logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва и видео записи

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • КНИГА:
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • Едномесечна обука за лекување со храна според „ПРОГРАМ Д-р БИБАН“
  • Еднодневни едукативни групни и поединечни средби
  • 10-дневен летен одмор 2010
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

РАКОТ НА ДОЈКА МОЖЕ СПОНТАНО ДА ИСЧЕЗНЕ?

Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Среда, 09 Декември 2009 20:34

377
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(0 гласа, просек 0 од 5)

Истражувањето кое беше направено во врска со ракот на дојка и чии резултати беа објавени во Archives of Internal Medicine, 24 Ноември 2008 година, од страна на  истражувачот Per-Henrik Zahl, покажаа, „...Некои од инвазивните карциноми на дојка кои биле откриени со мамографија, покажале спонтано исчезнување“.

Имено истражувачите нашле 22% почеста појава на карцином на дојка кај жените кои правеле мамографија секоја втора година, за време од 6 години, за разлика од оние жени кои правеле мамографија еднаш за тие 6 години (1909 жени наспроти 1564 жени на група од 100 000 жени).

 

Ако очекуваме, секој од овие откриени карциноми да продолжил да се развива, тогаш би требало после 6 години да се открие ист број на карциноми кај жените кои правеле редовна мамографија на секои две години и кај оние кои правеле еднаш мамографија во 6 години, наспроти добиениот резултат на помал број на карциноми кај оние жени кои правеле скрининг еднаш во 6 години. Заклучокот на истражувачите бил „...Се чини дека некои од карциномите кои се откриваат со чести мамографии, воопшто не би се развивале, односно спонтано би се повлекле и не би биле регистрирани кај жените кои се прегледуваат поретко, односно на 6 години.“

Како и да е, настрана од резултатите и заклучоците од оваа студија, спонтано повлекување на карциномите на дојка, без никаква терапија, постои и многу такви случаи се опишани во секојдневната пракса на лекарите. И не само на карциномите на дојка. Спонтано повлекување е забележано и кај карциномите на простата, мозок, бубрег, грлото на матка кај жени, дебело црево и сл.

Многу пациенти кај кои е дијагностициран карцином на дојка, па и на друг орган, се крајно депресивни и се чувствуваат безнадежно. Голем придонес за таквото сфаќање има општо прифатеното мислење за неизлечивоста на карциномите. Ваквото мислење е многу опасно кога е подржувано од самите доктори, затоа што безнадежноста и страдањето на пациентот е фактор за брзо пропаѓање на организмот по дознавање на дијагнозата. Пациентите имаат право да знаат дека дури и таканаречените напреднати форми на карциноми можат да бидат излечени и да завршат со таканаречената спонтана ремисија или исчезнување.

Она што е стопостотно сигурно е фактот дека повлекувањето на карциномите оди секогаш со напорите на пациентот да ги сменат своите деструктивни животни навики со здрави животни навики. Една од најсилните, најпродуктивните здрави животни навики е комплетна промена на начинот на исхрана, односно елиминирање на храната која „ја храни болеста“ со храна која го подига и го обновува имунитетот.

Така, доаѓа навистина до повлекување на болеста, состојба која е општо позната како спонтана ремисија на болеста или спонтано излекување.

Кога напорите но и средствата би се насочиле кон едукација на жените која е храната која треба да ја јадат како заштита од карциномот на дојка, многу посреќни жени би имало за разлика од онаа ситуација кога се организираат хуманитарни манифестации за подобрување на условите на лечење на болните кои примаат цитостатици.

 

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Актуелен број 25

  • aktuelen broj
    Архива на издадени броеви

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Флуорираното млеко за децата е :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

SiFu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни
членови и посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

gorska

zepter

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2010. Сите права се задржани.;