logo
  • Д-р Јадранка Бибан спец. гинеколог-акушер
8-ка сведоштва и видео записи

Списание 8ка

  • Мојот Хипократ
  • Медицина
  • Наука
  • Боречка филозофија
  • Медитација
  • Семејството и исхраната
  • Вкусот на здравјето
  • Екологија
  • Останати написи

Следни настани

  • КНИГА:
    „ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ“
  • Едномесечна обука за лекување со храна според „ПРОГРАМ Д-р БИБАН“
  • Еднодневни едукативни групни и поединечни средби
  • 10-дневен летен одмор 2010
  • Вечерни дружења со
    Д-р Бибан и
    членовите на 8-КА

во потрага по вистината за нашите генерации

  • Насловна
  • Програма Д-р Бибан
  • Списание
  • Здружение
  • За нас

ТРИ БАЗИЧНИ ДИЕТИ ЗА ГУБЕЊЕ НА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА

Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Недела, 28 Февруари 2010 20:19

382
  •  
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
(5 гласа, просек 4.80 од 5)

 

Можете да слушнете, или да прочитате преку медиуми, списанија, или да добиете како совети од најразлични извори, илјадници видови на диети за слабеење. Сите тие видови на диети за слабеење се публикуваат секојдневно, и би се рекло дека токму тие го одбележаа времето на втората половина на минатиот век и почетокот на новиот век. Но, ако ги анализирате сите диети поединечно, ќе увидите дека сите тие можат да се поделат базично само во три групи, според начинот на делување. Да ги разгледаме поединечно:

 

 

ИЗГЛАДНУВАЊЕ НА ВАШАТА ДЕБЕЛИНА

Првата група на диети за слабеење се оние кои ви нудат гладување. Овие диети ви нудат методи како да гладувате. Така, според нив, вие ќе внесувате помалку храна, со тоа помалку калории, а како резултат на таквото гладување, ќе почнат да се топат наталожените масти. Многу едноставно, но сепак болно. Овие диети едноставно ви велат да не јадете. Во мојата пракса имам многу пациенти, особено млади девојки кои ја применуваат ваквата диета, која обично ја прочитале во списание за здравје и убавина, или ја слушнале како совет во салон за убавина. Но, не мора да е така. За ваквата диета секој има слушнато и најголем процент од луѓето ја испробале на себеси. Таквата диета едноставно е болна диета. Гладот и страдањето на организмот во текот на денот е основното обележје на спроведувањето на оваа диета. Крчењето на цревата и болките во стомакот, како и печењето на гладниот желудник се многу непријатно чувство, на кое многумина успеваат дури и да се навикнат, со цел да ја постигнат целта, односно да ги изгубат вишокот килограми. Она што како доктор можам со сигурност да ви го кажам е тоа дека терапиите кои ве прават да се чувствувате непријатно, се терапии кои имаат најмногу негативни ефекти и последици по здравјето. Така би требало да се сфатат и овие диети со гладување, а исто така и практиката го потврдува тоа. Имено, оние кои се подвргнале на вакви болни гладувања, подоцна се судираат со сериозни здравствени проблеми. Да не бидам погрешно сфатена: краткотрајни периоди на гладување навистина можат да бидат добри како терапии во лекување на некои акутни состојби, но вакви долготрајни гладувања се граничат со методи на мазохизам и затоа треба да се избегнуваат.

За жал, ваквите видови на диети многу често се препорачувани и од врвни медицински авторитети. На пример, советите да се примаат само по 500 или 1000 калории дневно. Исто така, често се советуваат и оперативни зафати за да се намали ресорпционата површина на цревниот тракт. Тоа е таканаречена хит операција на Запад, која ја применуваат актери, манекенки и други лица...

Како и да е, тоа се нездрави методи на слабеење кои се во спротивност со природните закони. А она што е во спротивност со природните закони, секогаш резултира со болест.

 

СОГОРУВАЊЕ НА ДЕБЕЛИНАТА

Втората група на диети за слабеење јас ја нарекувам „инквизициона“ група на диети. За жал, овој вид на диети многу често се препорачува и се применува од страна на луѓето кои имаат вишок на телесна тежина, незнаејќи дека токму оваа група на диети може да биде катастрофална по нивното здравје. Ова е група на диети која се крие зад изразот „можете да јадете колку сакате од вашата омилена храна“, а под поимот „омилена храна“ се подразбира месо, сирење, сланина, млеко, риба и сл. Забележувате дека тоа е храната која е неприродна за човечкиот организам, односно тоа е животинската мрсно-протеинска храна. Јаглехидратите ги нема или се сведени на минимум, што води до изгладнување на организмот, но и до нарушување на сите биохемиски процеси од кои зависи енергетскиот баланс на телото. Таквиот енергетски дисбаланс води до тешки заболувања, кои и онака потоа ќе ве ослабат, без да држите посебен вид диета.

Оние кои ги препорачуваат овие диети имаат тотално непознавање на човечкиот метаболизам. Човечкиот организам работи исклучиво на јаглехидрати кои се примаат со храната. Доколку нив ги нема во храната, тогаш се разградуваат мастите кои се наталожени и енергијата се користи од нив. Затоа при држење на овој вид диети навистина доаѓа до слабеење, но истовремено во организмот се создава состојба на кетоза која го потиснува апетитот, исто како кога сме болни. При оваа состојба, заедно со изгубениот апетит се губи и здравјето на коските, на срцето, бубрезите, зглобовите, црниот дроб, нервниот систем... Резултатите се остеопороза и болест на зглобовите, кардиоваскуларни болести, бубрежни болести, нервни нарушувања.

Ваквите диети се применуваат најчесто кај спортисти и се препорачани од крајно неписмени тренери. Многу често спортистите знаат да користат и протеински пијалаци, после што најчесто завршуваат предвреме со својата спортска кариера и започнуваат со својата болничка кариера...

 

СЛАБЕЕЊЕ СО ЗДРАВЕЕЊЕ НА МЕТАБОЛИЗМОТ

Трет начин на намалување на вишокот килограми е оној кој ви го претставувам во програмата „Д-р Бибан“ и кој се базира на неограничено јадење на храна природна за човекот. Тоа е храна која ги задоволува енергетските потреби на организмот во целост, го задоволува гладот и ги синхронизира биохемиските процеси. Токму таквата состојба води до слабеење и до оздравување на телото. Оваа исхрана се базира на  нискокалорични, немрсни прехранбени групи, кои се богати со јаглехидрати. Тоа е житарката, зеленчукот и овошјето, кои се консумираат во соодветни количини потребни за непречено функционирање на организмот. На овој принцип се базираат и некои други видови на диети, како што е макробиотичката диета, но сепак, во програмата „Д-р Бибан“ се запазува нормалното секојдневно функционирање на луѓето, што вклучува практична подготовка и комбинација на храната. Макробиотиката е исхрана која доаѓа од источните цивилизации и е навистина делотворна. Но, таа е многу тешка за спроведување кај повеќето луѓе на овие простори, затоа што е потребно познавање на источната филозофија за концептот „јин и јанг“. Морам да признам дека и јас внимавам да се задоволат тие принципи, но преку храната која е присутна на нашето поднебје. На пример, во источните предели главен дел од оброкот е интегралниот ориз, но на нашето поднебје тоа е житото, односно пченицата. Зеленчукот е обилно вклучен во исхраната на макробиотиката, но некои зеленчуци кои се основни кај нас, ги нема во неа. На пример, компирот, модриот патлиџан, црвените домати и пиперката кај нас се основен тип на зеленчук, додека во макробиотиката не се застапени.

Затоа, програмата „Д-р Бибан“ е прифатлива и лесно спроведлива за нашето подрачје. Истовремено со исхраната, според програмата „Д-р. Бибан“, се постигнуваат неколку крупни цели - се обновува здравјето и луѓето се ослободуваат од најголем број лекови, се намалуваат вишокот на килограми  и организмот се задржува на идеалната телесна тежина, што е еден од условите за правилно функционирање на физиолошките процеси. Храната која е застапена во програмата е достапна и лесно се набавува, а истовремено со консумирањето на таква храна се постигнуваат и позитивни економски ефекти, затоа што потрошувачката за храна се намалува (ова е поевтин начин на исхрана), но исто така, се намалуваат и трошоците за лекување, купување скапи лекови, рехабилитации, операции и слично. Затоа луѓето кои го пронајдоа вистинскиот пат до своето здравје, се секогаш добро расположени, духовно исполнети и богати.

< Пред   Следно >

Коментари 

 
-1 # Адријана 11.07.2010 10:53
Баш убав сајт може да се дојде до многу корисни информации.
Имам едно прашање ако може да ми одговори докторката или кој и да било што е поинформиран ке бидам благодарна :)
Ме интересира во врска со житариците,чита м многу контрадикторни мислења и незнам што е правилно дали да ги користам или не?Имам доста слушано дека се многу здравии во пирамидата за правилна исхрана се на прво место,но иста така многу велат дека се калорични.И стварно еве јас јадам редовно мусли,во 100 грама има над 400 калории што воопшто не е малку.Ако може некој покомпетентен да ми објасни за нив,а и за тоа дали има разлика мегу калориите на пример дали 400 калории од житарките се исто со 400 далории од чоколадо,знам дека едното е поздраво мегутоа дали има некоја разлика во однос на слабеењето,дали едните калории побрзо се согоруваат или слично.
Благодарам однапред :)
Одговори | Одговори со цитат | Цитирај
 
Освежи ја листата на коментари
Додади коментар
JComments

Актуелен број 25

  • aktuelen broj
    Архива на издадени броеви

Рецепти

  • Вкусот на здравјето

8ka Newsletter

  • newsletter

Анкета

Флуорираното млеко за децата е :
 

За членови

За добивање на месечен newsletter, зачленете се и најавете се:

Ја заборавивте вашата шифра?

Го заборавивте вашето корисничко име?

Уште не сте корисник? Зачленување Корисник

SiFu Predrag

Списание 8ка

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Статистика

Во моментов на сајтот имаме присутни
членови и посетители
8ка има вкупно регистрирани члена

Пријатели на 8kа

gorska

zepter

centar za joga

curaprox

8ka.com.mk © 2010. Сите права се задржани.;