logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва и видео записи

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • КНИГА:
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • Едномесечна обука за лекување со храна според „ПРОГРАМ Д-р БИБАН“
  • Еднодневни едукативни групни и поединечни средби
  • 10-дневен летен одмор 2010
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

КРВЕН ПРИТИСОК – АПСОЛУТНИ И РЕЛАТИВНИ ПАРИ

Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Недела, 28 Февруари 2010 20:26

381
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(4 гласа, просек 5.00 од 5)

 

Покачениот крвен притисок се поврзува со сериозни здравствени проблеми како што се срцевиот удар, мозочниот удар, бубрежната слабост и сл. Повеќето луѓе мислат дека покачениот крвен притисок е причината заради која доаѓа до оштетување на крвните садови и на органите. Всушност, вистината е сосема спротивна. Имено, покачувањето на крвниот притисок е всушност одговор на болниот организам – покачениот притисок е компензација на неможноста на кардиоваскуларниот систем да обезбеди адекватно снабдување со крв на сите органи и ткива. После повеќе години од консумирање на нездрава храна, крвните садови заболуваат од артериосклероза, така што ѕидовите на артериите стануваат задебелени, а крвта станува многу повискозна. Овие услови предизвикуваат намален проток на крвта заради зголемување на отпорот во крвните садови, што претставува чисто физички процес, како резултат на кој доаѓа до зголемување на крвниот притисок.

Најправилниот начин пациентот да се справи со оваа состојба е да се откаже од консумирањето на нездрава храна и да помине на здрав начин на исхрана и да применува умерени вежби. Многу пациенти кои ја практикувале исхраната на програмата „Д-р Бибан“, заради лекување на некои болести, како што се дебелината, гинеколошките болести, дијабетесот и сл., бележат стабилизирање на крвниот притисок и се ослободуваат од лековите за зголемен крвен притисок.

 

Но мора да се спомне дека ослободувањето од лековите кои претходно му биле препишани на пациентот мора да се направи постепено во текот на преминување на пациентот на здрав начин на исхрана, и сето тоа да се направи под директен надзор на доктор.

Има лекови за смалување на крвниот притисок кои делуваат на различен начин. Лековите се хемиски супстанции кои делуваат на начин на кој го стопираат делувањето на некои супстанции во телото, а со тоа ја блокираат и телесната реакција. На пример, бета-блокатори се група на лекови за намалување на крвниот притисок кои делуваат така што го блокираат дејството на адреналинот врз срцевиот мускул, потоа калциум-блокатори кои делуваат така што го спречуваат контрахирањето на ѕидовите на крвните садови. Постојат и лекови кои се наречени ангиотензин антагонисти, и тие го спречуваат делувањето на хормионот ангиотензин кој се лачи од натбубрежната жлезда и учествува во регулација на крвниот притисок. Постојат и лекови кои се наречени диуретици, а кои делуваат на ниво на електролити и вода, при што ја диктираат работата на бубрежниот систем.

Препишувањето на кој било од овие лекови во неургентни случаи треба да биде резултат на подолготрајно следење на состојбата на крвниот притисок на пациентот, и јас препорачувам тоа да биде, всушност, мерење на крвниот притисок, кое главно ќе се врши во домашни услови, со технички исправен апарат. Така пациентот треба да се обучи да го мери својот крвен притисок и тоа да го прави неколку пати во неделата, а резултатите кои ќе ги запишува да ги однесе кај својот матичен доктор. Да се донесе одлука пациентот да се стави на антихипертензивна терапија, таа треба да е добро издржана и претпазлива. Пред сè пациентот мора да биде комплетно информиран за тоа на што се должи состојбата со покачен крвен притисок кај него и да се едуцира како да постигне стабилност на крвниот притисок со промена на своите навики. На тој начин ќе дојде до значајно намалување на бројот на пациенти кои треба да бидат ставени на антихипертензивна таблетарна терапија, а со тоа ќе се намали и потребата од третирање на штетните последици од неа. Тоа дотолку повеќе што се знае дека ниту еден лек кој се препишува за намалување на крвниот притисок не е без манифестација на несакани последици и оштетување на одредени функции во организмот.

За жал денес, кога се зборува за делувањето на лековите, секогаш бенефициите кои би се очекувале од нивното препишување се толку многу потенцирани и претерано пофалени, со што нивното дејство се изедначува со „боговска моќ“. Тоа воопшто не изненадува, заради тоа што фармацевтските компании се доста добро обучени како да го претстават и да го изрекламираат својот производ, најпрво пред докторите, а потоа и пред пациентите. Така, тие компании знаат како добро да го сервираат она што сакаат да го проголтаат и докторите и пациентите, па и медиумите и медицинските списанија. На пример, еден од методите на рекламирање е кога не се споменува толку многу ефектот на намалување на крвниот притисок ако се земе лекот, туку се зборува за зачувување на животот на пациентот преку намалување на шансите за срцев или мозочен удар.

Исто така, кога се зборува за бенефитот од земање на лекот, тие користат термин „релативен бенефит“ а не „апсолутен бенефит“. На пример, ризикот од удар за пет години е петнаесет случаи на илјада пациенти нетретирани со лекови и девет случаи кај оние кои се третирани со лекови. Релативно намалување на ризикот од удар значи 15 минус 9, тоа е 6, што е 40% кога вкупното би било 15. Така излегува многу голем процент на корисност на лекот. Но апсолутниот бенефит е нешто многу поразлично. Апсолутниот бенефит е 6 луѓе од илјада третирани луѓе за период од пет години. Со други зборови, апсолутниот бенефит е еден човек на илјада луѓе годишно. Тоа значи многу пари и многу несакани ефекти кај многу луѓе за минимален резултат.

Која е пораката и за докторите и за пациентите? Направте сè за да избегнете потреба од земање на лекови. Не само антихипертензивни, туку и какви било. Со тоа ќе престанете да тргувате со своето здравје и ќе останете надвор од фармако-бизнисот. Таквата цел ќе ја постигнете многу лесно. Доволно е само да поминете на здрави животни навики, како што советува програмата „Д-р Бибан“ - да се храните здраво и вкусно, умерено да вежбате, со што ќе го обновите вашето тело и дух.

 

 

< Пред   Следно >
Додади коментар
JComments

Актуелен број 25

  • aktuelen broj
    Архива на издадени броеви

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Флуорираното млеко за децата е :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

SiFu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни
членови и посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

gorska

zepter

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2010. Сите права се задржани.;