logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва рецепти (видео)

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • ТВ ЕМИСИЈА
    „8-КА ЅВЕЗДИ“

    ПРЕМИЕРА :
    Од Понеделник до Петок
    08,30 ч.; 18,30 ч.; 22,30 ч.;
    РЕПРИЗА :
    Сабота - дел I - 22,30 ч.
    Недела - дел II - 22,30 ч.
    на SkyNet ТВ
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА
  • КНИГА :
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • ЦД :
    „ЧИ КУНГ АНТИ СТРЕС ПРОГРАМА“

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ОСТЕОПОРОЗА – СЛАБОСТ НА КОСКИТЕ ИЛИ СЛАБО ПОЗНАВАЊЕ НА БОЛЕСТА?

Напишано од 8ka Недела, 08 Ноември 2009 04:38

364
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(4 гласа, просек 5.00 од 5)

Остеопорозата е генерализирана болест на коскениот систем и се карактеризира со слабост на коскената маса, односно со губиток на коскеното ткиво, со што се намалува неговата цврстина. 8-КА во повеќе наврати пишуваше за оваа болест и за причините за нејзиното потекло, со цел на читателите да им ја доближи вистинската причина за појава на остеопорозата, така што секој оној кој се судрува со оваа болест, би можел да си помогне самиот себеси, и да му дозволи на својот организам да го обнови коскеното ткиво. До неодамна  (кога и преку ТВ емисија 8-ка тврдеше дека остеопорозата е болест на коските која се лекува), многу „стручњаци“, медицинари професионалци, тврдеа дека остеопорозата е неизлечива болест и дека таа единствено може донекаде да се „стопира“, ако болниот почне да применува соодветна таблетарна терапија. Во последно време, ставовите на „стручњаците“, барем спрема она што го тврдат при нивните гостувања по медиумите, полека се менуваат. Така, тие сега тврдат дека остеопорозата се лекува, но сепак, за нејзиното лекување препорачуваат лекови кои пациентот би требало да ги зема долго време, па и до крајот на животот.

8-КА и сега тврди дека остеопорозата е болест која се лекува, но не со лекови купени во аптека, туку со правилен начин на исхрана и со правилен животен стил воопшто ...

Да појасниме зошто ставот на 8-КА е дека остеопорозата се лекува само со правилен начин на исхрана и промени во животниот стил:

За да стане појасно, треба да напоменеме дека остеопорозата е болест на нарушен метаболизам, која може да биде заканувачка по здравјето и по животот на човекот. Кај болните од остеопороза, коските стануваат многу слаби и често се јавуваат фрактури, односно скршеници на истите, кои кај постарите луѓе многу често завршуваат со инвалидитет, па и со смрт. Честите скршеници на ’рбетните коски водат до искривување на ’рбетниот столб и нарушување на функцијата на внатрешните органи. Помеѓу четириесеттата и педесеттата година од животот оваа болест многу почесто се јавува кај жените отколку кај мажите. Во следните три декади од животот, коскената маса може да се редуцира дури и за 50%. Намаленото создавање на естрогени во периодот на менопауза е еден од факторите за појава на остеопорозата кај жените.

Вообичаената таблетарна терапија која пациентите ја добиваат, е надополнување на естрогени преку естрогенски таблети, кои се препишани од страна на гинекологот. Дополнително добиваат и терапија со калциум, флуориди, витамин Д и калцитонин – хормон кој се дава во вид на инјекција.

Но... дали знаете дека естрогенската терапија навистина го намалува губитокот на коскеното ткиво, но тоа го прави по многу висока цена? Цената не само што се плаќа со пари, за да се купат естрогенските таблети, туку таа се плаќа и со здравјето. Ова личи на работа на „недоветен“ мајстор кој едно поправа, а две расипува. Имено, оние кои земаат терапија со естрогени се со зголемен ризик од појава на карцином на матката. Жените кои земаат естрогенска терапија имаат за 14 пати поголем ризик да заболат од карцином на матка, а четири пати поголем ризик да заболат од карцином на дојка. Болестите на жолчката се четири пати почести кај жените кои земаат естрогенска терапија. Така, многу лекари додаваат прогестеронска терапија за да го намалат негативното дејство на естрогените, но прогестеронот пак од своја страна го намалува нивото на ХДЛ или таканаречениот добар холестерол и го зголемува нивото на триглицеридите. Така, кај овие пациентки се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Жените кои се на комбинирана естрогенско-прогестеронска терапија, имаат продолжено предменопаузално време, и истовремено, имаат потреба од постојани гинеколошки прегледи, со кои ќе се контролира активноста на маткината слузница. Тие жени се изложени на многу повеќе стрес, затоа што постојано мораат да бидат контролирани од страна на гинекологот, во очекување на негативните ефекти (карцином на матка, дојка) од дадената терапија.

Терапијата со калциум има сосема мал, или никаков ефект при лекување на остеопорозата. Имено, калциумот се апсорбира преку дигестивниот тракт, и тоа онолку колку на организмот му е потребен. Ниту едно испитување не потврди дека калциумот кој се додава како дополнителна терапија, оди како градбен елемент во коскеното ткиво.

Ефектите од терапијата со флуориди и со витамин Д исто така се под знак прашање. Дури флуоридите се покажаа како доста штетни по организмот, покажувајќи низа несакани ефекти.

Препораки на д-р Бибан:

Прекумерното внесување на протеини со храната, особено од животинско потекло, предизвикуваат промени во бубрежната активност, со што доаѓа до зголемен губиток на калциум со урината. Современиот начин на исхрана (храна богата со протеини), доведува до многу поголемо губење на калциумот отколку негова апсорпција, без разлика на тоа колкави количини на калциум се внесени со исхраната. Тоа е и причината зошто луѓето од развиениот свет многу повеќе страдаат од остеопороза, за разлика од посиромашните народи, чија храна не изобилува толку многу со животински протеини.

Неосновани се тврдењата на некои пациентки дека страдаат од остеопороза заради тоа што родиле три или повеќе деца или дека подолго време доеле. Во афричките племиња има мајки кои раѓаат и по повеќе од десет деца, и ги дојат исто така, а сепак немаат остеопороза. Тие живеат и многу посиромашен живот, па дури и не пијат никакво млеко, кое обично трудниците сакаат да го пијат во изобилство, за да „си ги заштитат коските“.

Од друга страна, Ескимите, кои заради условите во кои живеат, јадат претежно протеинска храна, со која внесуваат и по 2200 мг калциум дневно (коски од риба), имаат највисок степен на болни од остеопороза, за разлика од која било друга популација во светот.

Остеопорозата ќе се излечи како болест кога ќе се отстранат причините за неа. Тоа значи да се намали внесувањето на протеини со храната, особено на животинските протеини. Да се зголеми физичката активност на телото, односно да се изградат здрави животни навики воопшто. Можеби настанатите деформитети на коските нема да можат да се коригираат во значителна мерка, но сепак, цврстината на коската, односно нејзината минерализација, ќе се обнови.

Затоа, поминете на нископротеинска исхрана, избегнувајте го кафето и пијалаците богати со фосфати, применувајте умерена дневна физичка активност, и никогаш нема да бидете жртва на остеопорозата. Евтин начин на лекување, зарем не? И што е најважно, без несакани ефекти!

< Пред   Следно >

Коментари 

 
+1 # 05.05.2010 11:15
Верував 100% во сето ова, но кока мајка ми, која се жалеше на болка во лумбалниот предел, направи рентген, покрај дископатијата и спондилозата беше дијагностициран а и напредна форма на остеопороза.
Жената е вегетаријанец, од анималните протеини пие по некогаш наутро половина чаша млеко со кафе. Алкохол и цигари не земала никогаш во животот и редовно пешачи во природа...
Лекови никогаш не зема...еднаш годишно зема железо, поради слабата концентрација на железо во крвта и ретко се напива по некој аналгетик против евентуална главоболка.
Сево ова ги поткопува моите верувања во комплемантернат а медицина, на која иако доктор, многу и верував и ја препорачував.
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
 
+2 # 05.05.2010 22:20
8-KA не е проект кој ја промовира и ја препорачува комплементарнат а медицина. 8-КА препорачува практицирање на здрави животни навики во превенција на заболувањата и таканаречена Хипократ Медицина во лекување на болестите. Ако некој е вегетаријанец, не значи дека тоа е гаранција за секогаш полно здравје. Луѓето кои вистински здраво се хранат многу ретко, скоро никогаш немаат проблем со анемија, а уште помалку со остеопороза. Многу луѓе мислат дека здраво се хранат, но исто така многу луѓе не знаат која е вистински здрава храна. 8-КА во неколку наврати пишуваше на тема „Болни Вегетаријанци“ и тие навистина постојат, и обично таквите случаи се „користат“ во борбата против вегетаријанство то...
Како и да е, комплементарнат а медицина не треба да биде медицина на избор во лекување на пациентите, туку тоа треба да биде вистинската Хипократ Медицина, а таа е нешто сосема различно од комплементарнат а медицина.
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Сертифицираната органска храна ја користам :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

Sifu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

zepter

DrHauschka

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2011. Сите права се задржани.