ЛУТА БОЛКА ПОД СРЦЕТО
Напишано од 8ka Недела, 08 Ноември 2009 04:11
„Лута болка под срцето“ – така многумина ќе ја опишат болката што не дава да се земе здив, да се исправи телото, да се олабават вкочанетите раце околу половината. Тоа е болка од желудникот, од која страдаат милиони луѓе во светот.
На почетокот на дваесет и првиот век, докторите конечно почнаа да размислуваат конструктивно во однос на она што предизвикува стомачен улкус, или народски кажано, чир на желудникот. Така, медицината се фокусира на три области:
прво, создавање на киселини во желудникот;
второ, лековите (нестероидни антиинфламаторни лекови); и
трето, бактерии (Hialobakter Pilori).
Најверојатно тоа е така затоа што тоа се прави со лекови (антибиотици), за кои од фармацевтите секојдневно добиваат супер препораки и поттик за да ги препишуваат.
Би рeкла дека многу подобро ќе биде да се свртат малку кон причините за појава на оваа болест, впрочем, како што и секогаш препорачувам, кога во прашање се тераписките пристапи кон болестите. Бактеријата и не е некаква причина за болеста, туку повеќе таа е последица на болеста, па затоа не е ефективно кога болеста се третира од последиците, наместо од причините.
Бактеријата сигурно не предизвикала прекумерна кисела средина во желудникот, туку таа се појавила како резултат на таквата средина, која била предизвикана заради неправилниот начин на исхрана пред сè. Но, можеби некои доктори мислат дека бактеријата е инфект од надвор...? Ќе им поверувам ако покажат и докажат како дошло до „заразата“.
Дефинитивно, оние кои имаат проблеми со оваа болест мораат да се свртат кон отстранување на причините за појава на болеста. Најпрво, да се намали продукцијата на хиперкисела средина. Тоа ќе го постигнат ако го намалат внесот на храна која предизвикува прекумерна киселост. Тоа е протеинската храна (месо, млеко, јајца, риба).
Алкохолните пијалаци предизвикуваат прекумерно лачење на киселини во желудникот. Обичниот алкохол не е проблем овде, бидејќи алкохолот како алкохол не предизвикува зголемено лачење на киселини. Зголемено лачење на киселини предизвикуваат две други супстанции кои ги има во алкохолните пијалаци, а тоа се малеичната и сукциничната киселина. Меѓу различните типови на алкохолни пијалаци, спаѓа шампањското, кое предизвикува продукција на екстра киселини во желудникот, потоа виното, вишновицата, пивото.
Нестероидните антиинфламаторни лекови се група на лекови кои се употребувани од милиони луѓе во светот. Многу од нив одат „на слободна продажба“ по аптеките, но и да не е така, милиони лекарски рецепти се издаваат со препорака за земање на овие лекови. Најпопуларен е аспиринот. Овие лекови делуваат така што го блокираат дејството на некои хормони кои се нарекуваат простогландини и кои учествуваат во процесите на воспаленија и болка. Така, овие лекови ја намалуваат болката. Во последно време се прават лекови кои имаат способност да ја намалат болката, а истовремено да создадат „заштитна обвивка“ на желудочната слузница, со што ќе се избегне нејзиното оштетување. Но сепак, треба да се знае дека со намалување на болката не се лекува болеста, туку само се маскира, а таа и понатаму постои и го уништува организмот. Затоа, настојувајте да ја отстраните причината за болеста, ако сакате да се излекувате.
Еве неколку препораки:
Оштетувањето на желудочната слузница е резултат на дејството на она што се содржи во желудникот, а тоа е храна, пијалаци, лекови.
Растителната храна која е сиромашна со масти, а богата со растителни влакна, помага во обнова на желудочната слузница.
Некои луѓе треба да избегнуваат растителна храна, која исто така, предизвикува дразба на желудочната слузница (свеж кромид, зелена пиперка, ѓумбир, ротквици, овошни сокови, лути зачини).
Лутите зачини можат да ја иритираат желудочната слузница, но не предизвикуваат нејзино оштетување и појава на чир.
Да се избегнуваат високопротеинските продукти од животинско потекло.
Млекото и млечните производи ја зголемуваат киселоста во желудникот и го оддолжуваат лекувањето на истиот.
Да се избегнува вино и пиво.
Нестероидните антиинфламаторни лекови треба да се избегнуваат колку е можно повеќе.
Антибиотската терапија не треба да е меѓу првите форми на третман на улцерозната болест на желудникот.
Карфиолестите растенија, како зелка, брокула и слично, многу помагаат во лекување на болеста. Се препорачуваат дневни сокови од овие типови на зеленчук.
| < Пред | Следно > |
|---|








