Доказот за првпат е публикуван во 1995 година, во научната публикација на Универзитетот во Констанца, согласно стандардите на природните науки. Вирусот којшто го изолиравме, се репродуцира себеси во алга, потоа може да ја напушти алгата и да формира друга алга од истата врста, без никаков негативен ефект, и тој вирус нема никаква врска со настанувањето на ниедна болест.
Таква биолошка структура, која би направила нешто негативно, сè уште се нема докажано. Основата на биолошкиот живот е заедништвото, симбиозата, и тука нема место за никаква војна и деструкција. Војната и деструкцијата во биолошкиот свет се само измислица на болните мозоци“ – објаснуваат д-р Ланка и соработниците.
Структурите кои се опишуваат како вируси, постојат во многу видови на бактерии и други прости организми и животни форми, слични на бактериите. Тоа се нарекува симбиоза или ендосимбиоза, која го создала денешниот човек, животните и растенијата.
Како што се митохондриите кај животните и човекот, хлоропластите кај растенијата, делови од клетките, односно органели вклучени во клеточниот метаболизам, така и вирусите се само делови од клетките. Но, за разлика од митохондриите и од хлоропластите, кои мораат да престојуваат во клетките и не смеат да ги напуштаат, вирусите се делови кои можат да ја напуштат клетката, бидејќи со тоа тие не ја нарушуваат метаболитичката функција на клетката. Вирусите се, значи, делови од клетката кои можат да ја напуштаат истата, и надвор од клетката да се насочуваат кон други клетки и да им помагаат во трансферот на составните и енергетските супстанции. Каква било друга активност на вирусите, до сега не е воочена.
„Сите вируси, чие постоење е успешно докажано, учествуваат во сложениот процес на меѓуклеточната и внатреклеточната размена на супстанции, и немаат никаква деструктивна улога. Во случај на болест, ниту во клетката, ниту во меѓуклеточниот простор, никогаш не е изолирана структура карактеристична за вируси. Тврдењето дека вирусот е причинител на болеста, претставува провидна измама и опасна лага која има тешки последици“ – објаснува д-р Ланка.
Дефинитивно, науката денес има бројни предизвици на кои мора да одговори. Со брзото поврзување на народите во светот, со брзата комуникацијата, луѓето од различни делови на светот, многу лесно доаѓаат во контакт. Тоа е причината за брзото ширење на инфекциите и појава на епидемии и пандемии.
Но, сите оние кои ја создаваат науката и оние кои „ја контролираат науката“, мораат да земат предвид уште еден многу важен факт, а тоа е дека не само „инфекциите“, туку и информациите, луѓето денес ги добиваат со молскавична брзина. Ако до пред педесетина години луѓето не биле запознаени со поинаквите пристапи на научните толкувања за потеклото на болестите, сега се создадени услови за таквите информации да излезат на виделина. Но, за жал, уште многу методи за замаглување на човечкиот ум и потиснување на човечката свест се во игра, и се применуваат за држење под контрола на повеќе од шест милијарди луѓе во светот. Стравот е еден од водечките методи за контрола на умот. Стравот на денешниот човек му се сервира во мали, но постојани, секојдневни дози, преку медиумите. Дозирањето се менува, зависно од потребите и желбите за постигнување на ефектот.
| < Пред | Следно > |
|---|








