ВАШЕТО ТЕЛО – КИСЕЛ РЕЗЕРВОАР?
Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Вторник, 21 Јули 2009 13:28
Затоа што ако сите луѓе на светот решат да ги сменат своите лоши навики, ќе настрада нечиј џеб. Ќе настрада џебот на оние кои продаваат храна која го убива човечкото тело, оние кои во борбата за профит ја загадуваат нашата вода, нашата земја, нашиот воздух.
Денис Мајер и Роберт Милер во својата книга „Новата Биологија“, тврдат дека изворот на многу болести кај човекот е преголемиот внес на протеини со храната кои имаат способност да го закиселат организмот толку многу, што ги нарушуваат неговите функции до степен на манифестација на некоја од тешките болести. Организмот се бори да ја неутрализира целата таа киселина во себеси, но киселоста многу често ги надминува капацитетите на организмот. Преголемата количина на кисели продукти кои не можат да се неутрализираат, се депонираат во ткивата на организмот, и тоа во сврзното ткиво, во мускулите. Ако нивото на „складирани киселини“ во овие ткива е големо, тогаш се јавува воспаление и болка.
„Фибромиалгија е болест на киселините“, објаснува д-р Роберт О. Јанг.
Врз основа на кисело-базниот баланс, почива здравото функционирање на човечкиот организам, заедно со сите животни форми кои се во него. Секое отстапување од нормалниот кисело-базен баланс води до создавање на нови животни форми.
Заговорниците на новата биологија која почива врз теоријата на плеоморфизмот (како што се Р. Јанг, Д. Мајерс и Р. Милер), тврдат дека извор на болестите е недоволно базната средина во организмот. Базната средина во организмот се обезбедува со внесување на таканаречените колоидни базни материи, односно минерали кои ги има во овошјето и во зеленчукот. Неорганските минерали човекот не ги прима директно, но затоа, за човекот тоа го прават растенијата кои овие минерали ги црпат од земјата.
Има периоди во текот на денот кога телесните течности се покисели или побазни. Така, според научникот Фридрих Сандер, меѓуклеточниот простор кој се нарекува уште и Пишингеров простор е најкисел околу два часот после полноќ. Ова се киселините кои се депонирани во телото и додека спиеме треба да се мобилизираат и да се исфрлат преку урината и потта изутрина.
Меѓуклеточниот простор е најалкален околу два часот попладне (после појадокот и ручекот), кога се создаваат бикарбонатите.
Кога имаме нормални услови на функционирање на организмот, во желудникот се создаваат сокови за варење на храната, односно се лачат хлороводородна киселина и натриум бикарбонат. Колку ќе се создаде хлороводородна киселина, толку се создаваат и молекули на натриум бикарбонат, кој претставува база.
Хлороводородната киселина останува во желудникот, додека натриум бикарбонатот оди во крвотокот до плунковните жлезди, жолчното ќесе, жлездите во пилорусот (кој претставува дел од желудникот), и до панкреасот. Тоа се таканаречени алкални жлезди во организмот, и во нив мора да има натриум бикарбонат. Преку крвотокот натриум бикарбонатот оди и до меѓуклеточниот простор каде се тврди дека се „складирани“ вишокот на киселини во организмот, кои ги неутрализира. Она што ќе остане од натриум бикарбонатот го „собираат“ црниот дроб, панкреасот и дванаесетпалачното црево. Ако во организмот не се внесе доволно алкална храна, и наместо неа се внесуваат многу протеини кои се разлагаат на јаки киселини, тогаш натриумбикарбонатот се потрошува многу брзо за неутрализирање на киселините во врзното ткиво и меѓуклеточниот простор, па затоа нема доволно за панкреасот, црниот дроб и дванаесетпалачното црево, па тие не лачат доволно ензими и сокови.
Бидејќи во организмот нема доволно од овие алкални сокови, тогаш желудникот би требало да создава многу повеќе хлороводородна киселина, за да се создаде доволно база. Во тој случај настануваат воспаленија на желудникот и улцери.
Така Мајерс, Милер и Јанг заклучуваат дека улцерациите на желудникот не се последица на преголема количина на желудочна киселина, туку на недостаток на базни елементи. Ако нема доволно база за да се исчисти дури и меѓуклеточниот простор од киселини, тогаш киселините остануваат тука долго време и тоа води до појава на дегенеративни болести. Тоа е состојба на таканаречената „латентна ацидоза“.
Нарушеното лачење на соковите за варење на храната доведува понатаму до „закиселување“ на цревата и до нивно нарушување, односно до воспаление. Доктор Антоан Бешам, кој ја постави теоријата спротивна на Пастеровата теорија за микроорганизмите, тврдеше дека микроорганизмите се создаваат во организмот како резултат на нарушената ацидобазна рамнотежа во него, и таа појава ја нарече дисбиоза. На пример кандида (многу честа габична инфекција) се развива онаму каде е нарушена ацидобазната рамнотежа. Габичките, но и другите микроорганизми, исто така се живи организми кои се хранат и исфрлаат отпадни продукти, кои од своја страна, дополнително ја закиселуваат средината, така што во целиот организам се одржува состојба на таканаречената латентна ацидоза. Значи, наместо да се разлага храната под дејство на хлороводородната киселина во желудникот, таа почнува да ферментира, а продукт од ферментацијата е алкохолот. Има луѓе кои заболеле од цироза на црниот дроб, а никогаш во животот не консумирале алкохол.
Токсините кои се создаваат од храната како резултат на ваквите процеси, се апсорбираат во крвта и циркулираат низ организмот. Организмот прави напори да се ослободи од ваквите токсини и прави сè за да го постигне тоа. Но, многу често интоксикацијата на организмот ја поминува границата на неговата способност за детоксикација, па токсините се трупаат во ткивата.
| < Пред | Следно > |
|---|








