СО ЛАЖНА ПРЕВЕНЦИЈА ВО ВЕЧНАТА БОРБА ПРОТИВ КАРЦИНОМИТЕ
Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Среда, 10 Февруари 2010 21:10
Кога ќе се сугерира рано откривање на карциномот, тоа не е превенција на карциномот. Овде зборот ПРЕВЕНЦИЈА е искористен за да се промовира лажна заштита од болеста, затоа што раното откривање на болеста значи дека СИ БОЛЕН. Па сега, дали си малку или многу болен, тоа е релативна работа, во однос на фактот дека си болен.
8-КА во безброј обраќања досега напомнува дека превенција е кога на болеста нема да и се дозволи воопшто да се појави. Превенција од карцином, значи, не е РАНО ОТКРИВАЊЕ, туку НЕПОЈАВУВАЊЕ на карциномите.
Како ќе знаете дека работите на вистинска превенција на карциномите? Со тоа што ќе дознаете кои се причините кои водат до појава на карцином и ќе научите како да ги избегнете истите. Со отстранување на причините, болестите не само што се избегнуваат, туку и се лекуваат. Да, да, се лекуваат! Но, зошто карциномите и другите тешки болести се познати како болести кои „не се лекуваат“, и за кои најдобрата варијанта за спас е само нивното „рано откривање?“
Затоа што причините за нивното појавување се многу профитабилни за многу бизниси. Значи, за некои добро да заработат, луѓето тешко ги дознаваат вистинските факти.
Карциномот како и другите хронични болести се јавува како резултат на влијанието на многу фактори. Значи, тој се јавува како резултат на повеќе навики кои го градат вашиот животен стил. Тоа истовремено значи дека со промена на животниот стил, ќе може да се спасите од болеста. Истражувачите дури тврдат дека во нашиот организам секојдневно се создаваат карциномски клетки, кои имунолошкиот систем успешно ги совладува. Кога имунолошкиот систем нема да може да ги совлада таквите клетки, тогаш болеста се јавува во манифестна форма, и тогаш не тераат да трчаме по болници и да се испитуваме за „рано да сме ја откриеле манифестацијата на болеста“, зашто, наводно „ ќе можеле да не излекуваат“. Но, зошто да се лекуваме ако можеме да спречиме да се јави болеста?
Најважните причини кои се одговорни за појава на карциномите се храната, лошите навики како алкохолот, цигарите, и изложувањето на токсични хемикалии и зрачења. Потврдено е дека 60% од карциномите кои се јавуваат кај мажите и 40% од карциномите кои се јавуваат кај жените, се должат на храната богата со масти и протеини, а сиромашна со фибер, зеленчук и овошје. Највиновни масти за појава на карцином се мастите од животинско потекло и хидрогенизираните масти – маргарините. Само за потсетување, маргарините се евтина храна за широките народни маси, направени во фабрика, со многу евтин технолошки процес.
Високопротеинската храна предизвикува појава на голем број карциноми, исто така, а храната богата со прости шеќери се поврзува и со појава на карцином на дојка.Чадената, пресолената, презакиселената храна, исто така, придонесува за појава на карциномите, додека алкохолот е поттикнувач на развојот на веќе појавениот карцином.
Пестицидите и другите хемиски токсини се силни промотори на карциномските болести. Азбестот е силно поврзан со карциномот на бели дробови, а бензените со појава на леукемии и карциноми на коскената срж. Хлорираната вода за пиење е исто така канцер промотор, односно таа се поврзува со 15% од сите карциноми на ректумот и со 9% од карциномите на мочниот меур. Електромагнетските зрачења, исто така, водат до појава на карциноми.
Но запаметете, иако овде набројавме цела низа на причини за појава на карциноми, сите тие едноставно, можат да се избегнат или значително да се намали нивното влијание. Имено, околу 80 – 90% од сите карциноми се превенираат успешно, но, за тоа е потребно да се имаат вистинските информации, кои многу тешко јавно се пласираат, заради, како што напоменав, преголемото влијание и моќ на фармако-бизнисот и бизнисот со храна.
Ако, како логичен заклучок од горенапишаното, се наметне дека карциномите се избегнуваат со јадење на здрава храна, непушење и избегнување на пасивно пушење, како и избегнување на дејството на хемиски токсини и зрачења, тогаш многумина нема да знаат да преземат ништо конкретно, затоа што едукацијата за тоа како навистина да се постигне таков животен стил, ја нема во јавноста. На пример, забраната за пушење на јавни места, по ресторани и сл., е само обична фарса, затоа што од друга страна, тутунската индустрија е една од водечките земјоделски гранки, која се стимулира со владини субвенции од скоро секоја влада. Значи, „грижата“ за човечкото здравје е обична фарса. Исто така, избегнувањето на пестициди значи користење на земјоделски производи кои се одгледани по органски пат. Тоа во државава е практично научна фантастика. Најдобра препорака да ги избегнете штетните пестициди е самите да си одгледувате овошје и зеленчук, затоа што од мое лично искуство тврдам дека веќе не можете да му верувате на никого кој на пазар на тезга продава земјоделски продукти и „се колне“ дека не ги прскал со ништо. Дефинитивно, се работи за исклучително ниска свест кај луѓето за тоа кои се вистински штетните последици од користењето на ваквите препарати. Земјоделците, патем, не се свесни дека кога ги прскаат земјоделските производи, најпрво се трујат себеси, а потоа и другите на кои им ги продаваат производите. Но, и за нив најважни се парите, а дали тие пари ќе се дадат за лекови...па во моментот можеби не би требало да се мисли на тоа...Важно да се заработи.
Но, да продолжиме со едукацијата за вистинска превенција од карциноми. Имено, протеините за кои спомнав дека се одговорни, во голем процент, за појава на карциноми, се одбегнуваат со јадење на неживотинска храна. Со земање на неживотинска храна ќе го зголемите и количеството на фибер во храната, кој е еден од важните одбранбени фактори во борбата со карциномите.
Маргарините, шеќерите, алкохолот, скарата и другата слична храна ќе ја избегнете, ако не ја купувате.
За полесно да го поминете „транзициониот период“ од нездрав живот кон здрави животни навики, практикувајте ги во вашата кујна рецептите на 8-КА и ќе ги откриете вистинските здрави вкусови.
Стресот како причина за нервна напнатост, која исто така води до појава на карцином, се избегнува со практикување на антистрес техниките кои се дел од програмата „Д-р Бибан“. Но, мора да знаете дека никогаш, или многу тешко ќе постигнете антистрес ефект, доколку претходно не го смените начинот на исхрана. Дневните активности можат да бидат дел од здравите животни навики на секого. Тоа значи, да заборавите на мрзеливоста и инертноста, седењето од утро до вечер, затоа што токму таквите навики се тесно поврзани со карциномите на дебело црево и на дојка.
Вака изменетиот животен стил ќе ја синхронизира работата на имунолошкиот систем кој е единствената вистинска бариера за карциномските болести. Со вакви здрави животни навики се спречува појавата дури и на 90% од карциномите.
Но, што ако веќе имате карцином? Само смирено, не паничете. Тој карцином не се појавил вчера, па сега да реагирате толку испаничено и да донесувате брзоплети одлуки. Зборот „итно“ овде може да биде од значење само ако ИТНО почнете со промена на вашите животни навики. Карциномот се појавил со лошите навики и може да се победи со здрави животни навики. Но, за тоа е потребна вистинска едукација – кои се вистински здрави животни навики? Почнете да се едуцирате веднаш, не чекајте „итна ситуација“.
| < Пред | Следно > |
|---|





